Свет
Американците бараат помош од ЕУ за наплата на долгот од Рамковски
МДЛФ не сака да ги загрози шансите на земјата за придружување кон ЕУ, но директорот на компанијата предупредува дека нивните мерки ќе имаат †сериозен негативен ефект врз меѓународната позиција на Македонија”
МДЛФ не сака да ги загрози шансите на земјата за придружување кон ЕУ, но директорот на компанијата предупредува дека нивните мерки ќе имаат †сериозен негативен ефект врз меѓународната позиција на Македонија”
БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ
Американскиот Фонд за развој на медиумите дигна раце од македонските судови и во обид да си го наплати долгот од скопската А1 телевизија во износ од 1,4 милиони американски долари одлучи да се обрати до Европската комисија, односно директно до Комесарот за проширување, Оли Рен, како и до Стејт департментот, Светска банка, ММФ и други светски институции. “По пет години чекање да се изврши правдата преку македонскиот правен систем и судовите, МДЛФ одлучи да го сподели своето тажно искуство во Македонија со други страни заинтересирани по прашањата за владеењето на правото, ефективноста на судскиот систем и заштитата на странските инвестиции во Македонија”, Ј напишал на Владата во Скопје, првиот човек на Бордот директори на американскиот Фонд (МДЛФ), Кенет Андерсон. За своите намери да ги известат странските институции од МДЛФ ја информирале и македонската Влада, но оттаму вчера немаа никаков коментар.
Американците пет години не можат да си ги наплатат парите кои му ги дале на сопственикот на А1, Велија Рамковски, наменети за подобрување на квалитетот, техничката опременост на телевизијата и набавка на трансмитери. Наместо техничко опремување, Рамковски, односно неговата фирма “Вемакс”, само две недели по добивањето на кредитот во 1997 година, веднаш ги префрлиле парите на сметка на компанија за извоз на месо од Бостон, САД. МДЛФ во1998 година дознале дека Рамковски, наместо опрема, купил смрзнати пилиња. Дополнително, во МДЛФ го обвинуваат Рамковски дека ги фалсификувал фактурите за наводната набавка на телевизиската опрема, со цел да ја прикрие проневерата, но истовремено и да ги избегне тогашните рестрикции во Македонија во однос на странските валути.
Спорот на А1 и МДЛФ со години е заглавен во македонските судови. Последната пречка во конечната разрешница на спорот и остварувањето на правото на Американците да си го наплатат долгот е Основниот суд Скопје 2, кој ја стопирал одлуката за реализација на залогот што го дал Рамковски како гаранција за кредитот. Решението за забрана на наплатата ја донел судијата Радован Бурјаковски, чие работење по барање на правните застапници на МДЛФ во Македонија во моментов го испитува и Републичкиот судски совет. Минатата недела и Министерството за правда испратило допис до Основниот суд Скопје 2, во кој побарало информација за причините поради кои се одолжува судската постапка, но одговор од судот сў уште нема. Од правда реагирале и до Врховниот суд, односно го запознале претседателот Дане Илиев со случајот. Апелациониот суд во октомври минатата година го укина решението на скопската двојка и оттогаш предметот повторно е вратен во овој суд. Таму треба да продолжи постапката за извршување, односно во зависност од тоа дали на жиро-сметката на должникот има доволно средства, треба или да се наплатат парите, или извршувањето да продолжи врз друг имот на А1 или, пак, да се отвори стечајна постапка против телевизијата.
Во јануари 2004 година тогашниот министер за правда, Иџет Мемети, јавно го повика Рамковски да си го плати долгот спрема МДЛФ, оценувајќи дека постои правна основа за реципроцитет во признавањето на странски судски одлуки, односно со одлуката на судот во САД. Рамковски тогаш тврдеше дека “станува збор за владин притисок врз судот и врз А1 телевизија”.
Претставникот на МДЛФ, Питер Вајтхед, во изјава за “Утрински весник” вели дека на “меѓународната заедница Ј се добро познати проблемите на Македонија со правниот систем, како и заштитата на странските инвеститори и дека од решавањето на тие проблеми зависи и идната поддршка за Македонија”. “Нашата правна акција ќе им биде од корист на македонските власти”, вели Вајтхед. Во писмото на првиот човек на МДЛФ, Андерсон, до Владата се наведува и дека “целта на иницијативите на неговата компанија не е да се загрозат шансите на земјата за придружување кон ЕУ или, пак, добрите односи со САД”, но тој предупредува дека нивните мерки ќе имаат “сериозен негативен ефект врз меѓународната позиција на Македонија”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

