Контакт

Свет

Бомбаш самоубиец се разнесе во центарот на Багдад, тројца загинати

Објавено пред

Најмалку три лица загинаа, а десетици беа повредени кога утринава бомбаш самоубиец се разнесе во близина на хотел во центарот на Багдад што го користи ирачката полиција и нејзините странски инструктори, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Најмалку три лица загинаа, а десетици беа повредени кога утринава бомбаш самоубиец се разнесе во близина на хотел во центарот на Багдад што го користи ирачката полиција и нејзините странски инструктори, соопшти полицијата. Самоубиецот управувал со камион за ѓубре, и во моментот кога се доближил до хотелот, го активирал експлозивот. Во близина на местото на експлозијата се наоѓа и зградата на Министерството за земјоделство./макфакс/

Македонија

Заводот за трансфузија во Белград: Има доволно крв за повредените во пожарот во Кочани

Објавено пред

Како што истакнуваат од српскиот Завод за трансфузија на крв во Белград, резервите на крв во моментот се стабилни и доколку има потреба од трансфузија кај пациентите што беа повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а кои беа пренесени во Белград и моменно се на Ургентниот центар на КЦС, ќе бидат згрижени.

dobivaj vesti na viber

„Кога станува збор за повредените во пожарот во Кочани, што се однесува до крвта, тие се згрижени. Би сакала да забележам дека за такви повреди крвта не е од суштинско значење за лекување. Се разбира, никогаш не се знае како ќе се одвива текот на лекувањето и важно е да се напомене дека резервите на крв во овој момент се стабилни“, изјави Мирјана Кнежевиќ од Институтот за трансфузија на крв.

Како што наведе таа, Заводот за трансфузија на крв во моментот има резерви од четири дена, што е добра состојба, но дарувањето крв не треба да престане бидејќи секојдневно се потребни крводарителите.

„Вчера, во просторијата на Заводот за трансфузија на крв имаше уште неколку доброволни крводарители, но бидејќи тоа не е пресудно за повредените пациенти од Кочани, нема потреба од паника затоа што, доколку има потреба, ќе бидат згрижени во однос на трансфузијата и воопшто не смееме да се опуштиме бидејќи мора да бидеме свесно и одговорно општество и секогаш да имаме стабилни резерви“, нагласи Кнежевиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

„Во такви моменти нема граници – само човечка болка, жалиме со нашите браќа Македонци“, бугарските партии изразија сочувство

Објавено пред

Бугарските политички партии изразија сочувство до браќата Македонци на денот на националната жалост, прогласен од министерскиот совет во Бугарија во знак на солидарност со трагедијата во градот Кочани, Република Северна Македонија, во која загинаа 59 лица, а над 155 беа повредени во пожар во дискотеката „Пулс“ на 16 март, пренесе „Бгнес“.

dobivaj vesti na viber

„Бугарија ја споделува тагата на Северна Македонија по трагичната смрт на 59 лица во Кочани. Во овој тежок момент за нашите најблиски соседи остануваме солидарни во целосна поддршка на македонскиот народ“, соопштија од коалицијата Демократска Бугарија на социјалните мрежи.

Партијата Вазраждане напиша: „Денеска е ден на жалост и солидарност со нашите браќа во Македонија. Господ да ги прости невините млади души!“

И од Има таков народ изразија најискрено сочувство за трагедијата во Кочани. „Ние тагуваме заедно со нашите браќа Македонци“, велат од партијата на Слави Трифонов.

„Денеска, Бугарија е во жалост! Жалиме заедно со нашите браќа и сестри од Кочани и изразуваме длабоко сочувство за семејствата на загинатите во трагичниот пожар. Во такви моменти нема граници – само човечка болка и поддршка што можеме да ја дадеме. Почит кон споменот на жртвите“, стои во ставот на партијата Величие.

Премиерот на Бугарија, Росен Жељазков, го прогласи 18 март за ден на национална жалост како израз на солидарност со „нашиот најблизок сосед на Балканот – Република Северна Македонија, а во врска со трагичниот инцидент во градот Кочани, во кој загинаа 59 лица, над 150 беа повредени во пожар во дискотека“.

14 од повредените се пренесени во медицинските установи во Бугарија – во Софија, Пловдив и во Варна.

„Во такви моменти најважно е да се покажат навремена емпатија и солидарност. Бугарија е подготвена да прифати уште жртви“, изјави вчера премиерот Жељазков.

