Свет
Црвенковски бара да се расчисти сета магла околу Красниќи
Претседателот на државава вели дека за “случајот Красниќи” ќе разговара со премиерот овој викенд
Поранешната караула на АРМ во Лабуништа сега стана регионална полициска станица
Претседателот на државава вели дека за “случајот Красниќи” ќе разговара со премиерот овој викенд
Поранешната караула на АРМ во Лабуништа сега стана регионална полициска станица
СИМОН ИЛИЕВСКИ
СТРУГА – „Имајќи предвид за колку и какви кривични дела се товари Агим Красниќи и неговата група, морам да кажам дека постапката на Обвинителството и одлуката на истражниот судија со право предизвикаа не само интересирање туку и сомневање и револт кај македонската јавност. Таа работа мора да се расчисти за да не се загуби вербата во правната држава и да не остане сомневањето дека некој намерно или од какви било причини свесно тргнал во кршење на законите и на Уставот°, изјави вчера во селото Велешта претседателот Бранко Црвенковски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Агим Красниќи.
>„Ќе погрешат сите оние што мислат дека времето ќе го стори своето и дека ќе заборавиме што се случило зашто јавноста во случајот со Красниќи го заслужува вистинскиот одговор°, рече претседателот Црвенковски. Тој додаде дека доколку станува збор за конструкција или некаков политички притисок, тогаш некој ќе мора да понесе одговорност. За ова прашање Црвенковски завчера телефонски разговарал со премиерот Бучковски, при што се договориле на оваа тема да разговараат на посебна средба што ќе се одржи во текот на викендот.
Претседателот Црвенковски пред Велешта вчера ја посети регионалната полициска станица во селото Лабуништа којашто беше караула на АРМ и го обезбедуваше овој дел од државната граница спрема Албанија.
Претседателот Црвенковски зборуваше и за актуелниот случај со Вранишковски. „Руската православна црква и патријархот Алексиј Втори искажаа подготвеност за посредување во спорот меѓу МПЦ и СПЦ. Во писмото што го испрати Алексиј Втори деновиве го спомнува и случајот со Вранишковски. Во одговорот ќе му посочам каква е правната регулатива во Македонија и дека во овој случај станува збор за судска одлука на која не може да се влијае. Судскиот процес сў уште не е завршен и е поведена постапка пред Врховниот суд кој треба да се изјасни идниот месец°, објасни Црвенковски.
Одговарајќи на новинарско прашање за појавата на евидентирање на Македонците во Србија под референцата дека се по потекло од БЈРМ, претседателот Црвенковски рече дека се надева оти станува збор за индивидуални инциденти и дека тоа не е генерална политика што ќе ја следат другите институции во Србија и Црна Гора. „Тоа се коси со генералниот официјален став на Србија и Црна Гора, а тоа е дека го признаваат уставното име на Република Македонија и барем досега во ниедна ситуација не е најавено дека ќе има отстапувања од тоа°. Црвенковски најави дека од македонска страна ќе бидат преземени сите неопходни мерки, а МНР ќе испрати протест со надеж дека ќе дојде до корекција на однесувањето на надлежните институции во Србија.
Претседателот Црвенковски околу прашањето за продажбата на имотите на протераните Македонци од Грција, кои живеат во многу земји во светот, рече дека треба да се искористат сите механизми кои вклучуваат и меѓународни правни процедури. Во тие процеси за заштита на нивните права, според претседателот Црвенковски, деновиве се вклучи и македонското МНР.
Претседателот Црвенковски вчера на невообичаен начин ја спои посетата на поранешната караула на АРМ во Лабуништа и посетата на Велешта, две по многу нешта специфични населби што се наоѓаат во близината на Струга. „Планот за преземање на граничното обезбедување од страна на полицијата на западната граница е завршен. Притоа, Армијата не ги губи сите ингеренции и можности да се вклучи во одредени ситуации°, рече Црвенковски.
Во Велешта претседателот Црвенковски, по разговорите со граѓаните, го посети и домот на Аки Нуши, побратим и пријател на таткото на Црвенковски. „Со семејството на Љубе Црвенковски сме побратими од 1964 година. Нў врзува долгогодишно пријателство и се посетуваме за време на најважните семејни настани. Бранко го знам од двегодишна возраст и контактираме до ден денес°, вели Нуши.
Вчерашната посета на претседателот Бранко Црвенковски на Велешта ќе остане забележана како прва посета на политичар-Македонец што врши висока државна функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos

