Свет
Имате корупција, збунувачки закони и бавни судови
Корупцијата е присутна во царината, полицијата, здравството и во други сектори на јавната администрација. Постојаните промени на законите и на подзаконските прописи дополнително ја зголемуваат можноста за корупција, пишува во белата книга што Меѓународниот совет на инвеститори (ИЦИ) во Македонија прексиноќа му ја предаде на премиерот Владо Бучковски.
Корупцијата е присутна во царината, полицијата, здравството и во други сектори на јавната администрација. Постојаните промени на законите и на подзаконските прописи дополнително ја зголемуваат можноста за корупција, пишува во белата книга што Меѓународниот совет на инвеститори (ИЦИ) во Македонија прексиноќа му ја предаде на премиерот Владо Бучковски.
„Честите промени на законите не збунуваат и значително и пречат на нашата конкурентност на пазарите и ги зголемуваат нашите трошоци. Регистрацијата на фирма во земјава е премногу сложена. И покрај тоа што требаше да биде воведена реформа за да се скрати постапката и се да се заврши на еден шалтер, речиси ништо од тоа не е направено. Законските процедури се премногу сложени, не се јасни и им оставаат на чиновниците простор сами да ги толкуваат правилата и законите“, пишува во книгата напишана според искуствата на странските бизнисмени што работат во нашата земја.
Тие забележуваат дека е пребавна реформата на јавната администрација, за која оценуваат дека е една од областите во кои реформите најтешко се спроведуваат. Во извештајот пишува дека има многу докази дека во земјава недоволно се работи на подобрување на климата за водење бизнис затоа што има премногу административни пречки.
– Веруваме дека државата ќе ги интензивира напорите за подобрување на деловната клима во земјава, со што ќе обезбеди развој и економски напредок. Тоа ќе се постигне со комплетирање на легислативата што недостига, со подобрување на макро- и микроекономската политика во областите каде што се чини дека се неопходни такви подобрувања, но и со завршување на структурните реформи. Ја поддржуваме Владата да го забрза процесот на спроведување на реформите и спремни сме за ефикасна соработка со сите владини институции што се надлежни за регулирање на деловното работење – рече Аристид Влахос, претседателот на ИЦИ, во своето обраќање.
За судството странските бизнисмени велат дека мора брзо да се реформира и да се направат електронски бази на податоци со кои ќе се поврзат сите судови. Затоа препорачуваат ефикасни и брзи реформи и транспарентност во работата. За макроекономската политика ценат дека е успешна затоа што одржува стабилни услови, но велат дека Владата мора да создаде услови за зајакнување на банкарскиот сектор со тоа што ќе влезат странски инвестиции, кои ќе ги намалат каматните стапки.
Н.С.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