Претходно денеска, шефот на бугарската држава, кој се потпиша во книгата на жалост во Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија, најави дека Бугарија може да прифати повеќе жртви доколку на Скопје му треба поголема медицинска помош уверувајќи дека медицинските тимови се подготвени.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски се огласи неколку часа пред разговорот меѓу Путин и Трамп

Објавено пред

Во пресрет на денешниот телефонски разговор меѓу Путин и Трамп украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека „Путин продолжува да ја одложува оваа војна“.

dobivaj vesti na viber

„Веќе една недела Путин не може да каже ‘да’ на предлогот за прекин на огнот“, рече Зеленски. Зеленски додаде дека американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот се залага за спасување животи дозволувајќи им на дипломатите да работат на обезбедување безбедност и траен мир – предлог што Русија го игнорира“.

„Секој ден од војната е прашање на човечки животи“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Х повикувајќи на притисок врз Москва да ја прекине војната.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во близина на дискотеката во Кочани имало склад за нафта

Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде што во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се...

Македонија2 часа

Краткотраен притвор за 16 лица во случајот со пожарот во Кочани, соопшти Обвинителството

До овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица. Предлозите се прифатени и мерката...

Македонија4 часа

Осуммина пациенти од КАРИЛ денес заминуваат на лекување во странство, Мерџаноски вели дека не се во тешка состојба, но има влошување

Лекарите утрово известија дека состојбата на пациентите повредени во пожарот во Кочани сместени во нивните клиники е под контрола, но...

Македонија4 часа

Жалам што за 15 минути за одредена сума се давани овие лиценци: Мицкоски најави голема акција и затворање и санкционирање на сите што не ги исполнуваат условите за работа

Како држава во рекордно време ги преземавме сите мерки и протоколи што требаше да бидат преземени како никогаш досега, изјави...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Јас никаде не влегов со камери и немам намера да правам пиар од сето ова

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција извести дека ги посетил пациентите повредени во пожарот во Кочани, хоспитализирани во Скопје. На...

Македонија5 часа

Умре колега на кој треба да му се издигне споменик, а возач на Итната помош е најпонижуваната и неплатена професија, вели колега на Иле Гоцевски, кој почина по кобната ноќ

Стефан Бурназов работел кобната ноќ и следниот ден заедно со возачот на Итната медицинска помош, Иле Гоцевски, кој трагично почина...

Македонија5 часа

Да не се шират дезинформации во врска со бројот на загинатите бидејќи дополнително се зголемува вознемиреноста во јавноста, порачуваат од Владата

Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. „Ова се моменти на...

Македонија5 часа

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови, заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, и...

Македонија7 часа

Клиничкиот центар во Србија ја соопшти состојбата на пациентите од пожарот во Кочани

Вчера, на Ургентниот центар на КЦС, од пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, пристигнаа осум посериозно повредени пациенти, што...

Македонија8 часа

(Видео) Македонската амбасадорка во Бугарија: Немилосрдна борба против сите коруптивни практики мора да има

„Промената во Република Македонија е неизбежна. Општеството сака чистење на системот и одговорност“. Ова го истакна амбасадорката на Република Македонија...

Регион8 часа

Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Македонија – знамињата на половина копје

59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна на 16...

Македонија9 часа

Таравари ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани, кои се лекуваат во Софија

Посетата на македонскиот министер за здравство Арбен Таравари на Софија е најавена за денеска во периодот од 14 до 15...

Регион10 часа

Ден на жалост во Бугарија поради трагедијата во Кочани

Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 18 март 2025 година е прогласен за Ден на национална жалост во...

Македонија19 часа

„Не чувствувам вина, јас ги спасив сите што можев“, кажа Столе Боев обезбедување на дискотеката „Пулс“

Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. „Јас ги спасив сите што можев и многу...

Македонија22 часа

Тага, болка и гнев – Кочани ден по трагедијата низ фотографии

Во Кочани, градот во кој се запали нелегалната дискотека „Пулс“, голем број семејства се завија во црно. Во пожарот, животот...

Македонија24 часа

Обвинителството досега најде 14 одговорни за трагедијата во Кочани, се бара краткотраен притвор за сите

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија,...

Македонија1 ден

На протестот во Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотекта „Пулс”

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Во еден момент, дел...

Македонија1 ден

Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле...

Македонија1 ден

Само 12 лиценци за кабареа биле издадени лани, Мицкоски вели – сите што работат на диво ќе бидат затворени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку...

Македонија1 ден

Петнаесетмина експерти за изгореници од странство се стигнати во земјава, ќе ги лекуваат 84-те пациенти од пожарот кои се во македонските болници

Некои од лекарите специјалисти за лекување изгореници, кои најавија дека ќе дојдат за да помогнат во лекувањето на повредените од...