Контакт

Свет

Државен имот се продавал на каса-прими!

Објавено пред

Преку каса-прими на кои се уплаќале по 100 и 200 илјади евра се продавал

dobivaj vesti na viber

државен имот, односно имот кој е во сопственост на јавното претпријатие за

стопанисување со станбен и деловен простор, тврди Ивица Коневски, директорот на

ова претпријатие.

ЈПССДП

ОТКРИЛО ДОКАЗИ ЗА СКЛУЧЕНИ ДОГОВОРИ ЗА ПРОДАЖБА

Преку каса-прими на кои се уплаќале по 100 и 200 илјади евра се продавал

државен имот, односно имот кој е во сопственост на јавното претпријатие за

стопанисување со станбен и деловен простор, тврди Ивица Коневски, директорот на

ова претпријатие. Тој вели дека пронашле докази за склучени договори за

продажба или давање под закуп на простории што се во државна сопственост. Овој

имот, кој според процените на претпријатието вреди повеќе од 50 милиони евра,

се наоѓа на просторите на поранешна Југославија.

– Имотот не бил опфатен во процесот на приватизација. Откако згасна Агенцијата

за приватизација, повторно е вратен во сопственост на ЈПССДП. Сега активно

работиме на пронаоѓање на тој имот. Досега пронајдовме 135 деловни единици,

претставништва, влогови, удели, од кои 80 отсто се наоѓаат на атрактивни

локации во странство, со вкупна површина од 21.976 квадратни метри, како и влог

во друштво во Белград во чиј склоп е кат од деловна зграда со површина од 900

квадратни метри. Претпријатијата со општествен капитал, тогашните нивни

раководители пред приватизацијата биле должни да го пријават целиот имот со кои

располага претпријатието за да може да се процени неговата вредност и да се

спроведе процесот на приватизација. Во голем број случаи, а тоа се гледа и од

бројката на досегашните откриени имоти, овој имот не бил реално пријавуван –

објаснува директорот Коневски.

Тој се сомнева дека со ова, поранешните раководни лица на претпријатијата што

се приватизирале, сакале намерно да ја намалат проценетата вредност на

претпријатието.

– Допрва ќе треба да се открие дали намерата била деловниот простор да се

продаде и со тоа да се финансираат лични проекти за поевтино купување на

претпријатијата, со пари на претпријатието. Секојдневно доаѓаме до некакви каса

прими на 100 илјади или на 200 илјади евра, како да станува збор за продажба на

некои дребулии, а не на државен имот.

 Дали од ова ќе излезе некое не знам кое

по ред „бачило“ ќе покаже времето – вели Коневски и додаде дека засега не

открива други детали во интерес на истрагата. Тој додаде дека откако ќе ги

придобијат сите докази за сопственоста на имотот во странство, ќе се води

истражна постапка и на крај, имотот треба да се врати во државна сопственост,

односно во сопственост на ЈПССДП.

Нема повеќе

„местенки“ при јавните набавки

Нема да дозволиме да се прават разни малверзации и „местенки“ при јавните

набавки, па затоа компаниите мора да се натпреваруваат на пазарот како лојална

конкуренција, вели Коневски.

– Во јавноста има мислење дека сето она што е поврзано со јавните набавки

асоцира на мито, корупција или други злоупотреби. Такви малверзации отсега нема

веќе да проаѓаат. Тоа ќе го покаже начинот на кој работиме – тврди директорот

Коневски.

„Криминал“

и со обрасците!

Коневски открива дека претходното раководство на јавното претпријатие

непотребно трошело премногу пари за материјали за работа.

– Познато е дека стопанисуваме со граничните премини и со терминалите на

премините на кои се врши наплата. Притоа се користат т.н. препечатени обрасци

што ги добиваме преку јавна набавка. Во претходните години за оваа намена биле

трошени од 3,5 до пет милиони денари годишно, а денес за ова ни се потребни

еден милион денари. Сличен е и случајот со компјутерите, кои се поправале многу

често. За една поправка се давале пари со кои може да се купат три нови

компјутери – вели Коневски.

Социјалните

станови ќе се градат во јули

Првите 102 социјални стана од предвидените 1.000 ќе почнеме да ги градиме

идниот месец, најави Ивица Коневски, директорот на јавното претпријатие за

стопанисување станбен и деловен простор.

