Свет
Шинаватра сака да се врати на Тајланд
Бившиот премиерна Тајланд во егзил Таксин Шинаватра денеска изјави дека сака да се врати воземјата како „обичен граѓанин“ и повика на национално помирување.
Бившиот премиер на Тајланд во егзил Таксин Шинаватра денеска изјави дека сака да се врати во земјата како „обичен граѓанин“ и повика на национално помирување. Со помирлив тон, бившиот премиер, на само 48 часа по победата на неговите сојузници на парламентарните избори, рече дека би можел да се врати во февруари или подоцна. „Сакам да се вратам на Тајланд ако ми биде дозволено да водам мирен живот како обичен граѓанин“, рече Шинаватра во Хонг Конг, на прес конференција прва по неделните избори. Иако повтори дека нема политички амбиции, тајландскиот милијардер сепак рече дека „не сака да се врати во политиката додека не се чувствува безбеден, а дека за тоа му треба уште време за да ја процени ситуацијата“. Шинаватра го поздрави враќањето на демократијата на Тајланд и ги повика сите партии да се приклучат кон барањето за национално помирување. Таксин Шинаватра од власт е протеран на 19 септември 2006 година со воен пуч, а беше обвинет за корупција и закана по монархијата. Со сопругата отиде во Велика Британија каде што минатото лето го купи фудбалскиот клуб Манчестер Сити. Неговата бивша политичка партија е распуштена на Тајланд, но неговите сојузници се собраа во Партијата на народна власт(ПНВ), што победи на неделните избори. Според најновите резултати на Државната изборна комисија, ПНВ освоила 232 од 480 места во долниот дом на парламентот, или девет помалку од апсолутното мнозинство. /крај/хн/ст Copyright 2007 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Берлин под притисок: се бара дијалог меѓу Мерц и Путин
Германскиот канцелар Фридрих Мерц треба директно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, изјави Адис Ахметовиќ, експерт за надворешна политика на фракцијата на Социјалдемократската партија на Германија во Бундестагот, во интервју за „Зидојче Цајтунг“.
Ахметовиќ оцени дека фактот што Берлин ги препушта преговорите на двајца американски претприемачи за недвижности – Стив Виткоф и Џаред Кушнер – предизвикува значителна недоверба. Тој го изјави ова коментирајќи го трилатералниот состанок одржан во Абу Даби.
Според него, шефот на германската влада мора да покаже храброст и да преземе поактивна улога во процесот на решавање на конфликтот.
Пред состанокот, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва позитивно ги оценила преговорите на делегациите на Русија, Соединетите Американски Држави и Украина во Абу Даби.
Свет
Данската премиерка: Светскиот поредок каков што го знаеме е завршен
Данската премиерка Мете Фредериксен предупреди дека ерата на сегашниот светски поредок е завршена, велејќи дека не верува дека некогаш ќе се врати. Таа ја даде изјавата на јавен форум во Париз, каде што учествуваше со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, пишува „Гардијан“.
Обраќајќи се пред студентите, Фредериксен нагласи: „Светскиот поредок каков што го знаеме е завршен и не мислам дека ќе се врати“. Таа, исто така, предупреди дека „Русија не сака мир со Европа“ и ги повика Европа и САД да „се држат заедно“.
Осврнувајќи се на неодамнешните тензии со САД околу Гренланд, данската премиерка рече дека двете страни делат загриженост за безбедноста на Арктикот и дека ќе „се обидат да најдат заеднички пат со САД“.
Премиерот на Гренланд, Нилсен, исто така, зборуваше за последиците од тензиите со САД врз локалното население.
„Како влада, се соочуваме со задачата да се спротивставиме на надворешните притисоци и да се грижиме за нашите луѓе кои се исплашени и преплашени“, рече тој.
Европа
Холандија доби ретка малцинска влада и најмлад премиер во историјата
Лидерите на политичките партии во Холандија се согласија да формираат ретка малцинска влада, беше објавено во вторник.
Центристичката проевропска партија Д66, која победи на изборите во октомври минатата година, ќе ги здружи силите со конзервативните христијански демократи и десничарската VVD во коалиција која ќе има само 66 места во долниот дом на парламентот со 150 места.
Коалицијата, исто така, нема мнозинство во Сенатот, горниот дом на парламентот, што може да блокира закони донесени во долниот дом, и ќе треба да побара поддршка од опозициските партии за да ги спроведе своите политики.
Владата ќе ја предводи лидерот на Д66, Роб Јетен, 38, кој ќе стане најмладиот премиер во холандската историја.
Се очекува пратениците на партиите да го ратификуваат договорот за коалиција во наредните денови, а формалната презентација се очекува во петок.
Останатите позиции во кабинетот ќе бидат пополнети во наредните недели, а се очекува новата влада официјално да биде именувана во рок од еден месец.

