Свет
Форд најави намалување на капацитетите во Европа
Американскиот производител на автомобили Форд соопшти дека ќе ги намали своите капацитети и трошоци во Европа поради слабата побарувачка на пазарот
Американскиот производител на автомобили Форд соопшти дека ќе ги намали своите капацитети и трошоци во Европа поради слабата побарувачка на пазарот на автомобили.
Опаѓањето на побарувачката е забележано и покрај инвестицијата од 200 милиони евра во фабриката во Келн.
Портпаролот на Форд, Том Малком рече дека компанијата во овој момент не планира намалување на бројот на работните места, ниту отпуштања на работници.
„Намалувањето на капацитетите и трошоците, со цел да се осигураат нашите планови за во иднина се клучни активности за Форд во Европа, за да се одржи и понатаму во работа“, соопшти извршниот директор на европскиот дел на компанијата, Џон Феминг.
Тој рече дека компанијата ќе го разгледа и усвојувањето на нови мерки во следниот период, со цел производството да се прилагоди на потребите на пазарот, каде поради економската криза побарувачката опаѓа.
Новите мерки ќе значат дека во одредени фабрики на Форд во Европа, како што е онаа во Валенсија, ќе биде намален бројот на смени на вработените.
Форд во февруари соопшти дека продажбата на возила во јануари во Европа опаднала за 25 отсто, односно изнесувала вкупно 112 илјади возила.
Истиот месец забележан е раст на продажбата во Германија од 14 отсто, за што е заслужна програмата за помош на автомобилската индустрија што го усвои германската влада./крај/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.
Свет
Хамас: Израел ги враќа преговорите на почеток со измени на предлогот за прекин на огнот
Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека Израел практично го отфрлил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, откако на посредниците во преговорите им доставил амандмани на предлогот, со што преговорите се вратиле на самиот почеток.
Хамас соопшти дека ќе одржи консултации со палестинските фракции за да ја разгледа преговарачката стратегија, објави Ројтерс.
Индиректните разговори меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на заложниците се чини дека се заглавени без очигледен напредок, бидејќи Хамас рече дека нема намера да се откаже од предлогот веќе отфрлен од Израел.