Контакт

Свет

Нов биланс – 250 загинати во земјотресот

Објавено пред

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ја погоди Италија се искачи на 250 лица, според податоците на Цивилната одбрана

dobivaj vesti na viber

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ја погоди Италија се искачи на 250 лица, според најновите податоците на Цивилната одбрана.

Претходно, болнички извори во најпогоденото гратче Аквила соопштија за 228 загинати.

Во земјотресот загинаа и најмалку пет македонски државјани, меѓу кои две деца.

Бројот на повредени е околу 1,000, а без покрив над главата се околу 17,000 лица.

Централна Италија во понеделникот ја погоди силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер, а во подрачјето до вторникот беа регистрирани уште најмалку 300 послаби потреси.

Најсилниот од нив беше регистриран во вторникот вечер со магнитуда меѓу 5,5 и 5,7 степени според Рихтер, а бил почувствуван и во Рим./крај/бгнес/афп/ег/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Зеленски: Подготвен сум за договор со САД за ретките метали

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев е подготвен да постигне договор со американскиот претседател Доналд Трамп за тоа Украина да ги снабдува САД со ретки метали во замена за финансиска поддршка во конфликтот против Русија.

dobivaj vesti na viber

Ако зборуваме за договор, ајде да направиме договор, ние сме за тоа, рече Зеленски во рзговор со Ројтерс.

Тој нагласи дека Украина треба да добие безбедносни гаранции од сојузниците како дел од секој договор.

Зеленски рече дека помалку од 20 отсто од минералните ресурси на Украина се под руска окупација, вклучително и околу половина од нејзините наоѓалишта.

„Треба да го запреме Путин и да го заштитиме она што го имаме, многу богатиот регион Днепар, централна Украина“, рече Зеленски.

Ретките земјени метали се важни за производство на магнети со високи перформанси, батерии за електрични мотори, како и електроника за широка потрошувачка, забележува агенцијата.

Зеленски рече дека Русија може да ги обезбеди овие ресурси на своите сојузници, имено Северна Кореја и Иран.

За време на интервјуто, Зеленски ја отвори картата на Украина на која се прикажани наоѓалиштата на овие метали, истакнувајќи дека Украина ги има најголемите европски резерви на титаниум, неопходни за воздухопловната и вселенската индустрија, како и ураниум, кој се користи за нуклеарна енергија и оружје.

Според таа карта, околу половина од наоѓалиштата се на руската страна на сегашните линии на фронтот, при што многу од наоѓалиштата на титаниум се наоѓаат на северозападот на земјата, далеку од борбите.

Украинскиот претседател нагласи дека Киев не предлага „подарок“ на ресурси, туку нуди „заемно корисно партнерство“.
Зеленски, исто така, рече дека Русија детално знае каде се клучните ресурси на Украина благодарение на геолошките истражувања од советската ера, кои беа префрлени во Москва кога Украина се отцепи од Советскиот Сојуз.

Тој изјави дека Киев и Вашингтон разговараат за складирање на американскиот течен нафтен гас (ТНГ) во складиштата во Украина.

Прикажи повеќе...

Свет

Mинистерот на Трамп: „Различноста е нашата сила“ е најглупавата фраза во воената историја

Објавено пред

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет го критикуваше акцентот на различноста во американската војска, обраќајќи му се на персоналот на Пентагон, ветувајќи построг пристап кон НАТО и дека некој ќе сноси одговорност за неуспешната војна во Авганистан.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека „нашата различност е нашата сила“ е најглупавата реченица во воената историја“, рече Хегсет пред публиката од неколку стотици луѓе во салата во Пентагон, додавајќи дека под негово водство „сите ќе бидат третирани праведно“.

Хегсет, воен ветеран и поранешен коментатор на Фокс њуз, брзо ги укина програмите на Пентагон за различност, еднаквост и инклузија (DEI), тврдејќи дека тие предизвикуваат поделби. Тој, исто така, стави крај на месечните празнувања, како што се месецот на историјата на црната боја или месецот на историјата на жените, издавајќи директива до американската војска дека „напорите да се поделат силите, да се стави една група пред друга, го растураат другарството и го  загрозуваат исполнувањето на задачите.

Целта на програмата ДЕИ беше да ги промовира можностите за жените, етничките малцинства и другите традиционално недоволно застапени групи. Програмите долго време беа нападнати од конзервативците, тврдејќи дека иницијативите фокусирани на раса или пол се инхерентно дискриминаторски и не даваат доволно тежина на заслугите на поединците.

„Нашата сила е нашата заедничка цел, без оглед на нашето потекло, без оглед на тоа како сме воспитани, без разлика на нашиот пол, без разлика на нашата раса“, рече Хегсет.

Министерот ги истакна неуспешната војна во Авганистан, руската инвазија на Украина и ненадејниот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, како настани кои ја нарушија перцепцијата за американската моќ во светот. Тој додаде дека тоа ги зголемува ризиците за глобалната стабилност.

„За жал, во текот на изминатите неколку години видовме настани кои создадоа впечаток, реалност или впечаток, но повеќе би рекол впечаток на американска слабост“, рече Хегсет. „Кога перцепцијата за американската моќ не е целосна, настанува хаос. Затоа имаме намера повторно да го воспоставиме тој (инструмент на) одвраќање“.

