Свет
Кардиологот Петревски осомничен за злоупотреба
Петревски ќе се врати наскоро и
непотребно се создава слика дека тој е бегалец, вели адвокатот Драган
Малиновски
НОВ СКАНДАЛ ВО ЗДРАВСТВОТО
Петревски ќе се врати наскоро и
непотребно се создава слика дека тој е бегалец, вели адвокатот Драган
Малиновски
Кардиологот Борче Петревски е осомничен дека ја злоупотребил службата и ја
оштетил Клиниката за кардиологија за 1,95 милион денари, во времето додека бил
директор, од 2004 до 2006 година. Истрагата утврдила дека парите од пациентите,
наместо во касата на Клиниката, завршиле во неговиот џеб. Бидејќи Петровски во
петокот не се јавил на распит во полиција, МВР вчера поднесе кривична пријава
за злоупотреба на службената положба и распиша интерна потрага по него. Се
дознава дека тој останал на Косово откако полицијата во минатата недела на
неговата домашна адреса доставила покана за распит во МВР на кој требало да се
појави во петокот. Неговиот адвокат Драган Малиновски вели дека непотребно се
создава слика дека неговиот клиент е бегалец.
– Петревски службено е излезен од земјава и кога ќе ги заврши обврските ќе се
врати во земјава, а тоа ќе биде наскоро. Непотребно се создава атмосфера на
тензии и заложби за спектакуларно апсење и слика дека Петревски е бегалец и
криминалец. Тој и досега интензивно соработувал со МВР и нема причина и натаму
да не го прави тоа – вели адвокатот Малиновски.
Во МВР велат дека против Петревски е распишана интерна потрага.
– До сите гранични премини и полициски станици во земјава е пуштено известување
дека доколку го забележат тој веднаш да биде приведен. Утврдено е дека тој ја
напуштил земјава на граничниот премин кон Косово и претпоставуваме дека се крие
таму. Со поднесувањето на кривичната пријава му препорачуваме на Основното
јавно обвинителство да побара од надлежниот истражен судија да му изрече
притвор оти осомничениот е недостапен. Доколку Судот оцени дека треба да биде
распишана потерница, тогаш МВР веднаш ќе распише – вели Иво Котевски, помошник-министер
за односи со јавноста во МВР.
Според МВР, Петревски им овозможил лекување на 12 државјани од Албанија и од
Косово без да им биде извршена законска уплата за лекувањето. Кај деветмина од
нив, интервенцијата и отпустот од Клиниката ја извршил осомничениот и за кои
постои медицинска документација, додека пак за двајца пациенти нема никаква
документација, иако нивните имиња биле евидентирани во книгата во салата за
интервенции. Од ова било утврдено дека Петровски за интервенциите зел 551.700
денари.
Истрагата утврдила дека осомничениот, заедно со веледрогеријата „Д-р Пановски“,
склучил договор за набавка на медицински помагала, меѓу кои и 100 стента од
германско производство, за кои пак осомничениот знаел дека нема да бидат
употребливи доколку немаат активна супстанција за обложување. Тој употребил 60
стента, од кои само 20 биле фабрички обложени, додека другите 40, наводно, биле
обложени со потребната супстанција што пријавениот ја набавил нелегално.
На 14 од останатите 40 стентови лани им истекол рокот за употреба. Пријавениот,
иако знаел дека дел од стентовите се неисправни, не извршил набавка и не
реагирал кај доставувачот за нецелосната испорака на стентовите. Со тоа тој ја
оштетил Клиниката за кардиологија за 1.398.600 денари.
Се дознава дека Петревски работи на Клиниката за кардиологија во Ѓаковица,
Косово. Тој на државата и’ должи 143.000 евра поради непријавен данок на имот,
поради што Управата за јавни приходи му поднесе решение. Петревски се’ уште не
докажал со чии пари ја изградил куќата на Водно која чини околу 2 милиона евра.
