Свет
Со 300 незавршени тендери, војската кубури со храна и со униформи
Единиците на терен се жалат дека јадат
иста храна секој ден, а во една јадат само грашок од конзерва веќе цела недела
зашто нема свежи продукти, тврдат во АРМ
ПОРАДИ
НЕРАБОТЕЊЕТО НА СЕКТОРОТ ЗА ЛОГИСТИКА
Единиците на терен се жалат дека јадат
иста храна секој ден, а во една јадат само грашок од конзерва веќе цела недела
зашто нема свежи продукти, тврдат во АРМ
Министерството за одбрана води процедури за повеќе од 300 јавни наддавања,
кои се натрупале во последниве шест месеци поради неработење на Секторот за
логистика и недвижнини. Во Министерството велат дека не е реализиран ниеден
тендер од почетокот на аферата со оружјето продадено на фирма во Бугарија лани
во декември, за што е обвинет поранешен раководител на тој сектор. Војската
чека да завршат десетици постапки за набавка на храна, униформи, медицински
материјал, регистрација и одржување возила…
– Во последниов период се процесуирани повеќе од 300 тендери. Имавме закочување
во набавките, затоа беше сменет досегашниот раководител на секторот. Новиот
раководител веднаш почна со процедурите за набавки, но за нив има рок во кој
треба да заврши постапката според Законот за јавните набавки – изјави
портпаролот на Министерството за одбрана Захарија Вулгаракис.
Темпото на набавки на Министерството за одбрана запрело со аферата со оружјето
и апсењето на раководителот на логистиката Нелко Мелкиновски. Неговиот
наследник на функцијата, Љупчо Митковки, не спровел ниеден тендер, за што пред
неполн месец бил сменет. На сегашниот раководител Ристо Спасовски му останале
сите набавки за период од шест месеци, тврдат во Министерството.
Доцнењето на процедурата најмногу го чувствуваат војниците.
– Единиците што се на терен се жалат дека јадат иста храна секој ден. Во една
единица јадат само грашок од конзерва веќе цела недела, зашто нема свежи
продукти. Во неколку гарнизони јадат само „дрнч“, јадење од продукти што во
моментот се затекнале во кујната – тврдат во АРМ.
Војниците се жалат дека на терен и во мисии се носат излитени униформи, кои не
можат да ги заменат или затоа што нема во магацините или зашто не се купени
нови.
Во Генералштабот потврдуваат дека има проблем со набавките, но тврдат дека
состојбата не е толку лоша. Армискиот врв вели дека не ги коментираат поплаките
на сметка на јавните набавки, зашто за нив одговара Министерството за одбрана,
кое ветило дека брзо ќе ја реши ситуацијата.
– За тие набавки се предвидени пари, пари има, но се’ уште ги нема стоките што
војската ги бара. Годинава не е набавено речиси ништо. Ние известуваме за
потребите, но Министерството ги спроведува набавките – велат во Генералштабот.
Само во последниот месец одбраната распишала најмалку 14 тендери за храна и
десетина за лекови и медицински материјал. Не се завршени набавките на
униформи, опрема за заштита при работа, чорапи, чаршафи, перници, поправка на
телекомуникациска инфраструктура, телефони и телефакси. Одбраната чека и крај
на постапките за регистрација, осигурување и одржување возила, набавка на гуми и
масла, одржување на лифтовите во Воената болница, набавка на рендген-апарат,
клима-уреди, но и набавка на знамиња.
Црвенковски бара итно решение
Врховниот командант на вооружените сили, претседателот Бранко Црвенковски
вчера изрази загриженост од пропустите во логистиката во Министерството за
одбрана.
– Војниците и старешините се доведуваат во ситуација да се соочуваат со
проблеми со исхраната, униформите и друго. Во државниот буџет се предвидени
средства за тоа и се надевам дека во Министерството за одбрана тој проблем итно
ќе биде надминат – изјави претседателот Црвенковски, кој вчера присуствуваше на
воена вежба на полигонот Криволак.
(И.К.И.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

