Свет
На Тамбурковски ќе му се суди во отсуство
Тамбурковски е обвинет за злоупотреба
на службената должност бидејќи ги пречекорил неговите овластувања и го оштетил
МХК „Злетово“ за 21 милион денари и 61.000 долари
СЛУЧАЈ ВЕЛЕШКА ТОПИЛНИЦА
Тамбурковски е обвинет за злоупотреба
на службената должност бидејќи ги пречекорил неговите овластувања и го оштетил
МХК „Злетово“ за 21 милион денари и 61.000 долари
На поранешниот стечаен управник на велешката
Топилница, Владислав Тамбурковски, ќе му се суди во отсуство, а продолжението
на процесот е закажано за 10 мај во Основниот суд во Велес. Тамбурковски е
обвинет за злоупотреба на службената должност бидејќи ги пречекорил неговите
овластувања и го оштетил МХК “Злетово” за 21 милион денари и 61.000 долари.
Судијата Валентин Зафиров, по барање на заменикот-јавен обвинител Славица
Темелковски, прифати судењето на Тамбурковски да продолжи без обвинетиот.
Тамбурковски подолг период не и’ е достапен на македонската полиција, бидејќи,
наводно, бил на привремена работа во странство и патувал на релација Белград-
Софија.
Според писменото известување од Бирото за јавна безбедност, Владислав
Тамбурковски последен пат е регистриран на територијата на Македонија на 6
април минатата година. Тогаш обвинетиот со бугарски пасош и автомобил со
бугарски регистарски таблички ја напуштил земјава преку граничниот премин Деве
Баир.
Тамбурковски избегал од Македонија во 15 часот, иако истиот ден во 14.30
часот на главниот претрес во Основниот суд во Велес неговиот адвокат тврдеше
дека тој е во болница на одделението за пулмологија при Клиничкиот центар во
Скопје.
Обвинетиот во неколку претходни рочишта смени тројца адвокати, а неговиот
адвокат еднаш тврдеше дека Тамбурковски е згрижен во болница, иако подоцна со
документ од скопските клиники било утврдено дека на листата на пациенти никаде
не фигурира името на стечајниот управник.
Против Тамбурковски истовремено продолжува истрагата за друго кривично дело,
според која ексстечајниот управник склучил штетен договор со фирмата „Допинг“ и
ја оштетил топилницата за 30 милиони денари. Документацијата за делото ја
истражуваат вештите лица од Бирото за вештачење, по што ќе биде познато дали ќе
се подигне ново обвинение за Тамбурковски.
Петар Печков
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

