Свет
Русија одвои 11 млрд долари за санација на банките

Руската влада вбризга 11,14 милијарди долари во финансиското закрепнување на комерцијалните банки, погодени од глобалната економска криза.
Руската влада вбризга 11,14 милијарди долари во финансиското закрепнување на комерцијалните банки, погодени од глобалната економска криза.
Според претставникот на Централната банка, Михаил Сухов, државата наведените средства ги вложила, а не ги потрошила за санација на кредитните организации.
Од споменатата сума буџетски средства, дел од парите ги доби Агенцијата за осигурување на депозити, додека останатите беа поделени како кредитни линии на новите сопственици на банките „Кит Финанс“, „Глобекс“ и „Швајц-банк“.
Истовремено, Русија во јануари оствари драстичен пад на суфицитот во надворешно трговската размена, поради падот на цената на нафтата.
Невработеноста во Русија во последните три месеци е зголемена за 180.000 лица, но се стравува дека таа бројка наскоро би можела дополнително да се зголеми./крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Разговарав со Путин, го повикав да им ги поштеди животите на украинските војници во Курск

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал многу добар и продуктивен телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, тврдејќи дека има големи шанси на оваа ужасна крвава војна, конечно, да ѝ дојде крајот.
Трамп исто така рече дека разговарал со Путин за украинските сили во Курск барајќи од рускиот лидер да ги поштеди нивните животи откако наводно биле опколени од руските сили.
„Вчера, имавме многу добри и продуктивни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и има големи шанси оваа ужасна крвава војна, конечно, да заврши“.
„Но, во овој момент илјадници украински војници се целосно опкружени од руската војска и се во многу лоша и ранлива состојба. Силно побарав од претседателот Путин да ги поштеди нивните животи. Ова би бил ужасен масакр, каков што не е забележан од Втората светска војна. Нека Господ ги благослови сите!!!“, рече Трамп.
Свет
„Политико“: Мерц постигна договор со Зелените отворајќи го патот за огромни вложувања во одбраната

Идниот германски канцелар Фридрих Мерц постигна договор со Зелените за огромен план за трошење, кој ќе пренасочи стотици милијарди евра за одбрана и инфраструктура, дознава „Политико“ од луѓе запознаени со преговорите.
Мерц, лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), претходно овој месец склучи договор со Социјалдемократската партија (СПД) за ефикасно ослободување на трошоците за одбрана од строгите одредби на уставната сопирачка за долг и создавање специјален фонд од 500 милијарди евра за финансирање инфраструктурни проекти надвор од нормалното буџетско трошење во следната деценија.
Меѓутоа, за законите да поминат во парламентот, на Мерц му требаше поддршката од германските Зелени, од кои досега ја немаше. Денешниот очигледен договор го отвора патот мерките да бидат усвоени во Бундестагот во вторник.
Деталите за пробивот со Зелените сѐ уште не се јасни денес, но луѓе запознаени со преговорите велат дека е постигнат широк договор за пакет-трошоците, пишува „Политико“. Договорот ќе означи голем чекор подалеку од децениското фискално ограничување на Берлин, со цел да се ослободи масивното трошење за да се зајакне одбраната и да се поттикне германската економија.
Зелените начелно се согласија со планот на Мерц откога ги обезбедија обврските за заштита на трошоците поврзани со климата, според луѓе запознаени со преговорите.
Свет
Tрамп: Покварениот Џо Бајден нѐ доведе во вистински хаос со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот претходник, Џо Бајден, во објава на социјалните мрежи.
„Покварениот Џо Бајден нè внесе во вистински хаос со Русија (и сите други!), но јас ќе ја извлечам ситуацијата. Милиони луѓе умреа без потреба за никогаш повеќе да не се видат… И многу други ќе умрат ако не го завршиме и потпишеме прекинот на огнот и да има конечен договор со Русија.
Немаше да има војна да бев претседател. Тоа, едноставно, 100 проценти, не би се случило. Исто така, немаше да има 7 октомври со Израел, повлекувањето од Авганистан ќе беше силно и гордо и немаше да биде најсрамниот ден во историјата на нашата земја, тоа можеше да биде момент на слава“, напиша Трамп на „Трут соушал“.
„Исто така, немаше да има забележлива инфлација – наместо тоа, имаме рекордна инфлација што ја уништува земјата каква што досега не сме виделе“, рече Трамп.
Ќе имаме и непробојна граница, со многу малку илегалци што влегуваат. Ах, каква разлика ни направија наместените и нефер избори, а луѓето што ни го направија тоа треба да завршат во затвор!“, додаде тој.
Оваа најава доаѓа додека се чека конкретен одговор од Русите дали ќе се согласат на 30-дневен прекин на огнот.
За време на состанокот со американските претставници во Џеда, Саудиска Арабија, Украинците рекоа дека се подготвени да се согласат на прекин на огнот.