Свет
Браун повика на „глобален Нов договор“

Британскиот премиер Гордон Браун во обраќањето во американскиот Конгрес повика за меѓународно реструктуирање на финансиските системи, кое го нарече „
Британскиот премиер Гордон Браун во обраќањето во американскиот Конгрес повика за меѓународно реструктуирање на финансиските системи, кое го нарече „глобален Нов договор”.
Како што јави Гласот на Америка, Браун предлага банкарско уредување во светски рамки, соработка за економско стимулирање и намалување на каматните стапки.
САД и Велика Британија особено мора да избегнат протекционизам и да ја „обноват вербата во иднината” преку инвестирање во нови производи, услуги и технологии за да се овозможи просперитет, отворање на нови работни места и спречување на рецесијата, подвлече Браун.
Британскиот премиер го пофали американското лидерство во светот и се заложи за обнова на британско-американското партнерство, што го окарактеризира како – „нескршливо”.
САД и Британија не смеат да ги заборават оние земји кои имаат помалку и затоа сиромашните земји треба да им бидат приоритет во реакцијата на економската криза, порача Браун, на заедничката седница на обата дома на Капитол Хил. /крај/воа/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп вели дека состанок за прекин на огнот во Украина организираат Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин ќе одржат состанок за да се обидат да постигнат прекин на огнот и да ја прекинат војната во Украина.
„Навистина зависи од претседателот Зеленски да го стори тоа сега. Исто така, би рекол дека европските земји треба малку да се вклучат. Но, зависи од претседателот Зеленски. Ако сакаат, ќе бидам на следниот состанок“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“ по средбата со Путин во Алјаска.
„Претпоставувам дека сега ќе закажат состанок меѓу претседателот Зеленски, претседателот Путин и мене“, додаде тој.
На прашањето каков совет би му дал на Зеленски, Трамп рече дека би му препорачал на украинскиот претседател „да склучи договор – Русија е многу голема сила“.
Свет
Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, го покрена прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во писмо до рускиот претседател Владимир Путин. Трамп лично му го предаде писмото на Путин за време на нивниот состанок во Алјаска, изјавија за американски медиуми претставници на Белата куќа.
Меланија Трамп не го придружуваше својот сопруг во Алјаска.
Претставниците на Белата куќа не открија детали за содржината на писмото, но рекоа дека во него се споменува киднапирањето деца за време на војната во Украина.
Киев го нарече киднапирањето на илјадници деца во Русија или на територии окупирани од руските сили без согласност на нивните родители или старатели – воено злосторство што ги исполнува дефинициите на ОН за геноцид.
Москва претходно изјави дека ги штити ранливите деца од воените зони.
Високиот комесар на ОН за човекови права изјави дека Русија предизвикала страдање на милиони украински деца и ги прекршила нивните права од почетокот на нејзината целосна инвазија на Украина во 2022 година.
Регион
Шестмина припадници на полицијата се повредени за време на синоќешните протести во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата.
„Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо дека имало брутален напад врз полицијата, дека демонстрантите дошле со намера да ги нападнат полицајците, да ги повредат“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека вечерта немало поддржувачи на Српската напредна партија, што, како што рече, не ги спречило демонстрантите да ги нападнат просториите на таа партија низ цела Србија, и додаде дека на некои места биле нападнати и просториите на Социјалистичката партија на Србија.