Свет
За девет години едвај милијарда евра
Унгарија и Грција се најголемите странски инвеститори во нашата национална економија затоа што вложиле половина од вкупно 1,1 милијарда долари, колку што во последниве 9 години се вложени во земјава.
Унгарија и Грција се најголемите странски инвеститори во нашата национална економија затоа што вложиле половина од вкупно 1,1 милијарда долари, колку што во последниве 9 години се вложени во земјава. Овие две држави од 1997 година досега во нашите фирми вложиле 561 милион долари во кеш, покажуваат официјалните податоци на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
Според вложувањата од странство, Македонија е убедливо на последното место во Европа со просек од 550 долари по жител. За споредба, Бугарија само лани имаше повеќе од 1,7 милион долари странски директни инвестиции.
Унгарија е најголем инвеститор затоа што во 2001 година „Дојче телеком“ преку неговата унгарска филијала „Матав“ го купи „Македонски телекомуникации“, за што плати 322,6 милиони евра. Тоа е воедно единствена унгарска инвестиција во земјава и единствена мултинационална корпорација што има бизнис во Македонија. Грците се на второ место, пред се поради купувањето на „Стопанска банка Скопје“ и на скопската рафинерија „Окта“, за што платија повеќе од 100 милиони долари.
Трета на листата на странски инвестиции е Холандија, традиционално најсилниот лобист на Македонија, со вложени 100 милиони долари. Веднаш по неа е Кипар, од каде што, заклучно со мај годинава, според статистиката на НБРМ, се вложени 81,6 милиони долари. Дури 79,5 милиони долари од Кипар во земјава влегле пред мај минатата година, кога Кипар влезе во Европската Унија. За потсетување, Кипар пред влегувањето во ЕУ беше офшор-банкарска зона, во која банките не бараа потекло на парите од своите клиенти.
Во земјава досега се инвестирани повеќе од 130 милиони долари (повеќе од 10 отсто од сите пари) од зони во кои не се бара потекло на парите меѓу кои се и Лихтенштајн, Сент Винсент и Гренадини, Маршалските Острови, Холандски Антили, Британски Девствени острови, Кајманските Острови, Панама, Боцвана и Бахамските Острови.
Од земјите на Европската Унија меѓу најголемите 10 странски инвеститори се уште Велика Британија со 40,7 милиони долари, Словенија со 37,7 милиони долари, Германија со вложени 25,35 милиони долари и Австрија со 21,4 милиони долари. Меѓу најголемите 10 инвеститори е и соседна Бугарија со вложени 27, 6 милиони долари.
10 ЗЕМЈИ НАЈГОЛЕМИ ИНВЕСТИТОРИ
1. УНГАРИЈА 322,6 милиони долари
2. ГРЦИЈА 238,5 милиони долари
3. ХОЛАНДИЈА 99,7 милиони долари
4. КИПАР 81,6 милиони долари
5. ВЕЛИКА БРИТАНИЈА 40,7 милиони долари
6. ШВАЈЦАРИЈА 40,5 милиони долари
7. СЛОВЕНИЈА 37,7 милиони долари
8. БУГАРИЈА 27,6 милиони долари
9. ГЕРМАНИЈА 25,35 милиони долари
10. АВСТРИЈА 21,4 милиони долари
Инвестиции (во милиони долари)по години
50 мај 2005
159 2004
83,5 2003
77,3 2002
423,3 2001
152,3 2000
21 1999
114,6 1998
24 1997
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

