Свет
Бернанке: Има разумни изгледи рецесијата да заврши до крајот на годината
Претседателот на Федералните резерви на САД, Бен Бернанке гледа „разумна перспектива“ длабоката рецесија да заврши до крајот на годината, доколку
Претседателот на Федералните резерви на САД, Бен Бернанке гледа „разумна перспектива“ длабоката рецесија да заврши до крајот на годината, доколку плановите за спас и стимулација ги дадат очекуваните резултати.
Тој во рамки на своето обраќање пред Конгресот на САД предупреди дека целосното заздравување на економијата може да одземе повеќе од две – три години.
Бернанке беше воздржан во прогнозите и оцени дека американската економија бележи длабок пад, кој што продолжува и во првото тримесечие од 2009 година.
И покрај тоа, тој рече дека преземените иницијативи изгледа започнуваат да ги стабилизираат расклатените финансиски пазари и доколку тие ги дадат очекуваните резултати, рецесијата може да заврши до крајот на 2009 година.
„Важно е да продолжиме да ги дополнување плановите за стимулирање на фискалниот систем со решителни мерки на властите за стабилизирање на финансиските институции и финансиските пазари“, додаде Бернанке.
Тој додаде дека претставниците на Федералните резерви сметаат оти „целосното заздравување на економијата од сегашната рецесија може да одземе над две – три години“.
Се очекува, посочи Бернанке, невработеноста да остане на високо ниво до 2011 година, што ќе ја отежни економската дејност./крај/бгнес/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.