Свет
Кина го отфрли американскиот извештај за човековите права
Кинеските државни медиуми жестоко го нападнаа извештајот на американскиот Стејт Департмент во кој се критикува состојбата со човековите права во Кина
Кинеските државни медиуми жестоко го нападнаа извештајот на американскиот Стејт Департмент во кој се критикува состојбата со човековите права во Кина.
Кинеските медиуми оценуваат дека се работи за неосновани обвинувања и мешање на Вашингтон во внатрешните работи на други држави.
Стејт Департментот во извештајот објавен синоќа, ја обвинува Кина за културна и верска репресија на малцинствата на Тибет и во останатите делови на државата, како и за се пооштра пресмнетка со дисидентите.
Властите и натаму им го ограничуваат правото на луѓето на приватност, слобода на говорот, движење, собирања и здружувања, се наведува во американскиот извештај. Стејт Департментот посочува дека кинеските власти и натаму применуваат мачење, изнудување искази, и оти донесуваат смртни пресуди без правосилна судска постапка.
Државната агенција Ксинхуа на таквите обвинувања возврати дека се работи за мешање во внатрешните работи на Кина, дека се извртуваат факти и се даваат неодговорни забелешки на сметка на кинескиот правен систем, а се занемаруваат кинеските достигнувања во областа на човековите права.
Некои од светските агенции потсетуваат дека Кина, човековите права ги поврзува со подобрување на животниот стандард на луѓето. /крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

