Свет
Судовите водат 800.000 спора зашто се корумпирани и исполитизирани
Во македонските судови се водат околу 800 илјади постапки за утврдување сопственички права, а повеќето од нив се спорови за прекршување акционерски права.
Во македонските судови се водат околу 800 илјади постапки за утврдување сопственички права, а повеќето од нив се спорови за прекршување акционерски права. Судовите се бавни и поради тоа се затрупани со предмети за судски спорови. Загрижувачко неефикасни се судските процеси за ненаплатени побарувања, што значително пречи во работата и во развојот на фирмите. Неефикасни и предолги се стечајните постапки.
Ова се заклучоци во белата книга на странски инвеститори во Македонија, која му беше дадена и на премиерот Владо Бучковски.
Во заклучоците пишува дека судовите немаат способен кадар и имаат слаби човечки ресурси, кои не се имуни на корупција и политичко влијание. Во делот за акционерството и корпоративното управување пишува дека најчесто менаџерите не се транспарентни затоа што нема доволно јавни податоци за финансиските состојби на компаниите, со што се загрозуваат правата на малите акционери. А за да се привлечат странски инвеститори, потребни се транспарентност и јакнење на корпоративното управување. И покрај тоа што имаше силна кампања за правна заштита на акционерите и нова законска регулатива, тие правила многу тешко се применуваат.
Што се однесува до развојот на фирмите, мора да се каже дека има менаџери што вложуваат во нови технологии, едукација на вработени, но тоа се малобројни примери. Во глобала, нивото на економски растеж е ниско затоа што малку компании вложуваат во својот развој.
Во белата книга на странските инвеститори пишува дека многу проблеми во земјава има и со утврдување на сопственоста врз земјиштето, што им создава дополнителни проблеми на лицата или на фирмите што сакаат да вложат во Македонија.
Како што „Време“ веќе пишуваше, странските инвеститори во книгата пишуваат дека има корупција и во царината, во здравството и во други сектори на јавната администрација.
Тие се жалат на честото менување на законските и подзаконските прописи во земјава што за нив претставува несигурност и зголемување на трошоците.
(продолжува)
Н. С.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

