Свет
Девојче принудувано на проституција во тетовска „Вила Роса“
Одделот за организиран криминал на МВР поднесе кривична пријава за трговија
со луѓе против Јусуф Даути (38) од тетовското село Камењане бидејќи во неговата
пицеријата „Вила Роса“ на проституција била принудувана петнаесетгодишна
девојка од Куманово. Истражен судија на Даути му одредил 30-дневен притвор.
Одделот за организиран криминал на МВР поднесе кривична пријава за трговија
со луѓе против Јусуф Даути (38) од тетовското село Камењане бидејќи во неговата
пицеријата „Вила Роса“ на проституција била принудувана петнаесетгодишна
девојка од Куманово. Истражен судија на Даути му одредил 30-дневен притвор.
Полицијата неодамна изврши рација во пицеријата и во неа беше откриена и
малолетничката која работела како келнерка. Девојчето со закани по нејзиниот
живот било терано да дада сексуални услуги. Таа на крајот од февруари годинава
била продадена од Ш.Н., Џ.Н. и М.Н. на сопственикот на пицеријата. Во почетокот
девојката не била малтретирана и покрај сместувањето добивала дневница од 500
денари. Подоцна таа била принудувана да ги забавува гостите, а добивала и по 50
денари за секој пијалак нарачан од страна на гостите што ги придружувала. По
завршувањето на работното време, во договор меѓу газдата и гостите, со ќотек
таа била принудувана да се проституира. Сексуалните услуги ги давала во
објектите „Ата“ и „Били-9“ во Тетово. Девојката дала сексуални услуги на околу
стотина муштерии. Таа со фалсификуван пасош што и’ го извадил Даути, со
неговата сопруга и децата била однесена во Белград и во Нови Сад.
Полицијата викендов извршила рација во тетовските објекти „Кобра“, „Танго и
Кеш“, „Дашурие“ и „Европа“ од каде што се приведени четиринаесет девојки под
сомнение дека се жртви на трговија со луѓе. Од нив една е српска државјанка, а
13 се македонски државјанки. Шест од девојките се малолетни и заедно со
Србинката се сместени во Транзитниот центар во Скопје. Бројот на откриени
девојки-жртви на трговија со луѓе се искачи на педесетина во изминатиот месец.
(И.Ц.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.