Свет
Менкиновски тврди дека запленетото оружје е старо
Шест месеци сум без причина во затвор, а тоа остави длабоки последици во
мојот живот. Во полиција ми викаа дека сум шверцер на оружје и велеа „ носите
оружје за Албанците во Арачиново што потоа ги убиваат нашите деца.
Шест месеци сум без причина во затвор, а тоа остави длабоки последици во
мојот живот. Во полиција ми викаа дека сум шверцер на оружје и велеа „ носите
оружје за Албанците во Арачиново што потоа ги убиваат нашите деца. Не знам за
што сум обвинет, но не сум ја злоупотребил службената должност. Вака вчера се
бранеше раководителот на Секторот за логистика, Нелко Менкиновски, првообвинет
за аферата со армиското оружје што беше откриена лани во декември.
– Договорот за продажба на вишокот оружје беше склучен меѓу Министерството за
одбрана и МЗТ, а го потпиша тогашниот министер Јован Манасиевски. Комисијата за
процени утврди дека митралезите чинат по 300 долари. Извештајот од комисијата
го потпиша и министерот. Кога се сретнав со обвинетиот Митко Рафајловски, го
прашав дали тие вредат толку, а тој одговори „Ако мене ме прашате, пушките не
вредат ништо и ова е добра цена“ – изјави Менкиновски.
Тој рече дека оружјето било тестирано и како што наводно му кажал Рафајловски
„пушките пукаа како да фрлате ориз со рака“.
Менкиновски вчера тврдеше дека буџетот не е оштетен, туку напротив била
направена заштеда од 200.000 долари. Тој рече дека оружјето воопшто не било
ново.
– Оружјето е донација од САД и за него Министерството за одбрана не дало пари,
што значи дека не може тоа да биде оштетено. Митралезите се произведени во
осумдесеттите – рече обвинетиот.
За случајот се обвинети и советникот Виктор Раички, командантот на Командата за
логистика, полковник Илија Шкордовски, проценувачите на оружјето Владимир
Лазаров и Блажо Копачев, директорот на Специјална опрема при Металскиот завод
во Скопје – Глигор Стојанов, началникот на Одделението за снабдување и
транспорт во Г4 на Генералштабот на АРМ – Митко Рафајловски и началникот на
штабот на Командата за обука во Велес – Тони Поповски.
(А.М.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија има сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.