Свет
Силен земјотрес во Нов Зеланд- значителна штета

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер го погоди денеска Нов Зеланд,предизвикувајќи значителнаматеријална штета во градот Гисборн..
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер го погоди денеска Нов Зеланд, предизвикувајќи значителна материјална штета во градот Гисборн.Од земјотресот нема жртви, соопштија локалните власти.Земјотресот бил почуствуван на целата територија на Нов Зеланд, а најпогоден е градот Гисборн, со околу 42 000 жители. Во градот има сериозни оштетувања на патиштата, а повеќе домови се делумно разурнати.Во најпогодените места се испратени спасувачки екипи./крај/бгнес/ег/Copyright 2007 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Човекот на Трамп: Анектирањето на Канада е најдобриот начин за спојување на нашите економии

Американскиот министер за трговија Хауард Лутник изјави дека анексијата на Канада е „најдобар начин“ за спојување на економиите на двете земји.
„Најдобриот начин, претседателот тоа го кажа, најдобриот начин всушност да се здружат економиите на Канада и Соединетите Држави е Канада да стане нашата 51-ва држава“, рече Лутник за „Варни и Ко“ на Fox Business Network.
Како што пренесува The Hill, коментарите на Лутник доаѓаат во време на неодамнешните тензии меѓу САД и Канада околу царините. Во вторникот, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе ги зголеми планираните тарифи за челик и алуминиум против Канада поради дополнителна надокнада за електрична енергија од владата на Онтарио.
Премиерот на Онтарио, Даг Форд, подоцна во вторникот изјави дека нема да продолжи со дополнителната компензација откако САД понудија да се сретнат со Лутник денес.
Трамп претходно предложи Канада да „стане 51-та држава“, но Марк Карни, идниот премиер на северниот сосед на САД, во неделата рече дека „Канада никогаш нема да биде дел од Америка на кој било начин, облик или форма“.
„Но, размислете за ова за момент, зошто американските автомобили се произведуваат во Канада? Тие работни места треба да бидат во Америка. И тоа го мисли претседателот, тоа е она што тој го кажува и тоа е она што ќе го изврши”, изјави вчера Лутник.
„Значи, клучната работа е што Канада ќе мора да работи со нас за навистина да ја интегрира својата економија. И како што рече претседателот, треба да ги земеме предвид неверојатните придобивки од тоа да станат 51-та држава на Соединетите Американски Држави“, додаде тој.
Европа
Русија: Ја ослободивме Суџа

Руските војници во изминатите 24 часа го ослободија градот Суџа и уште две населени места во пограничниот регион Курск, соопшти утринава руското Министерство за одбрана.
„Единиците на борбената група Север ги ослободија Меловои, Подол и Суџа во офанзивни операции“, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Кремљ: Американските преговарачи се на пат, одредени информации и се доставени на Русија

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди дека американските преговарачи се на пат за Москва.
„Точно е дека американските преговарачи се на пат и точно е дека се планираат контакти. Да не брзаме, ќе ви кажеме подоцна“, рече Песков.
„Веќе е остварен контакт – имаше телефонски разговор меѓу американскиот советник за национална безбедност Мајк Валц и советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. Одредени информации и се доставени на Русија“, додаде тој.
Песков не потврди дека Русија им дала на САД список со барања за договор со Украина. Ова претходно го објави новинската агенција Ројтерс, цитирајќи две лица запознаени со ова прашање.