Свет
Над 50 % од активното население во светот работи „на црно“
Над половината од работоспособното население во светот или околу 1,8 милијарди луѓе работат „на црно“
Над половината од работоспособното население во светот или околу 1,8 милијарди луѓе работат „на црно“.
Досега никогаш не било достигнато толку високо ниво. Тоа може да ја зголеми сиромаштијата во земјите во развој, покажува истражување на Организацијата за економска соработка и развој.
Над 1,8 милијарди луѓе или повеќе од половината од активното население во светот, работат без договор и социјално осигурување. Нивниот број ќе се зголеми и ќе опфати две третини од активното население до 2020 година, покажува истражувањето.
„Во земјите во развој, каде не се исплаќаат средства за губење на работни места, оние луѓе кои заради финансиската криза го изгубиле своето работно место, се принудени да прифаќаат работа на црно, наведува Организацијата./крај/бгнес/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

