Свет
Владата се повлекува од продажба на ХЕЦ
Под притисок на јавноста, на медиумите и по опомените и предупредувањата на Светска банка, македонската Влада се повлече од продажбата на големите хидроцентрали.
По големиот притисок на јавноста и критиките од Светска банка за моделот на продажба на ЕСМ
Под притисок на јавноста, на медиумите и по опомените и предупредувањата на Светска банка, македонската Влада се повлече од продажбата на големите хидроцентрали. Дали Владата навистина ја прими пораката на јавноста и го смени својот тврд став сў уште не може со сигурност да се тврди, но некои укажувања одат во прилог на тоа дека Владата се пишмани во еден дел од приватизацијата. Ова вчера за “Утрински” го потврди и Весна Борозан, член на владината Комисија за преобразба на ЕСМ
МАЈА ТОМИЌ
Под притисок на јавноста, на медиумите и по опомените и предупредувањата на Светска банка, македонската Влада се повлече од продажбата на големите хидроцентрали. Дали Владата навистина ја прими пораката на јавноста и го смени својот тврд став сў уште не може со сигурност да се тврди, но некои укажувања одат во прилог на тоа дека Владата се пишмани во еден дел од приватизацијата. Ова вчера за “Утринскиии го потврди и Весна Борозан, член на владината Комисија за преобразба на ЕСМ
“Ставот на Владата околу приватизацијата на ЕСМ е дека нема да се продаваат големите хидроцентралите, ниту нивната опрема ниту водниот потенцијал. Значи, според Законот за концесии, по примерот на малите хидроцентрали, ќе се даваат под концесија за одреден период. Во сите натамошни активности околу приватизацијата на ЕСМ, ќе бидат заштитени интересите на потрошувачите и ќе биде заштитено домашното производство на енергија, од сите извори, а со Светска банка ќе се постигне разбирање по ова прашање. Делот од писмото на Светска банка кое е објавено во печатот не претставува и конечен став на Банката, туку е извадено од контекст на дискусиите во врска со подготовките на владината стратегија за приватизцаија на ЕСМ, што Светската банка бара да ја погледа кога ќе биде завршена на крајот на мартти, изјави д-р Весна Борозан, член на владината Комисија за преобразба на ЕСМ. Ова е прв пат Владата да го каже својот став за продажбата на хироцентралите, во пакет со другите делови на ЕСМ, кој веројатно е изменет поради низата притисоци во јавноста од медиумите и од експертите околу претстојаната продажба на нашиот електроенергетски систем.
Светска банка уште пред еден месец им испрати на неколку владини министри и на членовите на Комисијата за приватизација на ЕСМ писмо во кое ги дава своите сугестии околу претстојната приватизација на нашето “Електростопанствоои. Тие досега го чуваа во тајност предупредувањето и не се огласија во јавноста околу својот став во врска со писмото, за кое јавноста дозна преку медиумите. Напротив, спротивно на транспарентноста која Владата ја пропагира во последниве денови, во што спаѓаше и средбата со сите главни и одговорни уредници на печатените и на електронските медиуми, целосно се затворија владините извори за какви било информации околу препораките на Светска банка. Без коментар за содржината на писмото вчера беа одговорните во Министерството за финансии, за економија, како и првиот човек на владината Комисија за приватизација на ЕСМ, кои ја префрлуваа топката едни на други околу тоа во чија надлежност е давањето информација за препораките на Светска банка.
Инаку, банката сугерира дека Македонија не треба да ги продава хидроцентралите, а термоцентралите и дистрибутивната мрежа треба да се продадат, не на еден, туку на неколку странски компании. Но, пред сў, за да се оствари тоа, потребно е да се изврши реструктурирање на компанијата и обезбедување услови за либерализација на пазарот на електрична енергија. Од оваа финансиска институција го критикуваат избраниот модел за приватизацијата на ЕСМ, компанијата да се продава во еден пакет, и сугерираат дека е потребно идната сопственичка структура на “Електростопанствоои да се формира зависно од сигналите на пазарот. Од банката бараат во сите натамошни активности да бидат вклучени како консултанти.
Во писмото, потпишано од Сандра Блуменкамп, претставничка на Светска банка во Македонија, стои дека хидроецентралите треба да останат во рацете на државата, за да може потрошувачите да имаат сигурност и поволности од користењето на евтина електрична енергија. Исто така, задржувањето на државната сопственост врз хидроцентралите ќе значи дека ќе може да се балансира цената на струјата и ќе се избегне опасноста од нејзино постојано зголемување.
Светска банка, всушност, ги поткрепува стравувањата кои ги искажаа многу домашни експерти дека продажбата на хидроцентралите ќе биде голема грешка за државата. Бидејќи, во недостиг од прецизна законска регулатива, странец ќе раководи со водите на сите наши вештачки и природни езера, кои се сега под режим на користење и во надлежност на ЕСМ. Според енергетските експерти, хидроцентралите се објекти кои временски и технолошки не застаруваат и за нив е евтино редовното одржување. Нивната ревитализација е неопходна на секои 30-ина години, а долгиот век го овозможува токму водата, како природен, обновлив ресурс. Производствената цена на еден киловат-час електрична енергија од една хидроцентрала е најниска, додека продажната цена на таа енергија е највисока, што значи дека не се прават загуби во производството, односно дека хидроцентралите се најпрофитабилни енергетски капацитети, сметаат стручњаците.
