Свет
ОН свика самит за економската криза

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ги повика лидерите на 192 членки на ОН на самит за економската криза
Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ги повика лидерите на 192 членки на ОН на самит за економската криза, што го закажа за во јуни во Њујорк.
Генералното собрание на ОН доцна синоќа ја усвои резолуцијата за одржување на конференција на високо ниво посветена на економската криза и нејзиното влијание, која ќе се одржи од 1-3 јуни.
Конференцијата ќе биде посветена на реформите и јакнење на меѓународниот финансиски систем.
Претседателот на Генералното собрание, никарагванецот Мигел Д’Еското Брокман изјави дека на овој самит ќе им биде овозможено на сите земји, а не само на лидерите на Г20, да учествуваат во потрага по решение за излез од најголемата економска криза по Втората светска војна. /крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Tрамп: Цел свет не’ краде

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја критикуваше актуелната трговска политика на САД, велејќи дека земјата е во загуба во глобалните трговски односи. На социјалната мрежа „Трут соушал“ тој напиша:
„САД немаат слободна трговија. Имаме глупава трговија. Целиот свет нè краде!!!“.
Трамп претходно изјави дека Европската Унија, која „е најнепријателскиот злоупотребувач на даноците и царините во светот и е создадена со единствена цел да ги искористува Соединетите Држави, штотуку воведе царина од 50 отсто за вискито“.
„Доколку овие тарифи не се укинат веднаш, САД наскоро ќе воведат царина од 200 отсто за сите вина, шампањ и алкохолни производи кои доаѓаат од Франција и други земји во ЕУ. Тоа ќе биде одлично за бизнисот со вино и шампањ во САД“, напиша тој на социјалната мрежа.
Европската комисија објави дека на 1 април ќе ја прекине сегашната суспензија на царините за американските производи и дека нејзините мерки целосно ќе стапат во сила до 13 април.
Свет
Лукашенко: Американците немаат план

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави во Москва, каде што дојде да го посети рускиот претседател Владимир Путин, дека Украина веројатно нема да се согласи на привремен прекин на огнот.
Украина веќе се согласи на прекин на огнот во преговорите со САД, но Лукашенко се сомнева во искреноста на нивните намери.
„Кога има прекин на огнот, сè оди тивко и нема движење. Украинците веројатно нема да се согласат на тоа“, им рече тој на новинарите.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави во Москва дека САД немаат план, мислејќи на прекинот на огнот предложен од Вашингтон.
„Можам со апсолутна сигурност да кажам дека Американците немаат план за конфликтот во Украина. Апсолутно не“, рече тој.
„Тоа што го прават… тестираат. Што сака оваа страна? Што сака другата страна? Ќе разговараме за тоа денеска. Владимир ќе ми каже“, додаде Лукашенко.
Во вторникот во саудискиот град Џеда се одржаа разговори меѓу американската и украинската делегација. По средбата, двете страни издадоа заедничка изјава во која се вели дека Украина е подготвена да прифати 30-дневен прекин на огнот предложен од САД.
Свет
Скандал го тресе Брисел: корупција во Европскиот парламент

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица се уапсени на сослушување, наводно вмешани во корупција во Европскиот парламент.
Обвинителите соопштија дека во текот на операцијата биле извршени 21 претрес во Брисел, како и во Фландрија и Валонија, објави „Ројтерс“.
Иако имињата и позициите на лицата вклучени во случајот не беа откриени, обвинителите рекоа дека истрагата е фокусирана на корупција, фалсификување документи и употреба на лажни легитимации, за кои се верува дека се случувале редовно и многу дискретно од 2021 година до денес.
Овие акции наводно се случиле под изговор за комерцијално лобирање и вклучувале разни форми, како што се плаќања за преземање политички позиции или давање подароци, како што се оброци, патни трошоци или покани за фудбалски натпревари.
Обвинителството соопшти дека се запленети документи и предмети, а целта е да се истражи можна поврзаност со перење пари, според медиумот.