Свет
Зад "Бриони" гола битка за земја
Советниците Македонци од Општината Брвеница ќе им се спротивстават на колегите Албанци и на градоначалникот Џељаљ Рамадани и ќе предложат земјиштето на мотелот “Бриони” трајно да го користи на задругата “Единство” од Челопек.
СПОРЕД ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЗАДРУГАТА “ЕДИНСТВО”
Советниците Македонци од Општината Брвеница ќе им се спротивстават на колегите Албанци и на градоначалникот Џељаљ Рамадани и ќе предложат земјиштето на мотелот “Бриони” трајно да го користи на задругата “Единство” од Челопек. Градоначалникот Рамадани најави дека Советот на Брвеница ќе побара државата да и го пренесе имотот на општината.
Владата само порача решение за спорот за реконструкцијата на мотелот “Бриони” да се бара во институциите и со студена глава. ДУИ и ја префрли топката на локалната самоуправа.
Тоа уште повеќе ја разгорува битката за “Бриони” помеѓу Македонците и Албанците од Челопек. Според вработените во задругата, ДУИ на локалните избори им го ветила имотот на Албанци од селото за таму да градат мотел. Градоначалникот Рамадани го демантира тоа, но не крие дека општината го сака имотот за таму да гради спортско-рекреативен центар, старечки дом и дом за деца со пречки во развојот.
– Советниците Албанци и градоначалникот не не консултираа за иницијативата со “Бриони” да располага општината. Сите шест советници Македонци се против таа иницијатива. Ќе предложиме “Бриони” трајно да го користи задругата “Единство”, да се обнови мотелот за да може да го користат сите граѓани – вели советникот Ивица Јовановски од СДСМ.
Тоа ни го потврди и советникот од ВМРО-Народна Мирко Настоски.
Градоначалникот Рамадани вели дека минатиот состав на Советот донел одлука со која бара државата да и го додели имотот на општината.
– Оптимално решение за “Бриони” е имотот да и се додели на општината. Во спротивно, проблемот може да ескалира. Имотот бил народен и повторно треба да му се врати на народот, а не приватници да го користат без надомест. Тоа никаде го нема. На населението му треба земјиште, кое може да биде во функција на сите. Може да се изгради рекреативен центар, социјален центар, дом за стари лица или за деца со посебни потреби. Во Челопек земјиштето на кое е “Бриони” е државно – вели Рамадани.
Во задругата “Единство” тврдат дека имаат комплетна документација за да го обноват мотелот. Тие го толкуваат барањето на градоначалникот државата да и го додели имотот на општината како бесмислено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

