Свет
Изгореа еден милион евра од стотина измамени граѓани

Кочанските сопружници Томе Филипов (50), наставник
по социологија во кочанското средно училиште „Ѓошо Викентиев“, и Лена Филипова,
сопственичка на менувачницата „Томчаки компани“ се осомничени дека измамиле 118
граѓани во големата пирамидална афера во Кочани.
Кочанските сопружници Томе Филипов (50), наставник
по социологија во кочанското средно училиште „Ѓошо Викентиев“, и Лена Филипова,
сопственичка на менувачницата „Томчаки компани“ се осомничени дека измамиле 118
граѓани во големата пирамидална афера во Кочани. Сопружниците се осомничени дека од 2000 до 2007 година
ги измамиле граѓаните за над 1 милион евра. Досега 118 граѓани пријавиле
во полиција дека се жртви на пирамидата, но се претпоставува дека бројот на
измамените ќе се зголеми. Измамени се жители на Кочани, но и на други градови
во источна Македонија кои во менувачницата „Томчаки компани“ „вложиле“ 983.000
евра, 62.800 американски долари, 10.100 австралиски долари, 8.600 швајцарски
франци и 145.000 денари.
СВР од Кочани вчера поднесе нова кривична пријава против Филипови, како и
посебен извештај од Основното јавно обвинителство за досегашната истрага.
Неизвесно е дали истражен судија од Основниот суд во Кочани ќе им одреди
притвор.
Според полицијата, Филипови, со цел да се стекнат со противправна имотна
корист, ги доведувале во заблуда оштетените граѓани на неколку начини. Тие им
ветувале месечни камати од еден до пет отсто за вложените пари, при што им
издавале документи со печат на „Томчаки компани“.
Осомничените склучувале и договори за позајмување, ветувале купување и размена
на девизи по поволен курс. На оштетените им тврделе дека трансакцијата ќе ја
извршат за неколку дена и ќе си ги добијат парите, но останале и без пари и без
ветените камати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
67 мртви во поплавите во Тексас, загина 21 дете

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во Тексас се искачи на најмалку 67 денес, вклучувајќи 21 дете, додека потрагата по девојчињата од летниот камп продолжува трет ден по ред.
Лари Леита, шерифот на округот Кер во регионот Тексас Хил Кантри, епицентарот на поплавите, изјави дека бројот на жртви се искачил на 59, вклучувајќи 21 дете.
Леита рече дека исчезнати се 11 девојчиња и водач на летниот камп во близина на реката Гвадалупе, која се излеа по обилните дождови во централен Тексас на Денот на независноста во петокот.
Другите жртви се од други области погодени од поплавите.
Службениците изјавија дека повеќе од 850 луѓе се спасени, вклучувајќи некои што се држеле за дрвја.
Федералната агенција за управување со вонредни состојби беше активирана денес и распореди спасувачи откако претседателот Доналд Трамп прогласи голема катастрофа, соопшти Министерството за внатрешна безбедност.
Хеликоптери и авиони на крајбрежната стража помагаат во потрагата и спасувањето, соопшти министерството.
Се очекуваат повеќе врнежи во областа во недела, а Националната метеоролошка служба издаде предупредување за ненадејни поплави за округот Кер.
Регион
Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.
Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.
Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.
Свет
Почнуваат преговорите меѓу Израел и Хамас

Катар денес ќе биде домаќин на нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас во обид да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, изјави за АФП палестински извор запознаен со преговорите.
„Медијаторите го информираа Хамас дека новата рунда индиректни преговори меѓу Хамас и Израел ќе почне оваа недела во Доха“, рече изворот, додавајќи дека делегација на палестинското исламистичко движење, предводена од Халил ал-Хаја, веќе е во Доха.
Израелската јавна телевизија објави дека израелската делегација ќе замине за Доха во раните попладневни часови. Овие преговори ќе бидат фокусирани на условите за можен договор за прекин на огнот, особено во врска со ослободувањето на заложниците во Газа и палестинските затвореници во Израел, според истиот извор.
Исламистичкото движење побара значителни испораки на хуманитарна помош на палестинските територии, додаде изворот, како и „гаранции за траен крај на војната“.
Хамас продолжува да бара повторно отворање на преминот Рафа на границата меѓу Појасот Газа и Египет, кој Израел го контролира од мај 2024 година, за да се овозможи евакуација на ранетите.
Според палестински извори запознаени со преговорите, предлогот доставен до Хамас вклучува 60-дневно примирје за време на кое движењето би ослободило 10 живи заложници, како и неколку тела на мртви затвореници, во замена за ослободување на Палестинците што ги држи Израел.
Хамас во петокот објави дека е подготвен „веднаш да започне“ преговори за американскиот предлог за прекин на огнот и дека го проследил „својот одговор“ до катарските и египетските посредници, без да даде детали.
Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера објави дека бил информиран за „промените што Хамас сака да ги направи во предлогот“ и дека ги смета за „неприфатливи“.
Индиректните преговори треба да продолжат пред средбата меѓу Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.
Канцеларијата на премиерот потврди за АФП дека Нетанјаху ќе отпатува за Соединетите Држави денес околу 17:00 часот по локално време.