Тој вети дека некој ќе одговара за војната во Авганистан, која заврши драматично во 2021 година со хаотично повлекување по падот на владата во Кабул, поддржана од САД.

„Ќе го разгледаме она што се случи во Авганистан и ќе ги повикаме луѓето на одговорност, не за да гледаме во минатото, не за одмазда, туку за да разбереме што тргна наопаку и зошто никој не одговараше за тоа“, рече тој.

Хегсет посочи дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе се обиде повторно да воспостави глобално одвраќање со фокусирање на обезбедувањето на американската граница со Мексико. Тој исто така рече дека Пентагон „во најмала рака“ ќе ја помине ревизијата без никакви проблеми на крајот на четиригодишниот мандат на Трамп, кој завршува на почетокот на 2029 година. Тоа ќе биде во согласност со претходните цели на администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден, но и со барањето на Конгресот Пентагон да ја помине ревизијата до крајот на 2028 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Саркози една година ќе носи електронска алка на ногата

Објавено пред

Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, кој е осуден поради корупција и трговија со влијание, од денеска ќе носи електронска алка на ногата.

dobivaj vesti na viber

Касациониот суд во декември ја потврди пресудата за Саркози – тригодишна затворска казна. Две години затвор се суспендирани, а Саркози е осуден на носење на електронски мониторинг уред една година, наместо да оди во затвор.

Одлуката на судот значи дека Саркози ќе мора да носи електронска алка и оти три години нема право да с е кандидира за јавна функција.

Саркози по напуштањето на функцијата во 2012 година беше прогласен за виновен од понискиот суд за обид за поткуп на судија и тргување со влијание во замена за доверливи информации за истрагата за финансиите на неговата кампања во 2007 година. Судот утврди дека Саркози направил заговор да обезбеди работа во Монако за судија во замена за внатрешни информации за истрагата за наводите дека прифаќал незаконски плаќања од наследничката на Лореал, Лилијан Бетенкур. Судијата Гилберт Азибер, исто така, беше осуден за корупција и трговија со влијание.

Поранешниот француски претседател се соочува и со судење по обвиненијата за корупција и нелегално финансирање поврзани со наводното либиско финансирање на неговата претседателска кандидатура во 2007 година. Саркози негира дека е виновен. Доколку биде прогласен за виновен во тој случај, може да се соочи со казна затвор до 10 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Васил доби 3 години и 10 месеци затвор за претходното дело, соопштија од Апелација

Апелациониот суд во Скопје на нејавна седница ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов, за претходното кривично дело каде...

Македонија6 часа

Медиумите имаат право да објавуваат информации поврзани со јавни личности, особено ако тие се релевантни за јавноста, велат од АЗЛП за разрешената директорка на „Козле“

Директорката на Клиниката за белодрбони и респираторни заболувања кај децата „Козле“, д-р Каролина Симоновска, претходно испрати соопштение до медиумите со кое...

Македонија7 часа

Сите дојави за бомби, без исклучок, се лажни, тоа се очекувани хибридни напади, ќе има нови протоколи за МВР и за училиштата, вели Мицкоски

Полицијата и училиштата до крајот на денот ќе добијат нови насоки за постапување по дојави за бомби откога утрово многу...

Македонија8 часа

Филков: На сторителите што трет пат ќе се најдат на суд за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол ќе им биде одземена возачката дозвола

Министерството за правда смета дека постои сериозна потреба за понатамошно разгледување и анализа на постојната законска регулатива. Фокусирани сме на...

Македонија10 часа

Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси што се креирани...

Скопје11 часа

МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави

Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни...

Македонија11 часа

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој беше осуден на 12 години затвор,...

Македонија12 часа

Обвинение против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен...

Скопје12 часа

Нормализирана наставата во училиштата во Скопје по дојавите за бомби

По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и...

Регион13 часа

Вучиќ: Курти цело време има наполнетa пушка и сака да пука во Србите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека премиерот на Косово Албин Курти, секогаш има наполнета пушка и сака да пука...

Европа14 часа

Човекот што најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот...

Европа15 часа

Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин за завршување на војната, проблемот е што тој се плаши

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за политичките и...

Свет15 часа

Трамп воведува санкции за Меѓународниот кривичен суд

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го за „преземање незаконски...

Македонија1 ден

Северна Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, вели министерот на бугарското МНР

Шефот на бугарската дипломатија дециден дека секоја земја мора да ги почитува критериумите и да се придржува до нив. „Францускиот...

Економија1 ден

Неправилности со распишани тендери, службени возила и договори за вработени – ревизијата во Министерството за економија констатира низа прекршувања

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, информира за спроведената ревизија во Министерството за економија и труд, која констатирала низа неправилности,...

Македонија1 ден

Секој има право да поднесе иницијатива до Собранието, но разрешувањето на Судскиот совет е предвидено единствено со закон, вели Камбовски

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, претпладнево рече дека не е известен за инцијативата за разрешување на членовите на Судскиот...

Македонија1 ден

„Од ‘Соравија’ ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50-те милиони солидарен данок што треба да им се врати на компаниите

Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници, кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на...

Македонија1 ден

Мицкоски очекува по изгласувањето интерпелација, членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Граѓаните не се задоволни од начинот на кој функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште, кое изобилува со...

Топ1 ден

Загина 46-годишник од Струмичко: бил прегазен од камион

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач...

Македонија1 ден

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР: ОЈО со детали за измамата

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две...