Писмото на Светска банка е адресирано до министерот за економија, Фатмир Бесими, до министерот за финансии, Никола Поповски, до Никола Черепналковски, претседателот на Комисијата за приватизација на ЕСМ и до нејзините членови, како и до неколку други членови вклучени во проектот за приватизација на ЕСМ, кои досега не ја известија јавноста за препораките на Светска банка. Повеќето од нив вчера не сакаа да дадат каков било коментар околу содржините на писмото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина го осуди притисокот од Унгарија и Словачка
Министерството за надворешни работи на Украина го осуди и отфрли, како што наведува, притисокот и ултиматумите од владите на Унгарија и Словачка поврзани со снабдувањето со енергија. Од Киев велат дека ваквите потези се провокативни и неодговорни, особено во момент кога Русија извршува масовни напади врз украинската енергетска инфраструктура.
Во соопштението се наведува дека заканите од Будимпешта и Братислава ја загрозуваат енергетската безбедност на целиот регион.
„Во услови кога Москва се обидува да им ги скрати струјата, греењето и гасот на Украинците оваа реторика му помага на агресорот и истовремено им штети на енергетските компании од Унгарија и Словачка“, се вели во соопштението.
Алтернативни начини на снабдување
Украина соопшти дека е во постојан контакт со Европската комисија за последиците од руските напади и дека им доставила информации на Унгарија и Словачка за оштетувањата на нафтоводот Дружба. Работите за стабилизирање на инфраструктурата продолжуваат и покрај постојаната закана од нови ракетни удари.
Киев, исто така, понудил алтернативни начини за снабдување со неруска нафта за Унгарија и Словачка.
„Украина секогаш била, е и ќе остане доверлив енергетски партнер на Европската унија и транзитна земја за енергенси“, се вели во соопштението.
Украина најави дека може да активира Механизам за рано предупредување предвиден со Договорот за асоцијација со ЕУ, поради како што велат, неоснованите закани.
Киев ги повика владите на Унгарија и Словачка на конструктивна соработка, истакнувајќи дека ултиматумите треба да се испраќаат до Кремљ, а не до Украина.
Закани од Словачка и Унгарија
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, порача дека ќе ја прекине итната испорака на електрична енергија за Украина ако Киев во рок од два дена не продолжи со испорака на руска нафта кон Словачка. Словачка, заедно со Унгарија, е една од ретките земји на ЕУ што сè уште зависи од руска нафта преку нафтоводот Дружба.
И унгарскиот премиер, Виктор Орбан, се закани дека Унгарија може да ја запре испораката на електрична енергија за Украина ако не се обнови транзитот на нафтата. „Ако тоа го запреме, може да се случат сериозни последици“, рече Орбан.
Прекин на испораката на нафта
Испораката на руска нафта преку нафтоводот Дружба е прекината од 27 јануари, откако според Украина, руски дрон нападнал опрема во западна Украина. Словачка и Унгарија во последните денови ја заострија својата реторика за продолжување на снабдувањето.
Од октомври минатата година, Русија го засилила нападите врз украинскиот енергетски систем, уништувајќи снабдување со струја и топлина. И покрај војната, Украина продолжува да дозволува користење на својот територија за извоз на руска енергија во Европа, иако таа е значително намалена.
Свет
Американски професор по право: Трамп ризикува нови тужби за најновите царини
Американскиот професор по право, Алан Б. Морисон, изјави дека би бил „шокиран“ ако не следуваат нови тужби против Доналд Трамп поради најновите глобални царини што американскиот претседател ги воведе за увоз во САД.
Морисон, професор на Правниот факултет на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, за Sky News изјави дека Трамп „се обидува да направи многу работи што според законот не може“.
„Вчера рече дека ќе воведе давачка од 10 отсто, денес е 15 отсто, утре може да биде 25 отсто“, истакна професорот.
Претходно Трамп порача дека новата глобална царина од 15 отсто за увоз стапува на сила веднаш и дека станува збор за максималната стапка што може да ја наметне според постојното законодавство.
Морисон предупреди дека претседателот има „страшна буџетска нерамнотежа“ и дека би можел да мора да врати околу 150 милијарди долари на увозниците, што би претставувало „голем проблем за него“. Парите се од претходно воведените царини кои Врховниот суд ги прогласил за незаконски, но Трамп инсистира дека нема да бидат вратени.
Професорот објасни дека Трамп можел да воведе нови царини преку други закони кои во одредени околности тоа дозволуваат, со цел да се обиде да надомести дел од загубите од претходните царини.
Свет
Трамп ги зголемува новите царини од 10 на 15%
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе глобални царини од 15%, продолжувајќи да се спротивставува на одлуката на Врховниот суд со која се укинати неговите претходни царини за увоз.
Трамп во петокот изјави дека ќе ги замени царините што ги укина судот со данок од 10% на сите стоки што влегуваат во САД.
Но, сега на „Truth Social“ тој објави дека ова ќе се зголеми на 15%.
Новите царини ќе стапат на сила во вторник, 24 февруари, и можат да останат на сила само околу пет месеци пред администрацијата да мора да побара одобрение од Конгресот.

