Свет
Пресудите позаштитени од белите мечки

Судиите и теоретичарите разликуваат
коментирање на судските одлуки и искажување мислење за нив, а битно е и дали
тоа го прави власта или научните кругови, јавноста и медиумите
ЗАБРАНА ЗА КОМЕНТИРАЊЕ ИЛИ САМО РЕДОВЕН
ИЗГОВОР
Судиите и теоретичарите разликуваат
коментирање на судските одлуки и искажување мислење за нив, а битно е и дали
тоа го прави власта или научните кругови, јавноста и медиумите
Судските одлуки не се коментираат – тоа е најчестата фраза што се применува
кога јавноста или власта ќе изреагираат на некоја пресуда. Иако постојат
препораки во меѓународните конвенции од областа на судството за воздржување од
коментирање судски одлуки поради можно влијание врз третата власт, таа забрана
ја нема во ниту еден закон. Хелсиншкиот комитет смета дека демократско право е
судските одлуки да се коментираат јавно. Судиите и теоретичарите разликуваат
коментирање на судските одлуки и искажување мислење за нив. Битно е и дали тоа
го прави власта или научните кругови, јавноста и медиумите.
Последниот пример на повикување на забрана за коментирање на судските одлуки
беше во случајот со предвременото пуштање на слобода на балканскиот бос на
проституцијата Дилавер Бојку Леку, кому битолскиот Апелациски суд му даде
условен отпуст од затвор пет месеци пред завршувањето на казната. Премиерот
Никола Груевски изјави дека оваа одлука, најверојатно, била грешка.
Претседателот на судот, Кице Јузевски, реагира дека никој не смее да коментира
судски одлуки, освен повисок суд, кој може да изврши нивна ревизија.
– По Законот за судовите, како претседател немам право да ги преоценувам
судските одлуки и да кажам дали се исправни. Судските одлуки се јавни и
граѓаните може да ги коментираат – вели Јузевски.
Хелсиншкиот комитет смета дека коментарите, анализите и критиките на одлуките
што ги носи власта, меѓу кои и судската, се право на граѓаните.
– Судските одлуки може да се коментираат, но без навредување, омаловажување и
политичко или друг вид етикетирање на судиите што ги донедле и без оценување на
нивната стручност – вели претседателот на Врховниот суд, Дане Илиев.
Според него, треба да се избегнува коментирање на првостепените пресуди бидејќи
тие не се конечни и подлежат на „проверка“ од повисоките судови, па јавно
искажаното мислење може да влијае врз понатамошното одлучување.
– При поинакво искажано мислење судот треба да се брани со образложението за
својата одлука, а не да се затвора со изјави дека никој нема право да се меша –
вели тој.
Професорот по кривично право на Правниот факултет во Скопје, Гордан Калајџиев,
вели декавласта мора да ги почитува одлуките, како и да се коментираат тие.
– Едно е коментирање, а друго е нивно преиспитување со користење на полицијата.
Тоа е недозволиво – смета Калајџиев.
Долгогодишниот судија и поранешен претседател на скопскиот Апелациски суд, а
сега член на Судскиот совет, Вели Ведат, вели:
– Коментирањето подразбира анализа на фактите врз кои е донесена одлуката, а за
тоа е потребно стручно знаење. Во случајот со Бојку, на пример, треба да се
знае какво било мислењето на затворот во кој ја издржувал казната. Не треба да
се гледа каков бил човекот пред да влезе во затворот, туку како тој таму се
однесувал и да се предвиди како ќе се однесува кога ќе излезе – вели тој.
Од Бојку зависи дали ќе „долежи“
Одлуката за предвремено ослободување на Дилавер Бојку Леку од затвор не може да
биде сменета дури и да ја „обжали“ некој пред Врховниот суд. И во случај
Обвинителството да ја обжали оваа одлука и Врховниот суд да оцени дека
реакцијата е исправна, одлуката не може да се смени бидејќи е во корист на
осудениот. Случајот е идентичен со „Раштански Лозја“.
– Само ако Бојку ги прекрши правилата за условен отпуст, судот може да донесе
одлука тој повторно да биде вратен во затвор – велат правниците.
Натали Н.Сотировска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.
Свет
ЕУ лансира нова платформа за вработување работници надвор од Унијата

Базата на таленти на Европската Унија (ЕУ), платформа за вработување што ги здружува работодавачите со седиште во ЕУ и граѓаните на земјите што не се членки, влезе во понатамошни преговори со европските законодавци, објави денес истражувачкиот центар во Брисел „Институт Егмонт“.
Платформата, која колоквијално се нарекува Тиндер за баратели на работа, алудирајќи на популарната апликација за запознавање и поврзување на луѓе, се преплетува со неколку други иницијативи на ЕУ, што ја зголемуваат конкурентноста на земјата преку пазарот на трудот, според написите на медиумите во регионот.
Базата на таленти беше претставена како дел од Пакетот за мобилност на вештини и таленти и треба да им помогне на работодавачите да ги пополнат празните работни места, како и да го решат недостатокот на работни места во секторот, и да им помогне на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ да најдат работа на стандардизиран и предвидлив начин во земјите-членки на Унијата.
Работодавачите во ЕУ, тврдат дека имаат тешкотии во наоѓањето кандидати, особено во малите и средните претпријатија, а околу 74 проценти од нив изјавиле дека во моментов се соочуваат со недостаток на квалификувани работници на барем една позиција во нивната компанија.
Земји како Белгија, Италија и Холандија имаат проблем со вработувањето долго време, а тој се дуплираше во последните пет години.