Свет
Зел пари од пациенка за операција
Лекарот Звонко Николовски побарал и зел 24.000 денари од пациентка за наводно де купи медицински матерјал за хируршки зафат а употребил инструмент од болницата
ХИРУРГ ОД ГРАДСКА БОЛНИЦА НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА ВО ОСНОВНИОТ СУД 1 СКОПЈЕ
Лекарот Звонко Николовски побарал и зел 24.000 денари од пациентка за наводно де купи медицински матерјал за хируршки зафат а употребил инструмент од болницата
Звонко Николовски хирург од Градска болница во Скопје наскоро ќе седне на обвинителна клупа и ќе му се суди за злоупотреба на службена должност и овластување. Во Основниот суд 1 во Скопје деновиве ќе биде закажано првото судење против него.
Според обвинението д-р Николовски во јуни, годинава зел 24. 000 денари од син на пациенка која тебало да ја оперира. Тој ги убедил странките дека за помала сума може да набави ‘клипсер’- медицински материјал кој требало да биде упоребен за операцијата на жената. Лекарот ги зел парите, но не го набавил материјалот. Тој за операцијата употребил медицински материјал на болницата. Пациентката го пријавила случајот во полиција.
Хирургот Николовски бил фатен и со обележани пари. Полицијата тогаш информира дека обвинетиот побарал 24. 000 денари и добил 20. 000 за операција. По операцијата докторот побарал уште 4. 000 денари кои синот му ги дал. Парите биле претходно обележани во полиција, која ги нашла кај него.
Лекарот тврдеше дека парите не бил 24. 000 денари туку само 4. 000 денари. Тие наводно биле за купување инструмент за операција, но тој не ги побарал од пациентката. Според Николовски таа самата побарала да и се набави инструмент и предложила да си го плати.
Во Судот против него се водат уште две постапки за издавање лажни лекарски уверенија. Хирургот Николовски давал лажани уверенија за тешки телесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

