Свет
Откриен најмалиот диносаурус висок 50 см
Мал диносаурус месојадец живеел на подрачјето на Северна Америка пред 75 милиони години, констатираа канадските палеонтолози врз основа на досега нај
Мал диносаурус месојадец живеел на подрачјето на Северна Америка пред 75 милиони години, констатираа канадските палеонтолози врз основа на досега најмалиот пронајден фосил.
Откритието на џуџестиот диносаурус, наречен Hesperonychus elisabethee, кој бил речиси за половина помал од денешната мачка, ја илустрира разноликоста на предисториските предатори, наведоа научниците.
„Hesperonychus е досега најмалиот диносаурус пронајден на подрачјето на Северна Америка“, потврди Ник Лонгрих, палеонтолог од одделот за биологија на Универзитетот во Калгари и еден од авторите на студијата објавена од американската Национална академија на науките (ПНАС).
Овој мал диносаурус бил тежок само два килограми и висок 50 антиметри.
„Откритието покажува колку нашето познавање е ограничено и ни дава да претпоставиме дека постоеле и помали диносауруси од него“, нагласи Лонгрих./крај/х/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

