Свет
Георгиевски, Груевски и Андов да ги објават имотните листови
Љубчо Георгиевски, Никола Груевски и Стојан Андов да ги објават во јавноста анкетните листови за нивната имотна состојба, побара вчера Слободан Најдовски, потпретседател на Собранието.
Александра М. Митевска
Љубчо Георгиевски, Никола Груевски и Стојан Андов да ги објават во јавноста анкетните листови за нивната имотна состојба, побара вчера Слободан Најдовски, потпретседател на Собранието.
Тој ги повика опозициските пратеници да се отчитаат за својата и за имотната состојба на членовите на нивните потесни семејства и за нејзиното потекло, како што тоа веќе го направиле функционери од власта. Најдовски соопшти и дека пратеничката група на ЛДП до Собранието поднела декларација за поддршка на борбата против корупцијата и ги повика пратениците да ја поддржат.
Првичните реакции од опозицијата се дека немаат ништо против да се објават анкетните листови, ама дека допрва ќе се гради став за барањето на Најдовски и за декларацијата на ЛДП.
– Секој носител на јавна функција треба јавно да каже колку заработува и како го стекнал имотот што го поседува, бидејќи така ќе имаме појасна слика кој е корумпиран. Тоа треба да го направат и сите членови на комисиите за јавни набавки, бидејќи има посочувања дека таа сфера е голем извор на корупција – истакна Најдовски.
Тој им порача на пратениците дека токму тие треба да му покажат на народот дека се борат против корупцијата и да побараат да се скратат начинот и времето за постапка за одредени личности што се посочени како корумпирани.
– Во законот за борба против корупцијата нема обврска функционерите јавно да ја објават имотната состојба, но тие законски се обврзани да ги пополнат анкетните ливчиња. Право на функционерот е да одлучи дали ќе објави во јавноста што поседува и така ќе биде се додека евентуално не се промени законот – изјави Драган Малиновски, претседател на Антикорупциската комисија.
Тој рече дека во повеќе европски земји функционерите се обврзани имотната состојба да и ја стават на увид на јавноста и дека на таков начин полесно би се поведувале постапките.
Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ рече дека таа лично нема ништо против да го објави имотниот лист, ама дека пратеничката група допрва ќе се координира и за тоа каков став ќе заземе за декларацијата. И Жарко Караџоски, координаторот на ВМРО-НП, посочи дека неговата пратеничка група се уште ја нема декларацијата и дека допрва ќе се договорат како ќе настапат.
– Ако треба, ќе ги објавиме анкетните ливчиња. Никој не бега од тоа, иако не е обврска од законот – вели Караџоски.
Во Декларацијата што ЛДП ја поднесе до Собранието се бара пратениците да се согласат на јавно објавување на анкетните листови и тие да бидат достапни за медиумите. Собранието ќе апелира тоа да го направат сите носители на јавни функции и лица што располагаат со средства во државна сопственост.
А ДИСКРЕЦИСКИТЕ ПРАВА?
Корупцијата се уште е присутна во Македонија, а една од причините се дискрециските права на министрите. Владата, иако се обврза, се уште не го реши тој проблеми. Тоа вчера во Собранието го истакна Жарко Караџоски од ВМРО-НП, во расправата за ланскиот извештај на Антикорупциската комисија.
Пратениците, главно, се согласија дека државните институции мора повеќе да соработуваат со комисијата, или, пак, таа треба да добие поголеми овластувања.
Никола Апостоловски од СДСМ праша што се случува со некои постапки за кои се крена голем прав во јавноста.
– Комисијата функционира, а сепак корупцијата никогаш не била на повисоко ниво. Значи, нешто не функционира – рече Љупчо Мешков од ЛП.
Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека повеќе од две години јавниот обвинител се јавува како кочничар со своето однесување, бидејќи не постапува по пријавите, што е недопустливо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан: На изборите се одлучува за војна или мир
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги претстави претстојните избори на 12 април како избор меѓу „војна и мир“, тврдејќи дека опозицијата ќе ја вовлече Унгарија во војната во Украина.
„За мир, Фидес е сигурен избор“, порача тој.
Владината кампања ги повикува граѓаните да ја потпишат националната петиција за одбивање финансиска помош за Украина, а низ државата се поставени постери кои го прикажуваат лидерот на опозицијата Петер Маѓар како поддржувач на ЕУ и Украина.
Иако партијата Тиса на Маѓар е водечка во анкетите, и таа е воздржана во однос на Украина, најавувајќи референдум за евентуалното пристапување на Киев во ЕУ.
Според анкети, 63 проценти од Унгарците се против европска помош за Украина, а 64 отсто се против членството на Украина во ЕУ.
Свет
Светот влегува во нова ера, рече Рубио во пресрет на неговото патување во Европа
Американскиот државен секретар, Марко Рубио изјави дека светот влегол во „нова ера“, во пресрет на неговото патување во Европа, каде ќе одржи клучен говор на Минхенската безбедносна конференција. Тој ќе ја предводи американската делегација на првиот голем глобален собир по заканата на претседателот Доналд Трамп за анексија на Гренланд, што беше протолкувано како закана за данскиот суверенитет, објави Би-Би-Си.
