Свет
80- годишна жена исфрлена на улица
Штипјанката Катарина Кочиева(80) вчера со судски извршители и со асистенција на полицијата била иселена од станот во кој живее целиот живот
ШТИПЈАНКА СО ПОЛИЦИСКО-СУДСКА ФИНТА ИСЕЛЕНА ОД СТАН ВО НАСЕЛБАТА СЕЊАК
Катарина Кочиева вчера беше иселена од дома откако надлежните и рекле дека треба да дојде со нив во полиција и во Суд за да се договорат
Штипјанката Катарина Кочиева(80) вчера со судски извршители и со асистенција на полицијата била иселена од станот во кој живее целиот живот. Судските извршители на помош повикале и жени- полицајки за да можата полесно да се справат со старицата, која на првото судско извршување не сакала да излезе од станот. Сепак, Кочиева вчера била иселена без употреба на сила. Нејзе и рекле дека треба да дојде со нив во полиција и во Суд за да се договорат. Кога таа ги послушала и излегла надвор, судските извршители кои дошле и со работници, набрзина го изнеле немештајот и работите од станот: еден шифоњер, кревет и алишта и ги оставиле надвор пред зградата, а дел и пред подрумот од станот. Бравата веднаш била сменета.
На ваквото иселување реагирале соседите. “По иселуваењето Ката замина како што знаеме ние, во полиција, која рекла дека таа најпрвин ќе биде кај нив, а потоа ќе видиме каде ќе биде сместена. Се плашиме од таму таа да не замине кон реката Брегалница и да не направи нешто лошо оти е премногу разочарана. И сега не знаеме каде е”, велат нејзините најблиски соседи. На иселувањето не присуствуваше нејзиниот адвокат, кој како што дознаваме барал одлагање на извршувањето заради тоа што до Републичкиот јавен обвинител покренал постапка за заштита на законитоста.
Ката Кочиева е поранешна работничка на ТК “Македонка”, но станот го добила од модната конфекција “Астибо” каде работел нејзиниот сопруг. По неговата смрт, Ката, која нема деца, останала да живее сама во станот од 42 квадратни метри во населбата Сењак. Со оглед на тоа што здравјето и се нарушило, пред 10 години склучила договор со семејството Трајанови од Штип за доживотна издршка. Брачната двојка Силвана и Јоцо Трајанови тогаш се вселиле во нејзиниот стан и живееле заедно со неа. Подоцна, кога се продаваа општествените станови, Трајанови за сметка на Кочиева, која немала пари, вложиле 6.000 германски марки и го купиле станот на Ката. Тие со неа се договориле, по нејзината смрт станот да им припадне ним, со оглед на договорот што го склучиле за доживотна издршка. Меѓутоа, по шест месеци од познати причини бабата се премислила и решила да го прекине договорот. Трајанови си ги барале парите назад, но откако старицата не можела да им ги вратитие ја тужеле. Но и таа поднела тужба со која барала нивно иселување и наплата на кирија. Судот донел одлука и ги задолжил двете страни да си ги извршат обврските. Но, откако бабата не можела да си ја исполни својата обврска, Трајанови повеле постапка за присилна наплата преку продажба на станот. На првото наддавање не се јавил никој, но на второто учествувало само семејството Трајанови, кое веќе има и извршно решение. По вчерашното извршување Катарина Кочиева, која нема ниту деца, ниту роднини, се најде на улица исфрлена од станот и без никој да знае каде е сега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

