Свет
Ги малтретирал за да им земе по 1000 евра за испит
Откако 20-тина студенти не успеале да го положат испитот ни во последната условна сесија, за да не изгубат година проф. Љубе Глигоровски им предложил полагање пред Комисија штро сам си ја формирал без знаење на деканатот
МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ КАКО ПРИВАТНО ЧЕКМЕЖЕ
Откако 20-тина студенти не успеале да го положат испитот ни во последната условна сесија, за да не изгубат година проф. Љубе Глигоровски им предложил полагање пред Комисија штро сам си ја формирал без знаење на деканатот, што според тврдења на студен
Околу 20 студенти по медицна пред една недела нелегално фатиле услов за четврта година на Медицинскиот факултет во Скопје. Според неофицијални информации од факултетот, идните лекари откако и по неколку обиди не успеале да го положат испитот по пропедефтика или вовед во интерна медицина, добиле можност да полагаат пред комисија. Но, своето знаење студентите не го презентирале пред комисија што по правило треба да ја одбере Деканатот, туку полагале пред испрашувачи кои лично си ги избирал шефот на катедрата по интерна медицина проф. Љубе Глигоровски. Според правилата, студентот незадоволен од исходот при полагањето испит има право по претходно поднесена жалба да полага пред комисија, но таа исклучиво треба и има право да ја формира Деканатот со согласност на деканот на Медицинскиот факултет. Само тогаш, објаснуваат од Деканатот на Медицински, оценката од положениот испит е важечка.
Извори од факултетот за ВЕСТ кажуваат дека проблемот со посочениот испит се појавил пред еден месец кога 150 студенти, по три-четири обиди не успеале да ги соберат потребните поени за да положат. На секое наредно полагање, неофицијално додаваат истите извори шефот на катедра ја намалувал бодовната граница, за на крај преодна оценка да добијат дури и некои студенти кои на тестот добиле само шест поени. Околу 20-тина од нив не добиле ниту еден бод и за да не изгубат година проф. Глигоровски им предложил полагање пред Комисија.
Но, шефот на катедра по интерна медицина наместо жалбите на студентите да ги проследи до Деканатот, тој на своја рака, без одобрение од деканката на Медицински проф. Магдалена Жантева си составил своја комисија. Шпекулациите се дека за ваквата привилегија студентите плаќале и до 1.000 евра.
“Што се 1.000 евра кога е во прашање губење година. Испитот не е толку тежок и се чини дека намерно не буткаа само да соберат пари од нас”, револтитрано коментирале студентите во Деканатот, откако дознале дека еден нивни колега легално по жалба добил право да полага пред Комисија формирана од Деканатот.
За целиот случај дознала и деканката на Медицинскиот факултет проф. Жантева која од проф. Глигоровски побарал писмено објаснување за неговото самоволие. Таа наредната недела треба да се изјасни дали ќе ги признае оценките од положените испити.
Вчера на Клиниката за пулмологија каде работи, не успеавме да го дбиеме проф. Глигоровски, кој според кажувањето на вработените отишол на промоција на книга. За дополнителен коментар недостапна беше и проф. Жантева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Захарова: САД ги користат вештачко поттикнатите немири во Иран како изговор за повторување на нападите врз земјата
Руското Министерство за надворешни работи остро ги критикуваше САД за „заканите за нови воени напади“ врз Иран, а заканата на американскиот претседател Трамп за воведување трговски царини ја нарече „уцена“.
Портпаролката на министерството, Марија Захарова, изјави дека заканите на САД за напади врз Иран се „категорично неприфатливи“. Таа ги предупреди САД да не ги користат немирите во Иран како „изговор“ за повторување на нападите врз земјата, откако американските воздухопловни сили нападнаа три нуклеарни објекти во јуни минатата година.
Според неа, таквата акција би имала „катастрофални последици“ на Блискиот Исток, „како и за глобалната меѓународна безбедност“.
„Исто така, цврсто ги отфрламе бесрамните обиди за уценување на странските партнери на Иран со зголемување на трговските царини“, рече таа, осврнувајќи се на најавата на Трамп за царина од 25 проценти на американскиот увоз за трговските партнери на Иран.
Коментирајќи ги антивладините демонстрации во Иран, таа рече дека „вештачки предизвиканите протести“ се смируваат, што дава надеж за „постепена стабилизација на ситуацијата“.
Европа
Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби
Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка критика кон претседателот Володимир Зеленски додека се обидува да ги реорганизира клучните сектори во критичен момент од војната со Русија.
Шмихал, кој беше премиер пет години пред да биде преместен во Министерството за одбрана минатата година, беше назначен од Зеленски да го води енергетскиот сектор потресен од обвинувања за корупција и руски напади врз инфраструктурата.
Последната постојана министерка за енергетика беше отпуштена минатата година поради корупциски скандал во кој беше вклучен нејзиниот претходник.
За номинацијата на Шмихал беа потребни 226 гласови за да биде одобрена. 210 гласаа „за“, а три опозициски партии беа воздржани.
Шмихал беше номиниран како дел од големата реконструкција на кабинетот, додека Киев се соочува со растечки руски притисок во војната што влегува во својата петта година следниот месец.
Свет
Поранешниот јужнокорејски претседател се соочува со смртна казна
Јужнокорејски обвинител денес побара смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук-Јол по обвинение за бунт откако земјата накратко прогласи вонредна состојба во декември 2024 година.
Јун е обвинет за заговор за бунт, кривично дело кое носи строга казна според јужнокорејскиот закон, вклучително и смртна казна доколку биде осуден, иако Јужна Кореја не ја извршува смртната казна со децении.
Во своите завршни зборови пред Окружниот суд во Сеул, обвинителот рече дека истражителите потврдиле дека постоел план, наводно предводен од Јун и неговиот поранешен министер за одбрана Ким Јонг-хјун, кој датира од октомври 2023 година и е дизајниран да му овозможи на Јун да остане на власт.
Јун, 65, ги негира обвиненијата. Тој рече дека имал овластување да прогласи вонредна состојба како претседател во тоа време и дека потегот имал за цел да предупреди дека опозициските партии се обидуваат да ја опструираат владата. Се очекува судот во Сеул да донесе одлука во февруари.