Додека светските лидери се собираат во Минхен, францускиот претседател Емануел Макрон повтори дека Европа мора да се подготви за независност од САД, додека генералниот секретар на НАТО Марк Руте истакна дека трансатлантските врски се цврсти и значајни како и секогаш. Темите на конференцијата што штотуку започна вклучуваат: војната во Украина, тензиите со Кина и потенцијален нуклеарен договор меѓу Иран и САД.
„Светот се менува пред наши очи, и тоа многу брзо“, рече Рубио одговарајќи на прашањето дали неговата порака кон Европејците ќе биде помирлива од лани. „Живееме во нова ера на геополитика, што од сите нас ќе бара да преиспитаме како изгледа тоа и каква ќе биде нашата улога.“
Минатата година, американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс остро ја нападна Европа – вклучително и Велика Британија – поради политиките за слобода на говор и имиграција, што предизвика година на незапаметени трансатлантски тензии.
Околу 50 светски лидери се очекува да присуствуваат на конференцијата, каде ќе се разговара за европската одбрана и иднината на трансатлантските односи, во време кога американската посветеност кон НАТО е доведена во прашање.
Тензиите растат, особено откако Трамп повеќепати изјави дека Гренланд е клучен за националната безбедност на САД, тврдејќи дека е „преплавен со руски и кинески бродови“. Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека планира да се сретне со Рубио за да разговараат за американските закани за преземање на данска територија.
Многу европски лидери сметаат дека овие закани се пресвртна точка што го нарушила довербата во најголемиот сојузник.
Во пресрет на конференцијата, осум поранешни американски амбасадори во НАТО и осум поранешни американски генерали во Европа објавија отворено писмо, со кое го повикуваат Вашингтон да ја задржи својата поддршка за западниот одбранбен сојуз.
„НАТО не е добротворна организација“, се вели во писмото, туку „мултипликатор на моќта“ кој ѝ овозможил на Америка да го проектира својот влијание и моќ, на начин кој самостојно би бил невозможен или прескап.
Трансатлантските односи се под зголемен притисок и поради новите царини воведени од републиканскиот претседател и навестувањата во американската стратегија за национална безбедност дека европските земји можеби повеќе нема да бидат доверливи сојузници.
Холандскиот министер за надворешни работи Давид ван Вел за Би-Би-Си изјави дека ја препознава промената на светот и се надева дека трансатлантската врска ќе остане цврста. Тој додаде дека Холандија поднесува голема жртва за зголемување на трошоците за одбрана, но дека ќе треба време пред Европа да може целосно да ја преземе улогата од Американците.
Холандија беше меѓу НАТО-сојузниците кои минатата година, по повеќемесечен притисок од Трамп, се согласија да го зголемат буџетот за одбрана на 5% од БДП до 2035 година.
Очекувањата се дека Рубио ќе избегне остар тон како минатата година, но, на прашањето дали ќе биде попомирлив, тој одговори:
„Европејците сакаат да знаат каде одиме, каде сакаме да одиме, и дали сакаме да одиме заедно со нив.“
Неколку часа пред да ја отвори конференцијата германскиот канцелар Фридрих Мерц, министерот за надворешни работи Јохан Вадепфул за германската јавна телевизија изјави дека целта е заеднички да се дефинира што го држи НАТО заедно и да се покаже дека и САД има потреба од Европа.
Макрон исто така ќе се обрати на конференцијата во петок, откако минатиот месец во Давос порача дека сега „не е време за нов империјализам или нов колонијализам“.
Британскиот лидер Сер Кир Стармер исто така патува во Минхен по бурна недела во внатрешната политика, каде ќе се сретне со Мерц и Макрон, а потоа ќе им се обрати на учесниците на конференцијата.
По пристигнувањето во Минхен, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека конференцијата ќе донесе „нови чекори за заедничка безбедност – за Украина и за цела Европа“.
Руските медиуми денес го цитираа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој изјавил дека наредната рунда преговори меѓу Русија, Украина и САД, фокусирана на завршување на војната, ќе се одржи во Женева на 17 и 18 февруари. Киев и Вашингтон сè уште не ги коментирале тие наводи.
Трите земји неодамна одржаа разговори и во Абу Даби, но без видлив напредок, иако по преговорите следуваше ретка размена на воени заробеници меѓу Украина и Русија, со посредство на САД.
Свет
Здравствено предупредување во Велика Британија поради студеното време
Четиридневно здравствено предупредување поради студеното време е на сила во Велика Британија од денес, а Метеоролошката служба предупреди на снег и мраз.
Предупредувањето на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги опфаќа централните и северните области на земјата и трае до понеделник во 8 часот наутро, објавува „Sky News“.
Метеоролошката служба објави дека арктичката морска воздушна маса донесе постудени услови и издаде жолто ниво на предупредување за снег и мраз.
Оваа состојба ја опфаќа практично цела Шкотска и поголемиот дел од северна Англија.
„На локациите над 200 метри во Шкотска и северна Англија може да се видат 2-5 см снег, но на локациите над 300 метри може да се видат двојно повеќе, дури и до 10 см“, изјави главниот прогнозер на Метеоролошката служба, Џејсон Кели.
Утре низ целата земја се предвидува утро со мраз и температури под нулата, а на некои места се очекува сув ден, прв од почетокот на годината, имајќи ја предвид големата количина на врнежи од почетокот на јануари.
Северна Ирска, исто така, го забележа највлажниот јануари во последните 149 години, според „Скај њуз“.
Метеоролошката служба најави дополнителни дождови, силни ветрови и снег во северните области.

