Свет
Лик на Афроамериканец на американска паричка

Големиот џез мајстор Дјук Елингтон (1899-1974) е првиот Афроамериканец чиј лик ќе биде втиснат на една американска паричка, соопшти Националната
Големиот џез мајстор Дјук Елингтон (1899-1974) е првиот Афроамериканец чиј лик ќе биде втиснат на една американска паричка, соопшти Националната агенција за пари.
Неговиот лик ќе биде втиснат на металната паричка од 25 центи, чиј примерок беше претставен синоќа во Националниот музеј на американска историја.
Претходно неколку ликови на Афроамериканци се појавувале на комеморативни банкноти и монети, а првиот црномурест американец кој се појавил на паричка бил извесен роб од 19 век, кој бил прикажан заедно со истражувачите Кларк и Луис. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Џереми Кларксон ја нападна Грета Тунберг: Луда е и опасна, нека се врати во училиште

Познатиот водител, без влакна на јазикот, Џереми Кларксон ѝ порача на Грета Тунберг да „замолчи и да се врати во училиште“. Тој на 16-годишната девојка, која предупредува на климатските промени, ја нарече „луда и опасна“ за време на промоцијата на новата сезона на шоуто „Гранд Тур“.
Педесет и деветгодишниот водител доби отказ на Би-би-си и беше исфрлен од „Топ Геар“, по караницата со продуцентот на шоуто.
„Таа е луда и опасна, нејзиниот идиотизам доведува голем број деца до бесони ноќи. Мислам дека треба да замолчи и да се врати во училиште“ рекол Кларксон.
Неколку дена претходно во интервју за „Индепендент“, Грета ја нарече „глупава идиотка“. Додаде дека нејзиниот говор во ОН, во кој истакна дека ѝ ги украле соништата и детството, не нуди баш никакви решенија.
„Мислам дека е чудна Швеѓанка со тежок карактер. Ништо не се постигнува со пловидба преку океан на јахта, која троши гориво и лежи на моторот од бродот“ рекол тој.
Додал дека е свесен за климатските промени веќе некое време, а сега, како што ја нарекува, таа чудна Швеѓанка, трчала наоколу и викала дека сите ќе умреме.
Европа
Жените во Словачка за абортус нема да мора да добијат согласност од мажот

Словачка го отфрли нацрт-законот со кој се бараше жените да направат ултразвук пред абортусот за да го слушнат чукањето на срцето на фетусот, но и да добијат согласност од мажот пред да биде одобрена постапката, јавуваат медиумите.
Предлог-законот беше поднесен од тројца членови на конзервативната Словачка национална партија.
За предлогот на спорниот закон беше дискутирано на почетокот од оваа недела и беше одбиен денес, објави АП.
Повеќе од 30 организации, вклучувајќи ги „Амнести интернешнл“ и „Хјуман рајтс воч“, изразија длабока загриженост за ваквиот предлог-закон.
Тие предупредија дека доколку се донесе законот, Словачка ќе биде единствената членка на ЕУ што ќе наметне такви барања на жени во земји со легализиран абортус.
Свет
Ердоган: Сојузниците не смеат да ја напуштат Турција

Сојузниците не смеат да ја напуштат Турција во борбата против тероризмот, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган, бидејќи Анкара го одобри планот на НАТО за одбрана на Балтикот и Полска.
Претходно, пред Самитот, Ердоган рече дека Анкара ќе го блокира планот сè додека нејзините сојузници не го поддржат во борбата против курдската милиција, која Турција ја смета за терористичка организација, пренесува „Ројтерс“.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги1 месец
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“