Даниела
Вељановска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Санчез: Трамп игра „руски рулет“ со животите на милиони луѓе
Шпанскиот премиер Педро Санчез повторно се спротивстави на нападите врз Иран што ги изведуваат САД и Израел, предупредувајќи дека со тие потези се „игра руски рулет со животите на милиони луѓе“.
Санчез се обрати откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со прекин на трговијата со Шпанија поради ставот на Мадрид за конфликтот.
„Така почнуваат големите катастрофи на човештвото. Не може да се игра руски рулет со судбината на милиони луѓе“, изјави Санчез во телевизиско обраќање.
Тензиите меѓу двата сојузника во НАТО се зголемија откако Санчез го осуди американско-израелското бомбардирање на Иран, нарекувајќи го непромислено и незаконско. Шпанија потоа забрани користење на американски авиони од поморските и воздушните бази во јужниот дел на земјата за напади врз Техеран.
Санчез порача дека светот не може да ги решава проблемите со конфликти и бомби и нагласи дека ставот на шпанската влада може да се сумира со зборовите „не за војна“.
„Нема да бидеме соучесници во нешто што е лошо за светот и спротивно на нашите вредности и интереси само за да избегнеме одмазда“, изјави шпанскиот премиер.
Тој потсети и на последиците од американската инвазија на Ирак во 2003 година, која доведе до пораст на тероризмот и на цените на енергијата, додавајќи дека причините и последиците од нападот врз Иран исто така се нејасни.
Шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес изјави за шпанската телевизија ТВЕ дека нападот врз Иран нема цел да воспостави демократија и нагласи дека Шпанија е суверена држава која одлуките ги носи во согласност со меѓународното право.
Свет
Советник на иранскиот лидер: Нема преговори со САД, ќе војуваме колку што сакаме
Иран нема намера да преговара со Соединетите Американски Држави и нема никакви контакти со Вашингтон, изјави за иранската државна телевизија Мохамад Мохбер, висок советник на покојниот врховен лидер на Иран.
Мохбер, кој претходно беше вршител на должноста претседател на Иран и прв потпретседател на државата, истакна дека Техеран нема доверба во САД.
„Немаме доверба во Американците и немаме никаква основа за преговори со нив“, изјави тој.
Додаде дека Иран е подготвен да ја продолжи војната „колку што долго сака“.
Свет
Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“
Европските официјални лица стравуваат дека американскиот фокус на конфликтот со Иран може да го намали вниманието и воената поддршка за Украина, што би можело да ја отежни нејзината одбрана од руските напади, објави бриселскиот „Политико“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека долготраен конфликт на Блискиот Исток може да го ограничи пристапот на Украина до американските системи за противвоздушна одбрана и други клучни ресурси.
Според официјални лица, САД веќе употребиле големи количини ракети и пресретнувачи во операциите против Иран, што може да влијае врз резервите на оружје во Европа и Украина.
Европските влади, кои немаат доволно резерви, се обидуваат да развијат сопствени воени капацитети и да продолжат да ја поддржуваат Украина, но тој процес може да трае со години. Зеленски изјави дека Украина ќе користи домашни ресурси и финансирање за да го надомести евентуалниот недостиг.
Кризата веќе влијае и врз плановите на Европската унија. Состанок поврзан со украинското членство, кој требало да се одржи на Кипар, бил одложен по напад со ирански дрон врз британска воздухопловна база на островот.
Во меѓувреме, САД и Израел извршија напади врз Иран, меѓу кои и ликвидацијата на врховниот лидер Али Хамнеи, што според проценките го ослабува Иран како снабдувач на руската воена опрема.
Украински официјални лица сметаат дека американските операции против Иран индиректно може да ѝ помогнат на Украина, бидејќи го намалуваат пристапот на Русија до ирански дронови и технологија.
Сепак, украински пратеници предупредуваат дека продолжената кампања на САД и Израел против Иран може да го забави напредокот на мировните преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

