Контакт

Свет

Развиените држави против имигрантите

Објавено пред

Повеќето жители на европските држави и САД сметаат дека невработените имигранти би требало да заминат од државите

Повеќето жители на европските држави и САД сметаат дека невработените имигранти би требало да заминат од државите, покажува истражување објавено во Велика Британија.

Истражувањето ФТ/Харис, објавено во Фајненшл тајмс, покажа дека повеќе од три четвртини Италијанци и Британци, како и повеќето Французи, Германци, Шпанци и Американци, би ги поддржале нивните влади доколку побараа од имигрантите да заминат.

Ваквите резултати се толкуваат со пораст на бројот на невработени во овие држави поради што прашањето за имигрантите би можело да стане политичко, и да придонесе кон јакнење на радикалната десница во развиените држави.

Стапката на невработеност во Шпанија е 14 проценти, во Франција и Германија над седум проценти.

Невработеноста во Велика Британија, исто така, е на највисоко ниво во последните десет години поради што британските работници неодамна протестираа поради вработување на странците.

Според британскиот министер за имиграција Фил Вулас, резултатите од истражувањето не се изненадувачки, но се загрижувачки.

Истражувањето е спроведено на примерок од 6.538 испитаници во период од 25 февруари до 3 март, во Франција, Германија, Велика Британија, Шпанија и САД./крај/ме/ис



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Илјадници Либанци повторно на протести пред парламентот

Објавено пред

Илјадници демонстранти се собраа денеска повторно да протестираат пред либанскиот парламент во Бејрут, неколку часа откако безбедносните сили ги растераа со употреба на солзавец и гумени куршуми, пришто десетици лица беа повредени.

„Протестите вечерва ескалираа во судири, а напаѓачите ги запалија просториите на двете водечки политички партии“, објави либанската новинска агенција.

Во судирите се повредени повеќе од 130 луѓе, но ниту еден не се здобил со сериозни повреди, соопштија од Црвениот крст и либанската граѓанска одбрана.

„Нема да заминеме, уапсете ги сите демонстранти“, извикуваа демонстрантите, од кои многумина носеа либански знамиња, пренесува АП.

Другите носеа транспаренти со кои укажуваат дека солзавецот нема да ги избрка, со натпис „Сега плачеме“.

Либанскиот парламент го избира премиерот утре, а демонстрантите бараат да не е припадник на политичка партија.

Демонстрантите бараат нова независна влада и велат дека нема да прифатат враќање на поранешниот премиер Харири, кој неодамна поднесе оставка.

Прикажи повеќе...

Регион

Уапсени три лица од Косово за пукање во Црна Гора, повреден е полицаец

Објавено пред

Двајца мажи и една жена се уапсени денеска, откако ранија полицаец во центарот на Игало во Црна Гора.

Инцидентот се случил околу 13.30 часот кога врз полицаец со огнено оружје пукало едно од трите лица од Косово, кои се приведени бидејќи не поседувале документи за идентификација, пренесе „Вјести“.

Службеникот М.Л, припадник на граничната полиција, се здобил повреди опасни по живот, а за време на апсењето на осомничените еден од нив е повреден.

Прикажи повеќе...

Свет

Најмалку 10 мртви во пожар во фабрика во Бангладеш

Објавено пред

Најмалку 10 лица загинаа во пожар во фабрика во близина на Дака, што е втора ваква несреќа во Бангладеш за помалку од една недела.

Пожарот избувна во вечерните часови во фабрика за вентилатори во областа Газипур во Дака. Десетте тела биле извлечени откако пожарникарите го ставиле огнот под контрола, рече началникот на прптивпожарната служба, Мамунур Рашид.

Неколку лица се повредени, додаде тој, пренесува „АП“.

Не е познато колку работници имало во фабриката за време на избувнувањето на огнот, ниту причините за пожарот.

Во пожар во фабрика во близина на Дака во средата загинаа најмалку 15 лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Aлфите го пронајдоа детето што се изгуби на кејот на Вардар

Единицата Алфа го пронајде 12 годишниот Мартин кој денеска се загуби во близина на кејот на реката Вардар. Од МВР информираа...

Македонија5 часа

Мицкоски за ексамбасадорот кој репетираше пушка: Го знам од детството, но ќе предложам негово разрешување

На следната седница на Извршниот Комитет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала...

Свет7 часа

(Видео) Најмалку четири лица загинаа во земјотресот на Филипините

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени кој го погоди островот Минданао во јужниот дел на...

Спорт11 час

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија12 часа

Почна наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Свет1 ден

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија1 ден

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ1 ден

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија1 ден

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Македонија1 ден

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија1 ден

(Видео) Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Македонија1 ден

Коце Трајановски нема да биде гонет за конкурсот за Водовод, застарело делото

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба...

Топ1 ден

Патнички воз удри во автомобил, жена со повреди заврши во болница

Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз...

Европа1 ден

Џонсон: Нема втор референдум за независност на Шкотска

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на...

Свет1 ден

Северна Кореја изведе нова нуклеарна проба

Северна Кореја ја инофмрира светската јавност за нов „важен тест“, направен на космодромот Сохе во земјата, пренесоа руските медиуми. „На...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева го злоупотребила буџетот на СЈО за роднини и пријатели

Катица Јанева , под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на...

Македонија2 дена

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Топ2 дена

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Досие