Свет
Паркот пред охридски „Палас“ стана објект
Министерството за финансии одби да им го врати паркот пред охридскиот хотел „Палас“ на наследниците на денационализиран имот затоа што за Комисијата за денационализација тоа бил „објект во состав на хотелот „Палас“ „.
Никола Стојанов
Министерството за финансии одби да им го врати паркот пред охридскиот хотел „Палас“ на наследниците на денационализиран имот затоа што за Комисијата за денационализација тоа бил „објект во состав на хотелот „Палас“ „.
Станува збор за 500 квадратни метри градежно неизградено земјиште на атрактивна локација на кејот пред Охридско Езеро, чија пазарна цена преминува 500 евра за квадратен метар. За тоа земјиште Маја Панаџиева, претседателката на Комисијата за денационализација за Охрид, четири години откако го поднеле барањето за денационализација, на трите скопски семејства наследници на имотот им понудила обесштетување од 2.000 денари (помалку од 35 евра) за квадратен метар.
Парнаџиева одбила да го врати неизграденото градежно земјиште, иако знаела дека земјиштето во катастарот се води како неизградено градежно земјиште во државна, а не во сопственост на „Палас“, и иако таму урбанистите од охридската општина предвиделе на таа површина да се изгради мал хотел од три ката со поглед на Охридско Езеро.
– Парнаџиева не сака или не може да види дека паркот што се наоѓа пред „Палас“ не е објект и не е сопственост на хотелот и дека таму е предвидена изградба на мал хотел со корисна површина од 300 квадратни метри за што постои градежна маркичка. Бараме делот од земјата што е неизграден да ни се врати, а делот што го зафатил објектот на „Палас“ нека ни го исплати со обврзници. Нашата трагедија ја зголеми и Тања Алтанџиева, претстедателка на владината Комисија за решавање во управна постапка во втор степен од областа на денационализацијата, каде што се жалевме за решението на Парнаџиева. Ја тужиме државата пред Врховниот суд затоа што сметаме дека ни се прави огромна неправда. Освен тоа, случајно или намерно, Парнаџиева заборави дека треба да и даде обесштетување за уште 160 квадратни метри, зашто заборави да го впише вториот кат од семејната куќа што тогаш била национализирана. Ако треба, ќе обжалиме и пред судот во Стразбур – вели Владо Галиќ, син на 75-годишната наследничка Ратка.
„Време“ се обиде да побара објаснување за обвинувањата на наследниците на денационализиран имот, но не успеа да стапи во контакт со Маја Парнаџиева, вработена во Министерството за финансии.
Имотот на семејството на сестрите Ратка Галиќ и Марика Петрушевска и нивниот брат Борислав Руменов бил национализиран на 4 април 1952 година. Од тогаш до денеска тие не добиле обесштетување од државата. Тогаш им била одземена куќа со приземје и кат со корисна површина од 300 квадратни метри, летна кујна и плац со вкупна површина од 752 квадратни метри. Тие поднеле барање за денационализација во јануари 2002 година. Парнаџиева решението го издала на 19 април 2004 година. За целиот имот Парнаџиева пресметала дека ќе им даде обесштетување од 4,68 милиони денари (околу 75.700 евра) .
Раководството на „Палас“ спорната парцела ја затвори со метална ограда.
– Затоа што се плашевме дека „Палас“ ќе гради на нашиот имот побаравме од Александар Петрески, градоначалникот на Охрид, кој сега е надлежен, да и нареди на градежната инспекција да ја стопира градбата на нашата парцела за која водиме судски спор – изјави Љубен Петрушевски, еден од наследниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп повторно го тужи Харвард
Администрацијата на Трамп денес поднесе нова тужба против Универзитетот Харвард, обвинувајќи го дека не се придржувал до федералната истрага и барајќи документи поврзани со неговите практики за прием на студенти.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Бостон, адвокатите на Министерството за правда на САД изјавија дека бараните документи ќе помогнат да се процени дали Харвард се придржува до пресудата на Врховниот суд на САД од 2023 година, со која програмите за прием на колеџи базирани на раса се прогласени за неуставни.
Министерството за правда соопшти дека ја поднело тужбата „единствено за да го принуди Харвард да достави документи поврзани со какво било разгледување на расата при приемот“ и „не го обвинува Харвард за какво било дискриминаторско однесување, ниту бара парична отштета или укинување на федералното финансирање“.
Трамп, претходно овој месец изјави дека неговата администрација бара 1 милијарда долари од Харвард за решавање на истрагите за политиките на универзитетот, откако новинските извештаи објавија дека Трамп се откажал од барањето за исплата од престижниот универзитет.
Харвард е во фокусот на широката кампања на администрацијата за користење на федерално финансирање за да се поттикнат промени на американските универзитети, за кои Трамп вели дека се погодени од антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.
Администрацијата откажа стотици грантови доделени на истражувачи од Харвард врз основа на тоа што универзитетот не направил доволно за да го спречи вознемирувањето на еврејските студенти на својот кампус, што го натера Харвард да поднесе тужба.
фото/Depositphotos
Свет
„Што е спротивно на поредокот заснован на правила? Тиранија и војна“ – Калас остро на панел дискусија
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави на една панел-дискусија дека на меѓународниот поредок му недостига одговорност за прекршувањето на правилата.
„Сите се повикуваат на Повелбата на Обединетите нации. Начелата постојат. Но што се случува кога некој ќе ги прекрши? Очигледно е дека одговорноста не функционира“, рече Калас.
Таа смета дека Советот за безбедност не работи според замислата и дека Обединетите нации „не го одразуваат светот каков што е денес“.
„Повеќето држави во светот сакаат поредок заснован на правила, сакаат правила што ќе го регулираат начинот на кој комуницираме и соработуваме едни со други“, додаде Калас.
Истакна дека големите меѓународни кризи низ историјата го поттикнувале развојот на меѓународното право и дека сегашната криза е можност „овој свет да се развие“.
Коментирајќи го говорот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој изјави дека „стариот светски поредок исчезна“, Калас заклучи:
„Која е спротивноста на светски поредок заснован на правила? Тоа се тиранија и војни. А очигледно таму се наоѓаме сега.“
Свет
Гувернерот на Калифорнија: Трамп е привремен, ќе замине за три години
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, жестоко го критикуваше Доналд Трамп, нарекувајќи го „најразорниот претседател“ во историјата на САД и обвинувајќи го дека „сѐ подлабоко тоне во глупост“.
„Никогаш во историјата на САД немало поразорен претседател од сегашниот жител на Белата куќа“, рече Њусом.
Тој смета дека Трамп „се обидува да нѐ врати во 19 век“, додека, како што истакна, Калифорнија успешно покажува дека може да спроведува политики, да се натпреварува и да доминира.
„Ако денес не запомните ништо друго, запомнете го ова: Доналд Трамп е привремен. Ќе замине за три години“, рече Њусом.
Коментирајќи ја климатската криза, тој нагласи дека таа директно ги погодува Американците: „Луѓето горат, се гушат и се варат од горештини; истовремено имаме суши и поплави, како и историски шумски пожари.“
Тој додаде дека во Калифорнија ова прашање одамна ги надминало партиските поделби:
„Калифорнија е голема сина држава, но тука живеат повеќе републиканци отколку во многу републикански држави. Ние одамна сме над партиските поделби, бидејќи нема републикански или демократски термометар. Постојат само реални температури.“
Инаку, Њусом се споменува како можен кандидат на демократите за претседателските избори во 2028 година.

