Свет
Кривични пријави го тресат ректоратот
Ректорката
на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“, Виолета Пановска-Бошкоска,
и генералната секретарка на Универзитетот, Офелија Христовска, се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба
и фалсификувале деловни книги.
БИТОЛСКИ
УНИВЕРЗИТЕТ
Ректорката
на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“, Виолета Пановска-Бошкоска,
и генералната секретарка на Универзитетот, Офелија Христовска, се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба
и фалсификувале деловни книги. Полицијата ги доставила оперативните сознанија
за криминалот до битолското обвинителство. Кривична пријава за несовесно
работење во службата е поднесена и против Лорета Догришка, референ-
администраторка на Универзитетот.
Цела работа почнала на 18 јуни лани, кога Економскиот факултет објавил конкурс
за примање соработници асистенти по пет научни дисциплини. Според законската
процедура, кандидатите морале да поднесат реферати и тие да бидат објавени во
универзитетскиот билтен 15 дена пред изборот.
Рефератите на четворица пријавени кандидати пристигнале на 28 ноември. Петтиот
реферат изработен од ќерката на ректорката, Мери Бошкоска, која веќе работела
како асистентка на Економскиот факултет во Прилеп, бил доставен дополнително,
со пробиен рок, а на 25 декември било побарано да биде објавен во билтенот. Токму
поради тоа на 1 декември во универзитетскиот билтен не излегле во печат
четирите реферати на другите кандидати.
Ректорката и секретарката Христова, која е уредничка на билтенот, извршиле
притисок врз Дрогишка да направи фалсификат во деловодникот за прием и
испраќање на поштата. Полицијата откако направила проверка во печатницата „Киро
Дандаро“, каде што се печател билтенот, утврдила дека тој бил доставен на
коричење уште во ноември, но без четирите реферати. Поради тоа полицијата се
сомнева дека осомничените сакале да го доведат во заблуда просветниот
инспекторат дека рефератите не ги добиле навреме.
Рефератите на другите четворица кандидати не биле објавени ниту во следниот
билтен на 10 јануари годинава. Тоа било направено подоцна со анекс кон билтенот
на 29 јануари, односно откако истекол законскиот рок од шест месеци за
објавениот конкурс.
На ова се пожалиле четворицата кандидати, а конкурсот пропаднал.
Ректорката Пановска-Бошкоска претходно за „Дневник“ изјави дека нејзините деца
работат како асистенти на високообразовни институции поради тоа што биле
капацитети, а не поради нејзината ректорска функција.
(Ж.З.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

