Свет
Локални валути во САД замена за доларот

Мал, но растечки број заедници во Соединетите Американски Држави (САД), во услови на актуелната економска криза, печатат сопствена валута
Мал, но растечки број заедници во Соединетите Американски Држави (САД), во услови на актуелната економска криза, печатат сопствена валута.
Станува збор за идеја позајмена од времето на Големата депресија од 30-те години на минатиот век, кога на ваков начин им се помагало на потрошувачите и на голем број на локални претпријатија
Ваквиот механизам работи на начин на кој бизнис секторот и потрошувачите се договараат да печатат сопствена валута со која, на купувачите им се овозможува да купуваат со одреден попуст, во оние продавници кои ја признаваат таа валута.
Работниците, чии плати беа намалени, со помош на локалните пари „детроит чирс“, „итака аурс“, „пленти“ или „беркшерс“ ги подмируваат секојдневните потреби.
Локалната валута обично се менува во однос 95 долари за 100 локални единици.
Според социолозите, локалната валута ги поттикнува граѓаните да купуваат во најблиските продавници, што им помага на истите да ја зголемат продажбата и да ја надминат кризата. /крај/ихр/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нетанјаху наскоро пристигнува во Унгарија, Орбан вети дека нема да биде приведен

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху официјално ќе ја посети Унгарија во следните неколку недели, изјави денеска шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан и покрај меѓународната потерница за апсење на израелскиот лидер, пренесува Ројтерс.
Орбан го покани Нетанјаху да ја посети Унгарија минатиот ноември, велејќи дека ќе гарантира оти налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд за наводните израелски воени злосторства во Газа нема да се почитува.
„Според сегашните планови, тој ќе пристигне пред Велигден. Откако ќе се потврди датумот на посетата, секако ќе го објавиме, имајќи ги предвид исклучително важните безбедносни аспекти во овој случај“, рече Гергели Гуљас на прес-конференција.
Велигден оваа година се паѓа на 20 април.
Неколку други европски земји рекоа дека Нетанјаху ќе биде приведен доколку стапне на нивна почва.
Сите земји-членки на Европската унија, вклучително и Унгарија, се членки на МКС, што значи дека се обврзани да ги спроведуваат неговите наредби. Орбан често се судрира со ЕУ околу демократските стандарди и човековите права во Унгарија.
На 21 ноември 2024 година, МКС издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, како и водачот на Хамас, Ибрахим Ал-Масри, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во конфликтот во Газа.
Според израелските податоци, милитантите предводени од Хамас извршија прекуграничен напад врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, при што убиле 1.200 луѓе и земале 251 заложник. Нападот предизвика израелска офанзива на Појасот Газа во која загинаа повеќе од 48.000 Палестинци, според здравствените власти во Газа.
Борбите во Газа престанаа на 19 јануари како дел од првата фаза од прекинот на огнот. Хамас размени 33 израелски заложници и пет Тајланѓани за околу 2.000 палестински затвореници.
Свет
Путин: Ние сме за примирје, но многу прашања прво треба да бидат одговорени

Рускиот претседател, Владимир Путин, изрази подготвеност за примирје во Украина, но нагласи дека е неопходно да се решат клучните прашања пред неговото воспоставување.
Toj првин, му се заблагодари на претседателот на САД, Доналд Трамп за учеството во решавањето на конфликтот. Путин ја нагласи потребата од сеопфатен мировен договор што би обезбедил долгорочен мир.
„Се чини дека Украина ја донесе одлуката под американски притисок. Убеден сум дека Украина прифати затоа што Американците ги убедиле, имајќи ја предвид ситуацијата на теренот. Бев во Курск, ситуацијата е целосно под наша контрола. Групата што влезе во оваа област е опколена. Украинското воено раководство е елиминирано, изгубија таму. Потоа се обидуваа да избегаат во мали групи, но сè е под наша контрола. Оставија опрема. Во следните неколку дена ќе ја блокираме регијата, никој нема да може да замине. Ќе има само два начина за излез – смрт или предавање“, рече Путин.
Додаде дека за украинската страна би било добро да има 30 дена примирје, и Русија се согласува, но прашува што значи тоа за Курск.
„Дали тоа значи дека Украинците слободно ќе си заминат, дури и оние кои извршиле злосторства? Што ќе се случи на првата линија? Русија моментално е во офанзива на сите фронтови. Како ќе ги искористат тие 30 дена? За да продолжат со присилната мобилизација во Украина, да добиваат оружје и да тренираат единици? Како ќе се спроведува контролата, како може да ни биде гарантирано дека тоа нема да се случува? Кој ќе ги издава наредбите за прекин на огнот? Станува збор за 2000 километри – кој ќе одлучува кој и каде го прекршил примирјето? Ова се прашања што мораат детално да бидат разгледани од двете страни. Идејата како таква е добра, но мора да се дискутира. Мораме да разговараме со американските партнери, можеби да разговараме со претседателот Трамп. Но, поддржуваме решение на конфликтот со мирен пат,“ изјави Путин.
„Ги знаеме нашите интереси и цели, разговаравме со Трамп. Гледавме како Зеленски беше понижен во Белата куќа и насекаде. Сега мора да размислува за мир. Немаше ни збор за договор за минералите, а сега се согласуваат на тоа,“ додаде тој.
Според Путин, ако Русија и САД се договорат да соработуваат во областа на енергетиката, тогаш гасоводите кон Европа можат повторно да се активираат, и Европа ќе добие евтин гас.
Свет
Tрамп: Цел свет не’ краде

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја критикуваше актуелната трговска политика на САД, велејќи дека земјата е во загуба во глобалните трговски односи. На социјалната мрежа „Трут соушал“ тој напиша:
„САД немаат слободна трговија. Имаме глупава трговија. Целиот свет нè краде!!!“.
Трамп претходно изјави дека Европската Унија, која „е најнепријателскиот злоупотребувач на даноците и царините во светот и е создадена со единствена цел да ги искористува Соединетите Држави, штотуку воведе царина од 50 отсто за вискито“.
„Доколку овие тарифи не се укинат веднаш, САД наскоро ќе воведат царина од 200 отсто за сите вина, шампањ и алкохолни производи кои доаѓаат од Франција и други земји во ЕУ. Тоа ќе биде одлично за бизнисот со вино и шампањ во САД“, напиша тој на социјалната мрежа.
Европската комисија објави дека на 1 април ќе ја прекине сегашната суспензија на царините за американските производи и дека нејзините мерки целосно ќе стапат во сила до 13 април.