Свет
Централата „Бушер“ со полн капацитет за една година
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/4672c483-2496-44d2-b468-cfc73242f501.jpeg)
Иранската нуклеарна централа Бушер,својот полн капацитет во производство на електрична енергија би требало да годостигне за една година, откако Русија вчера ја започна испораката на нуклеарногориво.
Иранската нуклеарна централа Бушер, својот полн капацитет во производство на електрична енергија би требало да го достигне за една година, откако Русија вчера ја започна испораката на нуклеарно гориво. „Ја поминавме критичната фаза, кога во неделата започна испораката на руското гориво“, изјави Мохамед Саиди, заменик директор на иранската Агенција за атомска енергија. Според него, централата е речиси целосно комплетирана./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Делегацијата на српскиот парламент ја напушти конференцијата во Црна Гора поради нападот врз Вучиќ и Србија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/gfdsg.jpg)
Делегацијата на Народното собрание на Србија денеска ја напушти Меѓупарламентарната конференција „Предности на Берлинскиот процес: посебен фокус на заедничкиот регионален пазар“ поради, како што тврдат, неоснованите напади врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ и врз државата Србија, соопшти Народното собрание.
Делегацијата на Народното собрание ја сочинуваат потпретседателката Снежана Пауновиќ и претседателот на Комисијата за просторно планирање, транспорт, инфраструктура и телекомуникации Угљеша Марковиќ, а конференцијата ја напуштија по расправата на првиот панел, бидејќи, беше соопштено дека Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, Парламентот на Албанија и собранијата во Приштина неосновано ги нападнале Србија и Вучиќ.
Пауновиќ рече дека Србија е подготвена да ги спроведе сите договори и конструктивен дијалог во рамките на берлинскиот процес и дека како најсилна економија на Западен Балкан, Србија е ориентирана кон просперитет и иднина, но пред се е суверена земја во која граѓаните на демократски начин ги избираат своите претставници.
Свет
Израелските сили ги нападнаа северниот и јужниот дел на Газа, а борбите продолжија во текот на ноќта
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/вцв.jpg)
Израелските сили денеска нападнаа неколку области низ Газа, а жителите известија дека борбите продолжиле во текот на ноќта во Рафах на југот од палестинската енклава.
Жителите изјавија дека борбите се интензивирале во населбата Тел Ал Султан во западниот дел на Рафах, каде тенкови се обидувале да се пробијат на север, пренесува Ројтерс.
Претходно денеска во израелски напад загинаа тројца Палестинци во близина на кампот Џабалија.
Свет
(Видео) Асанж пристигна во Австралија: емотивна средба со сопругата и неговиот татко
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/677z381_asanz-kanbera.jpg)
Џулијан Асанж, кој од денеска и официјално е слободен човек, се врати во Австралија, а најемотивната средба ја имаше со сопругата Стела.
Julian Assange greets his supporters at the fence and kisses his wife after touching down a free man #auspol pic.twitter.com/HQ4JbyWKvH
— Sarah Basford Canales (@sbasfordcanales) June 26, 2024
Откако авионот слета на аеродромот во Канбера, Асанж излегол од авионот, а го пречекале бројни новинари и поддржувачи кои аплаудирале и скандирале за него.
Камерите го снимиле моментот кога Асанж ја прегрнал сопругата, ја кренал од земја и ја бакнал, а потоа го прегрнал и татко си.