Свет
Обединетиот ирачки сојуз победи на изборите во Ирак

Шиитскиот обединет ирачки сојуз (УИА) победи на парламентарните избори во Ирак, што се одржаа на 30 јануари годинава
Шиитскиот обединет ирачки сојуз (УИА) победи на парламентарните избори во Ирак, што се одржаа на 30 јануари годинава, соопшти централната изборна комисија. УИА, кој има поддршка од ајатолахот Али ал Систани освои 48,1 насто од гласовите. На второ место е колаицијата на курските партии во 25,7 проценти од гласовите, а на трето листата на кандидати на привремениот ирачки премиер Ијад Алави со 13,8 насто од гласовите. Според податоците на комисијата оздвиот на изборите бил 59 насто, односно од 14,2 милиони Ирачани со право на глас, на избори излегле скоро 8,5 милиони. На првите слободни избори по скоро 50 години и први по падот на режимот на Садам Хусеин, Ирачаните избираа 275 пратеници во преодното народно собрание, кое треба да го подготви Уставот на земјата. На изборите се гласаше и за регионални совети во 18 провинции, а во три крудски провинции и за регионален парламент. Од објавувањето на изборите, тече тридневниот рок за евентуални поплаки, по што резултатите ќе бидат потвредни како конечни./крај/ста/м
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Мировен договор за Украина мора да се постигне до 8 август

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека очекува договор за завршување на руската војна во Украина да се постигне најдоцна до 8 август, соопштија денеска САД пред Советот за безбедност на Обединетите нации.
„И Русија и Украина мора да преговараат за прекин на огнот и траен мир. Време е за постигнување договор. Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека тоа мора да се случи до 8 август. САД се подготвени да преземат дополнителни мерки за да го обезбедат мирот“, изјави високиот американски дипломат Џон Кели пред Советот.
Трамп пред два дена најави дека САД ќе почнат да воведуваат царини и други мерки кон Русија за 10 дена, доколку Москва не покаже напредок кон завршување на војната во Украина. Киев и Москва досега одржаа три рунди разговори во Истанбул, кои резултираа со размена на затвореници и тела, но без конкретен напредок во смирувањето на војната што трае речиси три и пол години.
Заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Пољански, порача дека Русија планира да ги продолжи преговорите во Истанбул, но се пожали дека „на Запад и понатаму постои страна што ја поддржува војната“.
„Сè уште ги слушаме гласовите на оние кои сметаат дека дипломатијата е само начин да се критикува Русија и да се врши притисок врз неа“, рече Пољански.
Заменичката на украинскиот амбасадор во Обединетите Нации, Кристина Хајовишин, истакна дека Русија мора да се соочи со „единство, решителност и акција“.
„Бараме сеопфатен, праведен и траен мир заснован на принципите на Повелбата на ОН – и ништо помалку. Повторуваме дека целосно, итно и безусловно примирје е клучно. Тоа е првиот чекор кон запирање на руската агресија врз Украина“, рече таа пред Советот за безбедност.
Свет
Забележана рекордна молња, во должина од Париз до Венеција

Светската метеоролошка организација (WMO) денес објави дека регистрирала рекордно долг удар на молња од 829 километри во САД. Молња удрила на 22 октомври 2017 година за време на грмотевици, пишува Франс Прес.
„Се протегала од Источен Тексас до Канзас Сити, покривајќи растојание еднакво на она помеѓу Париз и Венеција“, соопшти организацијата.
Комитет составен од единаесет научници од САД, Бразил, Германија, Шпанија, Израел и Непал го потврди тој рекорд.
Претходно беше задржан од удар на гром долг 768 километри од април 2020 година, исто така во САД, помеѓу Мисисипи и Тексас.
Блесокот на гром што се гледа денес „не беше откриен за време на првичната анализа на бурата во 2017 година, туку беше откриен за време на повторената проценка“, велат метеоролозите.
Свет
(Видео) Борбен авион се урна во Калифорнија, пилотот успешно се катапултираше

Американски борбен авион „Ф-35“ се урна во близина на поморската воздухопловна станица Лемур во централна Калифорнија, објави денес американската морнарица.
„Пилотот успешно се катапултираше и е безбеден“, се вели во соопштението на морнарицата во Лемур.
A US Navy F-35 fighter jet crashed in central California near Naval Air Station Lemoore on Wednesday, CNN reported, citing a Navy press statement. This marks the second F-35 crash this year. A US Air Force F-35A crashed during a training mission in Alaska earlier in January. pic.twitter.com/zxG0n8phuS
— Global Times (@globaltimesnews) July 31, 2025
Деталите за несреќата не се објавени. Причината за несреќата е под истрага, се вели во соопштението.
Американската компанија Локид Мартин, која ги произведува борбените авиони Ф-35, како одговор на барањето на Ројтерс за коментар, изјави дека е запознаена со инцидентот со Ф-35 во поморската воздухопловна станица Лемур.