Контакт

Свет

Расте бројот на загинати во Италија, Наполитано ја посети Аквила

Објавено пред

Билансот на жртвите во катастрофалниот земјотрес што вo понеделникот ја погоди централна Италија се приближува до 300 луѓе, од кои најмалку 16

dobivaj vesti na viber

Билансот на жртвите во катастрофалниот земјотрес што вo понеделникот ја погоди централна Италија се приближува до 300 луѓе, од кои најмалку 16 се деца.

Италијанските медиуми јавуваат дека избледува надежта за пронаоѓање на уште преживеани под урнатините.

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано утрината ја посети Аквила, главниот град на областа Абруцо, која што е најтешко погодена од земјотресот.

Според најавите, за утрешниот ден, Велики петок за католичките верници, се подготвува групен државен погреб на жртвите од земјотресот. Прогласен е национален ден на жалост.

Според карабинерите, четири дена по катастрофалниот земјотрес, бројот на жртвите пораснал на 278 лица.

Од 20 до 30 луѓе се уште се водат за исчезнати, а 1.170 се повредени. Од нив 179 се во тешка состојба. Проценките говорат дека околу 28 илјади луѓе останале без своите домови.

Нови земјотреси се уште се чувствуваат во областа, а најсилниот бил регистриран рано утрината со јачина од 5,2 степени по Рихтеровата скала./крај/бе/амп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Синот го запалил татко си додека спиел, па се забарикадирал во станот: пукал кон полицајците од тераса во Хамбург

Објавено пред

Драматични сцени се случија во четвртокот вечерта во станбена зона во Хамбург. Според медиумите, германската полиција убила маж откако тој отворил оган врз нив. Тој е осомничен дека пред тоа го запалил татко му во станот.

dobivaj vesti na viber

Во четвртокот вечерта околу 11:35 часот жители на зграда во Хамбург повикале полиција поради маж кој се однесува невообичаено.

Истовремено била информирана и противпожарната единица која му пружила помош на таткото на напаѓачот поради тешки изгореници.

Како што пренесува „Билд“, постои сомневање дека синот го запалил татко си додека тој спиел. На несреќникот му била укажана помош на лице место, по што бил пренесен во болница.

Во меѓувреме синот се забарикадирал во станот. Кога полицијата се обидела да го уапси, тој вооружен се појавил на терасата и испукал неколку куршуми во правец на полицијата.

Патролите веднаш побарале поддршка, па пристигнале силите за специјални операции. Кога пристигнале на местото на настанот, мажот повторно отворил оган кон полицијата. Службениците за специјални операции пукале во мажот и го погодиле. Според полицијата, напаѓачот на лице место им подлегнал на повредите. Никој од полицајците не е повреден.

Засега не е познато што го навело синот да го запали татко му, ниту пак е позната состојбата на жртвата.

Полицијата продолжува со увидот.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) НАСА случајно објави аудио вежби на Јутјуб, луѓето мислеа дека астронаутот умира

Објавено пред

Во средата, НАСА случајно емитуваше симулација на криза на Меѓународната вселенска станица (ISS) откако астронаут страда од болест на декомпресија, што предизвика многу шпекулации на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Каналот на НАСА на Јутјуб емитуваше аудио во живо што укажува дека член на екипажот боледува од болест на декомпресија, објави НАСА на официјалниот профил на ISS на пларформата „Икс“.

На видеото се слуша женски глас кој бара од членовите на екипажот „да го вратат командантот во одело“, да му го проверат пулсот и да го снабдат со кислород. Подоцна вели дека командантот има мали шанси да преживее.

После тоа, корисниците на социјалните мрежи започнаа да шират вести за кризата на ISS.

„Овој звук, поради ненамерна грешка, беше пренасочен од тековната симулација во која членовите на екипажот и копнените тимови тренираат за различни сценарија во вселената. Тој не е поврзан со вистински итен случај“, објави ISS, додавајќи дека нема итни ситуации.

Болеста на декомпресија, која се јавува кога меурчиња од азот или друг гас се формираат во крвта поради промена на атмосферскиот притисок, може да влијае на централниот нервен систем и е потенцијално фатална.

Членовите на екипажот на ISS спиеле во моментот на емитување на симулацијата, објави ISS.

Прикажи повеќе...

