Свет
“Индепендент“: Војна во северен Ирак?
Сериозна опасност од избивање на ново крвопролевање во северен Ирак, најавува денешен лондонски “Индепендент“.
Сериозна опасност од избивање на ново крвопролевање во северен Ирак, најавува денешен лондонски “Индепендент“.
Истиот извор посочува дека “во момент кога светот е уверен дека на Ирак, конечно, му претстои мир, државата е пред нов воен судир“.
Повторно избивање на овој историски судир, што ја одбележа втората половина на минатиот век, би можело сериозно да ја дестабилизира државата во момент кога почнува да закрепнува од американската окупација и граѓанската војна меѓу Шиитите и Сунитите.
Нова ирачка трагедија предвидува весникот, доколку конлфиктот се развие за што сведочат и извештаите за зачестени престрелки и киднапирања.
Плановите на претседателот Барак Обама да повлече над 140 илјади Американци од државата и да ги ангажира во Авганистан, целосно би се измениле, пишува “Индепендент“./крај/он/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

