Свет
Се повеќе Македонки жртви на трговија
Бројот на жртвите на трговијата со жени од странство во Македонија се намалува, но загрижувачки е податокот што бројот на жените со македонско државјанство во последните две години е во пораст
Извештај на меѓународната организација за миграции
Бројот на жртвите на трговијата со жени од странство во Македонија се намалува, но загрижувачки е податокот што бројот на жените со македонско државјанство во последните две години е во пораст. Македонија, која досега работеше на програми за помош на странски државјанки, ќе треба да го решава проблемот со сопствените жители жртви на трговијата со жени и да ги реинтегрира во општеството, предупредува и препорачува Меѓународната организација за миграции со седиште во Женева, која вчера го објави својот нов извештај за трговијата со жени и малолетници на Балканот. Извештајот предупредува дека оваа активност на целиот Балкан бележи пораст.
Вкупниот број на идентификуваните жртви на оваа трговија на кои им била пружена помош во Македонија помеѓу јануари 2000 и крајот на 2004 година е 778 лица. Во последните две години овој број се намалува, но помош од специјализираните организации во 2003-та и во 2004 година побарале триесетина македонски граѓанки, е во 2000, 2001 и 2002 година девојките од Македонија не биле жртви на оваа трговија.
Според извештајот на организацијата, Македонија не е само транзитна земја за привремен престој на жртвите, туку и крајна дестинација. Новите извештаи од теренот потврдуваат дека Македонија во последно време станува и земја на потекло на трговијата со жени.
Жртвите на оваа мафија, пред се, се користат за сексуална експлоатација, но не се ретки случаите на присилна работа и просјачење. Меѓу жените-жртви на трговијата во 2003 година, 42 отсто биле малолетнички, а овој процент е опаднат во 2004-та и изнесува 23 отсто.
Организацијата забележува и нов тренд во овој мафијашки бизнис: странските жртви на сексуалната експлоатација се “сопственост” на мажи, кои ги присилуваат да им работат дома. Во 2004 година е забележан пораст на жртвите со ментални нарушувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ердоган помилува седуммина поранешни високи воени офицери за соборување на владата во 1997 година
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска помилува седуммина поранешни високи воени офицери кои беа осудени на доживотен затвор за соборување на владата во 1997 година.
Поранешните генерали, кои се во доцните 70-ти и 80-ти години, беа помилувани поради здравствени проблеми и старост, според одлуката објавена во Службениот весник на земјата во текот на ноќта, пренесе АП.
Судот ги осуди генералите на доживотен затвор во 2018 година за нивната улога во кампањата предводена од просекуларната армија на Турција, која принуди на оставка на тогашниот премиер Нејметин Ербакан.
Свет
Зеленски потпиша закон кој им дозволува на затворениците да одат на фронтот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша законот за мобилизација, кој, меѓу другото, предвидува некои категории осуденици да може да служат војска.
Според документот, затворениците ќе може да се мобилизираат во армијата за договорна служба и ќе бидат пуштени на условна слобода. Според министерот за правда, во Украина има околу 10-20.000 осуденици, кои можеби во иднина ќе бидат мобилизирани и ќе служат во специјалните единици, пренесува „РБК Украина“.
Заменик-министерката за правда Елена Височка изјави дека пред да се усвои законот речиси 4.000 илјади затвореници се согласиле да одат на фронт во замена за условно ослободување во истражувањето спроведено во април. Истовремено, одбиени се околу 4.000 осуденици со дијагностицирани заразни болести, како ХИВ, хепатитис и туберкулоза.
Како што е наведено од Министерството за правда, од 15 мај 2024 година во украинските затвори има 27.471 осуденик, меѓу кои 1.538 жени. Заменик-министерот за правда додаде дека за законско функционирање потребно е носење подзаконски акти. Според неа, за неколку недели законот ќе биде целосно имплементиран.
Зеленски денеска потпиша и посебен закон за зајакнување на одговорноста за воени прекршоци, со кој се зголемуваат казните за оние што не ги почитуваат правилата за мобилизација.
Свет
Земјите од ЕУ повикаа на преоценување на ситуацијата во Сирија поради враќањето на мигрантите
Владите на осум земји членки на Европската Унија денеска соопштија дека е потребна преоцена на ситуацијата во Сирија за да се овозможи доброволно враќање на сириските бегалци во нивната татковина.
Во заедничката декларација официјални лица од Австрија, Чешка, Кипар, Данска, Грција, Италија, Малта и од Полска рекоа дека се согласиле за повторна процена, што ќе доведе до поефективни начини за справување со сириските бегалци, кои се обидуваат да стигнат до земјите на Европската Унија бидејќи ситуацијата во Сирија значително се промени, иако не е постигната целосна политичка стабилност, пренесува АП.
Во декларацијата се наведува дека ЕУ треба дополнително да ја зголеми својата поддршка за Либан со цел „да се намали ризикот од уште поголем прилив на мигранти од Либан во ЕУ“ откако претходно овој месец ЕУ објави пакет-помош за Либан во вредност од околу една милијарда евра со цел зајакнување на граничните контроли за да се запре приливот на баратели на азил и мигранти кон Кипар и Италија.