Свет
Непосредните спогодби ни изедоа 34 милиони евра
Државата загуби 34,4 милиони евра од непосредни спогодби на Владата, која десет пати поевтино од реалната пазарна цена во последниве три години продаде 86.450 квадратни метри државно неизградено градежно земјиште.
Никола Стојанов
Државата загуби 34,4 милиони евра од непосредни спогодби на Владата, која десет пати поевтино од реалната пазарна цена во последниве три години продаде 86.450 квадратни метри државно неизградено градежно земјиште. Помалку пари како кредит Владата побарува од Меѓународниот монетарен фонд во кредитниот аранжман за поддршка на реформи што сака да го склучи во септември.
За потсетување, за изградба на Дијагностички центар за болничко лекување, за чија изградба чекаме 15 години и постојано нема пари, се потребни околу 5 милиони евра. Со парите што ги загубивме заради непосредните спогодби можеа да се купат скенери за длабинско снимање и компјутерска томографија, апарати за коронарографија (за дијагноза на срцеви болести), мамогафи за откривање карцином на дојка и потрошен материјал за снимањата за пет години однапред. Сега овие апарати на Клиничкиот центар или не работат или болните чекаат на ред за снимање со месеци. Освен тоа, ќе останеа пари за доизградба на новата Гинекологија во Клиничкиот центар во Скопје и за изградба на Центар за хемодијализа за бубрежноболни, кои сега мора да патуваат на лечење дури во Струга.
Од продажбите на градежните парцели на американската амбасада на Кале, на турскиот бизнисмен Рахми Коч кај Старата железничка станица, и на падините на Водно на болницата Мала богородица, ЦДМ Комин и на кошаркарот Петар Наумоски, Владата наплатила 3.549.000 евра. За тие пари по пазарните цени не може да се купат ниту 50.000 квадратни метри ливади во градежен атар на скопското село Сопиште.
По пазарните цени по кои се продава земјиште во центарот на Скопје, на Калето и на падините на Водно државата во буџетот можела да инкасира 37.935.000 евра. Коч доби 20.000 квадратни метри во центарот на Скопје по цена од 25 евра за квадратен метар. За споредба, за таква локација наспроти НБРМ (Народната банка), грчката компанија „Веропулос“ вчера плати 510 евра за квадратен метар. Кошаркарот Пеце Наумовски, Орце Камчев, газдата на „Мала Богородица“ и непозната фирма „ЦДМ Комин“ на тројца ортаци на падините на Водно платија по 25 евра за квадратен метар. Скопските агенции за недвижнини на локации во тој реон на Водно продаваат градежни парцели по 250 евра за квадратен метар.
Американската амбасада купи 44.900 квадратни метри во реонот Градиште на скопското Кале по цена од 56,2 евра за квадратен метар. Во тој реон приватни сопственици продаваат градежно неизградено земјиште по цена од 400 до 500 евра за квадратен метар.
Продажбите Владата ги правда со уредба што ја усвоила кон крајот на 2001 година. Цената тогаш ја формирале и ја предложиле надлежните служби на јавното претпријатие за стопанисување станбен и деловен простор и на Министерството за транспорт и врски. Потоа Владата ја усвоила и ја објавила во „Службен весник“ и тоа е цената по која државата го продава своето градежно неизградено земјиште. Бучковски досега не најавил укинување на уредбата. Таа дава можност „неизграденото градежно земјиште да купи мешовита домашно-странска фирма, која има инвестициски план што е одобрен од министерот за транспорт и врски“. Неа за продажби „во четири очи“ ја користеа поранешните премиери Георгиевски, Црвенковски, Костов, а има најави дека ќе ја искористи и Бучковски, за продажба на локации на „Лукоил“ и на словенечки „Туш“.
БУЧКОВСКИ: НЕПОСРЕДНИТЕ СПОГОДБИ СЕ СТРАТЕГИСКИ
Премиерот Владо Бучковски нема намера да ретерира од склучувањето на непосредните спогодби и смета дека мотивите за нив се доволно убедливи за да може да ги образложи во дополнителниот прашалникот од Брисел.
– Владата на Македонија е подготвена да ги влече потезите што се од стратегиски интерес, не сметајќи дека секогаш тие ќе наидуваат на одобрување од јавноста – изјави Бучковски минатата недела за „Утрински весник“.
Тој смета дека договорите со „Сименс“ и „Лукоил“ ќе ја подобрат бизнис-климата во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