– Успеавме да ги запазиме роковите поставени со динамичниот план, кој е содржан

во владината програма за градење. Во текот на јули ќе почне изградбата на

првите 102 станови, а останатите се или во фаза на објавен тендер или во фаза

на проектирање. За овој голем инвестициски циклус се планирани околу седум

милиони евра – објасни Коневски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Орбан: Унгарија ќе ги зголеми трошоците за одбрана доколку војната во Украина продолжи

Објавено пред

Унгарија ќе мора да ги зголеми трошоците за одбрана и следната година доколку војната во Украина продолжи до 2025 година, со што ќе се намали износот на расположливите средства за други трошоци, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

dobivaj vesti na viber

Орбан изјави за државното радио дека доколку војната во Украина се пролонгира до 2025 година, нивоата на средства за одбрана на Унгарија за 2023 и 2024 година нема да бидат доволни и ќе мора да се зголемат, пренесува агенцијата МТИ. Орбан изјави дека е загрижен за иднината на Европа и дека унгарската влада нема да дозволи Унгарија да биде принудена да влезе во војна по трет пат, откако учествуваше во Првата и Втората светска војна.

Премиерот на Унгарија смета дека е потребно европско безбедносно решение во кое ќе биде вклучена Русија и дека американската воена индустрија најмногу профитирала од војната во Украина, откако САД испратија најголема воена помош во Киев.

„Нашето историско искуство со војната е дека можете само да изгубите. Колку сте поблиску до воената зона, толку е поголема цената што ја плаќате“, рече Орбан.

Унгарија значително ги зголеми одбранбените распределби минатата година на 2,43 отсто од БДП, што е над два отсто на кои се обврзаа членките на НАТО, наведува МТИ.

Прикажи повеќе...

Европа

Шефот на британската дипломатија: Украина има право да го користи нашето оружје во Русија

Објавено пред

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска вети три милијарди фунти (3,74 милијарди долари) годишна воена помош за Украина „колку што е потребно“ и додаде дека Лондон нема ништо против оружјето да се користи во Русија.

dobivaj vesti na viber

„Ќе даваме три милијарди фунти секоја година онолку колку што е потребно. Штотуку навистина исцрпивме се што можеме во однос на давање опрема“, изјави тој за Ројтерс во интервју за време на посетата на Киев, додавајќи дека пакетот помош е најголемиот од ОК до сега.

„Дел од таа (опрема) пристигнува во Украина денеска, додека јас сум тука“, рече тој.

Камерон рече дека Украина има право да користи оружје доставено од Лондон за да нападне цели во Русија и дека тоа зависи од Киев.

„Украина го има тоа право. Исто како што Русија напаѓа внатре во Украина, сосема е разбирливо зошто Украина чувствува потреба да се осигура дека е способна да се одбрани“, изјави Камерон за Ројтерс.

Камерон, кој го предводеше Обединетото Кралство од 2010 до 2016 година како премиер и се врати на политичкиот фронт пред само неколку месеци, се состана со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулебa и претседателот Володимир Зеленски во неговата втора посета на Киев како министер за надворешни работи.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Над 30 лица загинаа во поплавите во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати

Објавено пред

Повеќе од 30 лица загинаа во поплавите во јужен Бразил, 60 лица се водат како исчезнати, додека околу 15.000 жители се евакуирани.

dobivaj vesti na viber

Хидроелектрична брана во бразилската држава Рио Гранде до Сул се урна поради поплавите предизвикани од обилните дождови неколку дена, а најмалку 500.000 луѓе останаа без струја и чиста вода, јавува Би-би-си.

Во акцијата за пребарување и спасување беа вклучени и хеликоптери, а во некои населби жителите се качија на покривите на нивните поплавени домови.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва го посети поплавениот регион и вети помош од Владата на Бразил.

Гувернерот на државата Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите побара итна помош за луѓето во поплавените подрачја, а владата на таа држава прогласи вонредна состојба.

Метеоролозите најавија дека врнежите ќе продолжат во тој регион.

Повеќе од 30 луѓе загинаа минатата година во циклон во Рио Гранде до Сул.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија3 часа

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Регион4 часа

(Видео) Една година од масакрот во училиштето во Белград, беа убиени девет ученици и чуварот

Помина точно една година од трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко...

Македонија5 часа

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет6 часа

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа6 часа

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет6 часа

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија17 часа

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија22 часа

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија23 часа

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија24 часа

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија1 ден

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија1 ден

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија1 ден

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет1 ден

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет1 ден

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија1 ден

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет1 ден

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет1 ден

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...