Свет
Русија и Кина загрижени поради тензиите на Корејскиот полуостров
Русија и Кина денеска изразија загриженост поради тензиите на Корејскиот полуостров и ги повикаа Северна и Јужна Кореја на воздржаност
Русија и Кина денеска изразија загриженост поради тензиите на Корејскиот полуостров и ги повикаа Северна и Јужна Кореја на воздржаност.
Ова попладнево во Москва го соопшти руското Министерство за надворешни работи.
“Двете страни изразија загриженост поради влошување на ситуацијата на Корејскиот полуостров“, се наведува во соопштението.
Истиот извор наведува дека шефовите на дипломатии на Русија и на Кина Сергеј Лавров и Јанг Дјече, ги повикале Северна и Јужна Кореја на “воздржаност и спокојност“.
Северна Кореја, спроти почетокот на годишните воени вежби на Јужна Кореја, оцени дека целта на вежбите е “подготовка за превентивен напад“.
Сеул и Вашингтон тврдат дека тие се исклучиво од одбранбен карактер.
Северна Кореја, во понеделникот, ја прекина директната воена врска со Јужна Кореја поради овие вежби, што доведе до целосно затворање на границата.
Тензиите на Корејскиот полуостров ја поттикнуваат и загриженоста дека Пјонгјанг можеби се обидува да развие ракети од долг домет што би можеле да стигнат до американската територија./крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

