Свет
ЕУ бара од Македонија објаснување за кредитот на Рамковски
На политичкиот дијалог меѓу Македонија и Европската комисија на дневен ред ќе се најдат вкупно 13 точки
Откако американскиот Фонд за медиуми го информираше Брисел за ажурноста на македонските судови
На политичкиот дијалог меѓу Македонија и Европската комисија на дневен ред ќе се најдат вкупно 13 точки
Европската комисија на претстојниот политички дијалог со претставниците на македонската Влада ќе бара објаснување за блокирањето на судската одлука во врска со кредитот што американскиот Фонд за развој на медиумите (МДЛФ) му го дал на сопственикот на скопската телевизија А1, Велија Рамковски.
Политичкиот дијалог што ќе се одржи во вторник во Брисел е последната официјална средба на македонските претставници со надлежните во Европската комисија во пресрет на добивањето на мислењето од ЕУ на 9 ноември годинава. На политичкиот дијалог меѓу Македонија и Европска комисија на дневен ред ќе се најдат вкупно 13 точки. Во делот посветен на реформи на судството, како потточка е најавена можноста да се дискутира и за кредитот во износ од 1,4 милиони долари што американскиот Фонд за медиуми му го дал на Рамковски уште во 1997 година, а овој до денес не го вратил, односно зошто целиот случај повеќе од пет години се влечка во македонските судови.
Официјално, никој во Владата не сака го коментира прашањето. Портпаролот на Секторот за евроинтеграции, Валентин Нешоски, вели дека не е сигурен дали проблемот со кредитот на А1 ќе се најде на дневен ред на состанокот кој, според познавачите, е клучен во пресрет на конечното изјаснување на Комисијата. Неофицијално, владини извори велат дека од Брисел им било најавено да подготват информации за проблемот со судската разрешница на спорот меѓу МДЛФ и Рамковски, кој веќе пет години се влече во македонските правни лавиринти. Министерството за правда, кое е надлежно да ја подготви информацијата што ќе се најде на маса на разговорите во Брисел, уште на 12 овој месец испратило допис до Основниот суд Скопје 2 во кој барало информација за одолжување на судската одлука, но до вчера оттаму сў уште не добиле одговор. Во Министерството потврдуваат дека барањето до судот било испратено поради претстојните разговори со ЕУ.
Американскиот Фонд за развој на медиумите, во обид да си го наплати долгот од Рамковски, минатиот месец одлучил да се обрати до Европската комисија, односно директно до комесарот за проширување, Оли Рен, како и до Стејт департментот, Светска банка, ММФиnbsp; и други светски институции и да ги информира за проблемот. За неможноста да си ги наплатат парите Американците со писмо ја информирале и македонската Влада и притоа претставниците на МДЛФ порачале дека проблемот ќе има “сериозен негативен ефект врз меѓународната позиција на Македонија”.
Како што веќе пишувавме, станува збор за кредит наменет за подобрување на квалитетот, техничката опременост на телевизијата и набавка на трансмитери, кој МДЛФ го исплатил во 1997 година. Наместо техничко опремување, Рамковски, односно неговата фирма купиле пилешки копани од компанија за извоз на месо од Бостон, САД. На МДЛФ до денес не му била исплатена ниту една рата од кредитот, а поради неажурноста на македонските судови фирмата повеќе од пет години не може да си го наплати долгот. Спорот меѓу А1 и МДЛФ моментално го разгледува Апелациониот суд, а претходно со години беше блокиран во Основниот суд Скопје 2.
иnbsp;Директорот на компанијата, Кенет Андерсен, во писмото уште пишува и дека оваа фондација инвестирала повеќе од 42 милиони долари за развој на медиумите на четири различни континенти. Од 1997 досега во регионот на Југоисточна Европа, МДЛФ издвоила повеќе од 12 милиони долари за развој на медиумите, но Македонија не добила ништо од таа сума поради проблемите со спомнатиот кредит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos
Свет
Трамп: Орбан никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, попладнево ја повтори својата поддршка за унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори во Унгарија, само неколку часа откако германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го критикуваше унгарскиот лидер за неговите критики за неговата поддршка за Украина.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп го нарече Орбан „вистински силен и моќен лидер кој има докажана евиденција за постигнување феноменални резултати“.
„Тој неуморно се бори за својата голема земја и народ и ги сака, исто како што јас ги сакам Соединетите Американски Држави“, рече Трамп.
Тој, исто така, истакна дека Орбан вредно работи за да ја заштити Унгарија, да ја развие економијата, да создаде работни места, да ја промовира трговијата, да ја запре нелегалната имиграција и да обезбеди закон и ред. Трамп, исто така, се осврна на односите меѓу двете земји за време на неговото претседателствување.
„Односите меѓу Унгарија и Соединетите Американски Држави достигнаа нови височини на соработка и спектакуларни достигнувања под мојата администрација, во голема мера благодарение на премиерот Орбан“, напиша тој.
Трамп, исто така, ја изрази својата желба да продолжи соработката „за да можат двете наши земји да продолжат да напредуваат по овој извонреден пат кон успех“.
Тој потсети дека го поддржал Орбан на изборите во 2022 година. „Бев горд што го поддржав Виктор за реизбор во 2022 година и ми е чест што го правам тоа повторно“.
„Виктор Орбан е вистински пријател, борец и победник и ја има мојата целосна и комплетна поддршка за реизбор како премиер на Унгарија. Тој никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија“, заклучи Трамп.
фото/епа
Свет
Трамп повторно го тужи Харвард
Администрацијата на Трамп денес поднесе нова тужба против Универзитетот Харвард, обвинувајќи го дека не се придржувал до федералната истрага и барајќи документи поврзани со неговите практики за прием на студенти.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Бостон, адвокатите на Министерството за правда на САД изјавија дека бараните документи ќе помогнат да се процени дали Харвард се придржува до пресудата на Врховниот суд на САД од 2023 година, со која програмите за прием на колеџи базирани на раса се прогласени за неуставни.
Министерството за правда соопшти дека ја поднело тужбата „единствено за да го принуди Харвард да достави документи поврзани со какво било разгледување на расата при приемот“ и „не го обвинува Харвард за какво било дискриминаторско однесување, ниту бара парична отштета или укинување на федералното финансирање“.
Трамп, претходно овој месец изјави дека неговата администрација бара 1 милијарда долари од Харвард за решавање на истрагите за политиките на универзитетот, откако новинските извештаи објавија дека Трамп се откажал од барањето за исплата од престижниот универзитет.
Харвард е во фокусот на широката кампања на администрацијата за користење на федерално финансирање за да се поттикнат промени на американските универзитети, за кои Трамп вели дека се погодени од антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.
Администрацијата откажа стотици грантови доделени на истражувачи од Харвард врз основа на тоа што универзитетот не направил доволно за да го спречи вознемирувањето на еврејските студенти на својот кампус, што го натера Харвард да поднесе тужба.
фото/Depositphotos