Европа

НАТО воспоставува мисија која ќе и помогне и ќе ја оспособи Украина

Објавено пред

Министрите за одбрана на НАТО денеска ќе се сретнат во Брисел на вториот ден од разговорите за официјализирање на поддршката на трансатлантската алијанса за Украина.

dobivaj vesti na viber

Земјите на НАТО досега ја координираа поддршката за Украина преку неформалната Контакт група за одбрана на Украина, предводена од САД. Сега членките разговараат за начините за префрлање на оваа одговорност на формалните структури на НАТО.

Се очекува министрите да го одобрат планот за мисијата наречена „НАТО безбедносна помош и обука за Украина“ (НСАТУ), која веќе е одобрена на пониско ниво, изјавија за ДПА извори од Алијансата.

НСАТУ за првпат ќе ја надгледува официјалната координација на НАТО за воената помош за Украина. Покрај тоа, „ќе работиме на тоа како дополнително да ги зајакнеме нашите одбранбени способности“, изјави, за новинарите во четвртокот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Министрите ќе разговараат за новата посветеност на одбранбената индустрија за зголемување на военото производство и зајакнување на долгорочната соработка со индустријата“, рече генералниот секретар.

Денешните разговори се последна средба на министрите на НАТО пред лидерскиот самит што треба да се одржи во Вашингтон во јули. Таму, Столтенберг сака земјите од НАТО да се договорат за план за долгорочно одржување на сегашното ниво на поддршка за Украина, кое тој го проценува на 40 милијарди евра годишно. Товарот ќе биде поделен врз основа на БДП на земјите од НАТО, при што САД ќе придонесат со 50 отсто, рече Столтенберг во четвртокот.

Сегашниот договор на НСАТУ не вклучува никакви конкретни финансиски обврски, но предвидува заедничката помош барем да биде координирана од НАТО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Фото) Ослободено мече кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово во 7.35 часот на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица...

Топ1 час

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Вчера вечер, полицајците во Кратово уапсиле 36-годишна жена која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот,...

Македонија2 часа

ЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгоре куќа и четири помошни простории

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 122 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Европа2 часа

Украинска армија: Соборивме седум проектили и 17 руски беспилотни летала

Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во...

Свет2 часа

Израел ја бомбардираше Газа, тензиите растат и на границата со Либан

Војската на Израел денеска продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа без напредок во разговорите за прекин на огнот, заедно со...

Регион2 часа

Четиригодишно девојче се здобило со изгореници додека пливалo во море во Грција: откриено што ја каснало

Четиригодишно девојче се здобило со страшни изгореници додека пливало во морето во Грција, а откриено е дека ја изгорела морска...

Регион19 часа

Сахарски песок повторно доаѓа над Балканот: „Силно влијае на квалитетот на воздухот“

Според прогнозите на Службата за следење на атмосферата Коперник (CAMS), оваа недела се очекува нова епизода на сахарска прашина да...

Македонија19 часа

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“. Колони возила некое...

Македонија21 час

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...

Економија1 ден

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија1 ден

Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот...

Македонија1 ден

Левицата: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис-интересите

Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер...

Македонија1 ден

Пронајдено исчезнатото 19-годишно момче од Битола

Вчера, имаше потрага по исчезнато лице во општина Битола, соопшти ЦУК. Регионалниот ЦУК Битола информира дека лице на 19 години...

Македонија1 ден

Мечка нападнала стадо овци во Гостиварско

Вчера како што информира Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад...

Свет1 ден

(Видео) Солзавец и водни топови на протестите во Буенос Аирес: илјадници луѓе излегоа на улиците против реформите на владата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против реформите на владата. Протестите беа организирани недалеку од...

Свет1 ден

(Видео) Тепачка во италијанскиот парламент: пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на...

Свет1 ден

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Вчера имаше одрон во Австрија во кој загина момче. Како што јавуваат австриските медиуми, поради обилните дождови изминатиот ден во...

Топ2 дена

Скопјанец истепан од неколку лица пред кафеана во Аеродром, со убодни рани пренесен во болница

Вчера во СВР Скопје, 48-годишниот А.Л. од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром...

Македонија2 дена

Поради високите температури, МОН препорачува основните училишта да работат со скратени наставни часови

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Република Северна Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за...

Македонија2 дена

Мицкоски: Македонија во фуриозен стил ќе биде дел од европското семејство, ќе го откочиме патот

Мандатарот за состав на нова влада, Христијан Мицкоск, очекува Македонија фуриозно да влезе во Европската Унија. Одговарајќи на новинарско прашање...