Свет
Запленети 4.480 штеки "данхил","ронсон" и "карелија"
Цигарите биле во фургон, сокриени во црни вреќи маскирани со сточна храна, а од Струмица В.Х. (31) за 200 евра требало да ги превезе цигарите во Скопје и да му ги предаде на непознато лице
РЕКИНАТ КАНАЛ ЗА ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ БЕЗ БАНДЕРОЛИ
Цигарите биле во фургон, сокриени во црни вреќи маскирани со сточна храна, а од Струмица В.Х. (31) за 200 евра требало да ги превезе цигарите во Скопје и да му ги предаде на непознато лице
Полицијата во близина на Катланово, завчера, запленила околу 4.480 штеки, разновидни цигари. Запленетите цигари, како што соопшти полицијата биле без бандероли, сокриени во возило “Застава фургон” со струмички регистерски ознаки. Во акцијата бил уапсен и возачот В.Х. (31) од Струмица против кого по целосното расветлување на случајот ќе биде поднесена кривична пријава. Истражен судија се очекува да му одреди и мерка притвор.
2.025 штеки од запленетите цигари се од марката “ронсон”, 1.450 штеки се “данхил” а останатите се од марката “карелија слимс”.
Од досегашната истрага е утврдено дека В.Х. цигарите ги превезувала од Струмица за Скопје и требало да му ги предаде на лице во Скопје. За транспортните услуги возачот требало да добие надоместок од 200 евра. Цигарите биле спакувани во црни најлонски кеси а потоа биле камуфлирани со вреќи наполнети со сточна храна.
Ова е втор случај откриен неделава. Пред неколку дена кај Табановце беа откриени и запленети 813 штеки цигари без бандероли. Во акцијата беа уапсени и притворени Д.Т. и Б.М. .
За шверцот со цигари неодамна пишуваа и грчките медиуми според кои има обид да се вмеша и Македонија. Грчките медиуми посочуваат дека камиони и шлепери со цигари и нафта влегуваат во Македонија на граничните премини преку Дојран и Меџитлија иако според договорот на двете земји било назначено акцизната стока да се пренесува само на граничниот премин Богородица.
Предупредувачки сигнали за можниот шверц со цигари до нашата царина испратил и амбасадорот на Македонија во Грција Благоја Ханџиски, при што следел повратен одговор дека акцизната стока исклучиво поминува преку граничниот премин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија има сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.