Свет
Кардиологот Петровски доби и отказ во Клинички
Кардиологот Борче Петровски додека се наоѓа во
притвор, доби и отказно решение. Отказот му го подготви клиничката управа по
барање на Клиниката за кардиологија каде што и работи овој кардиолошки стручњак.
Кардиологот Борче Петровски додека се наоѓа во
притвор, доби и отказно решение. Отказот му го подготви клиничката управа по
барање на Клиниката за кардиологија каде што и работи овој кардиолошки стручњак.
Според објаснувањето од клиничката управа, д-р Петровски требал да се јави на
работа на 25 април, но и по три дена колку што дозволува законската регулатива,
тој не доставил потврда за оправдано отсуство. За ова била информирана
надлежната служба во клиничката управа, а барањето за отказ, објаснуваат
оттаму, нормално е да биде од Клиниката за кардиологија, зашто проф.д-р
Петровски и таму работел.
Отказот на проф. д-р Петровски завчера му бил доставен со брза пошта до
неговиот правен застапник. Адвокатот Малиновски потврди дека го добил отказното
решение, но не сака да коментира за него, зашто не е во тек со ова прашање,
бидејќи тој е ангажиран за кривичната постапка на Петровски. Но, откако ќе се
сретне со Петровски, Малиновски најави дека ќе излезе со конкретен став и за
отказното решение.
Од минатата недела Петровски е во 30 дневен притвор, по невидена хајка што се
водеше против него. Тој се товари за злоупотреба на службената должност, а
крвичната пријава му беше поднесена зоштододека бил директор на кардиологија,
се обвинува дека клниката ја оштетил за околу 32.000 евра. За ова дело беше
пуштена меѓународна потерница, за да ден потоа тој се пријави сам и беше фатен
при влез од Косово во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Професор од Киев: Нема знаци за мир во Украина
Професор од Институтот за меѓународни односи во Киев, Максим Камењецки, разговараше со Н1 за ситуацијата во Украина.
Максим Камењецки наведува дека настаните на фронтот се загрижувачки: „Со релативно нова тактика кога Русите се обидуваат да го направат она што го прават во Херсон, тие уништуваат град со цивили. Тие се обидуваат да ја пренесат оваа практика во други големи градови што не можат да ги освојат, во близина на фронтот каде што противракетните системи не се ефикасни – зборувам за Харков, Днепар, Запорожје, Одеса. Русите насочуваат балистички крстосувачки ракети кон градовите и таму е исклучително тешко. Изгледа доста драматично.“
„Володимир Зеленски рече дека ова е најтешката зима за Украина. Русите ќе го таргетираат енергетскиот сектор. Кога Русите ќе го погодат преносниот капацитет, дури и нуклеарните централи во западна Украина мора да бидат затворени бидејќи електричната енергија треба да се троши или да престане да се произведува. Русите чекаат температурите да паднат, тие се енормно високи за ова време од годината. Греењето е вклучено. Штом температурите паднат, Русите ќе се префрлат на централите што произведуваат топла вода за централно греење со цел да создадат невозможни услови за живот, тоа е нивната цел“, вели професорот.
На прашањето, дали има знаци за мир во Украина, тој одговори негативно.
„Досега нема. Нема такви знаци“, одговара професорот.
Свет
Дали Хутите конечно престанаа да напаѓаат бродови?
Јеменските бунтовници Хути сигнализираа дека ги прекинале нападите врз Израел и бродовите во Црвеното Море, додека во Појасот Газа се почитува кревкото примирје, објави АП.
Најјасниот сигнал за прекин на нападите дојде во писмото до Бригадите Ал-Касам на Хамас, објавено доцна синоќа.
„Внимателно ги следиме случувањата и изјавуваме дека ако непријателот продолжи со својата агресија врз Газа, ќе се вратиме на нашите воени операции длабоко во ционистичкиот ентитет и повторно ќе ја воведеме забраната за израелски бродови во Црвеното и Арапското Море“, се вели во писмото.
Сепак, Хутите официјално не потврдија дека нивната кампања во регионот е прекината.
Од крајот на 2023 година, Хутите извршија повеќе од сто напади врз трговски и товарни бродови, тврдејќи дека дејствуваат во поддршка на Палестинците во Газа. Бродови поврзани со западните земји и Израел исто така беа цел на напади, што ги прекина глобалните транспортни правци и ги зголеми трошоците за транспорт на стоки.
Соединетите Американски Држави и нивните сојузници постојано извршуваа воздушни напади врз позициите на Хутите во Јемен, а Вашингтон ја преименуваше групата во странска терористичка организација на почетокот на 2025 година.
фото: принтскрин
Европа
ФТ: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Фон дер Лајен
Европската комисија започна со создавање ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денес „Фајненшл тајмс“.
Единицата што ќе се формира во рамките на секретаријатот на Комисијата планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.
Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.
фото: принтскрин

