Свет
Г8 – Невработеноста ќе расте
Невработеноста во сите земји членки на Г8 и на ОЕЦД, освен во Јапонија, до крајот на 2010 ќе се приближи до двоцифрена стапка
Невработеноста во сите земји членки на Г8 и на ОЕЦД, освен во Јапонија, до крајот на 2010 ќе се приближи до двоцифрена стапка.
Ова го предупреди групата седум најразвиени земји и Русија (Г8) на отворањето на Социјалниот самит на Г8 во Рим, посветен на „човечките последици“ на финансиската криза во недела во Рим.
Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) изрази стравување дека стапката на невработеност во нејзините 30 држави членки до крајот на 2010 година ќе се зголеми до 10 насто.
ОЕЦД наведе дека стапката на невработеност во јануари 2009 година достигна 6,9 насто, што е зголемување за еден процент во однос на истиот месец лани, што значи дека во зоната на оваа организација за една година без работа останале 7,2 милиони луѓе.
Министрите за социјални праша на седумте најразвиени земји на светот и на Русија во текот на тридневниот самит во Рим ќе разговараат за кризата, како и за начините на ублажување на нејзините социјални последици.
Самитот на Г8 веќе вообичаено е проследен со протести и демонстрации ширум светот. /крај/хр/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

