Свет
Светска банка очекува пад на дознаките од странство
Дознаките од странство, кои се клучен извор на приходи за многу држави во развој годинава во просек ќе се намалат за 5 насто, по повеќе години силен
Дознаките од странство, кои се клучен извор на приходи за многу држави во развој годинава во просек ќе се намалат за 5 насто, по повеќе години силен растеж.
Ова го оцени челникот за развој на платните системи на Светска Банка Масимо Чирасино, додавајќи дека продлабочувањето на економската криза се заканува да ги турне земјите во развој во уште подлабока сиромаштија.
Светска банка минатиот месец прогнозираше дека дознаките од странство во светот годинава ќе се намалат за 5 до 8 насто.
Се проценува дека девизните дознаки од странство, кои се клучен извор на егзистенција на милиони луѓе во сиромашните држави, лани достигнале сума од 305 милијарди долари./крај/хи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Американската војска изврши нов напад врз брод во Тихиот Океан, едно лице загина
Американската војска изврши уште еден напад врз таканаречен „нископрофилен брод“ осомничен за шверц на дрога во источниот Тихи Океан, при што загина едно лице, потврди Јужната команда на САД (SOUTHCOM), објави CNN.
„На 22 декември, по наредба на секретарот за одбрана Пит Хегсет, Заедничката работна група Јужно копје спроведе смртоносен воен напад врз нископрофилен брод управуван од организации означени од САД како терористички во меѓународни води“, објави SOUTHCOM на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека во нападот не е повреден ниту еден член на американската војска.
On Dec. 22, at the direction of @SecWar Pete Hegseth, Joint Task Force Southern Spear conducted a lethal kinetic strike on a low-profile vessel operated by Designated Terrorist Organizations in international waters. Intelligence confirmed the low-profile vessel was transiting… pic.twitter.com/LGzEaQSTiR
— U.S. Southern Command (@Southcom) December 23, 2025
Нападот е дел од поширока кампања наречена „Операција Јужно Копје“, за која администрацијата на Трамп вели дека има за цел сузбивање на трговијата со дрога. Во операцијата загинаа најмалку 105 лица во напади врз сомнителни бродови. Само минатата недела, американската војска нападна два брода во источниот Пацифик, убивајќи пет лица.
Администрацијата ги означи убиените лица како „нелегални борци“, тврдејќи дека има овластување да извршува смртоносни напади без судски надзор врз основа на класифициран извештај на Министерството за правда.
Свет
Судот нареди враќање на депортираните Венецуелците од Ел Салвадор во САД
Американски судија пресуди дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп мора итно да организира враќање на околу 137 Венецуелци кои беа депортирани во Ел Салвадор и затворени во централноамериканската земја поради наводни врски со криминални банди, објави „Блумберг њуз“.
Мажите беа депортирани во затвор во Ел Салвадор во март според Законот за странски непријатели
Окружниот судија на САД, Џејмс Боасберг, пресуди дека нивното отстранување ги крши нивните права на правична постапка и дека тие имаат право да се вратат на суд за да ја оспорат нивната депортација.
Администрацијата на Трамп мора да поднесе план за да се овозможи нивно враќање во рок од две недели, пресуди судијата.
Свет
(Видео) Масовен прекин на струјата во Сан Франциско: роботските такси-возила предизвикаа сообраќаен хаос
Масовниот прекин на електричната енергија во Сан Франциско во текот на викендот доведе до застој на робот-такси возилата на Waymo, со што се запре работењето низ целиот град.
Електродистрибуцијата PG&E соопшти дека прекинот се случил во саботата попладне поради „значајна и широко распространета“ штета предизвикана од пожар во трафостаница. Повеќе од 100.000 корисници останале без електрична енергија.
Power went out in San Francisco yesterday, and all the self-driving Waymo cars didn't know what to do when the street lights went dark. 😁
Brought traffic to a halt in many intersections.
Looks like they need to re-read page 34 of the CA Driver's Manual! pic.twitter.com/pXNnijdB4l
— Brad Cooper (@mvhacking) December 21, 2025
Видеата објавени на социјалните медиуми ги прикажуваат робот-такси возилата на Waymo паркирани на средина од градските улици и раскрсници, додека сообраќајните метежи се зголемувале, а возачите се обидувале да ги избегнат запрените возила.
Waymo привремено ги прекина сите услуги во областа на Сан Франциско по прекинот на електричната енергија, но брзо ги продолжи со работа, потврди портпаролот на компанијата.
Waymo's self-driving cars were put on pause by the company on Saturday in San Francisco after the autonomous vehicles were baffled by the lack of traffic signals due to a widespread power outage in the city. https://t.co/t6NgkBCTe7 pic.twitter.com/cXoK0yuvTw
— ABC News (@ABC) December 21, 2025
Градските власти изјавија дека многу семафори биле исклучени за време на прекинот. Градоначалникот Даниел Лури испрати полиција, пожарникари и други агенции на местото на настанот за да помогнат во регулирањето на сообраќајот. Некои линии на приградската железница беа исто така прекинати поради проблеми со електричната енергија.
Waymo соопшти дека бил во постојан контакт со градските власти во текот на целиот инцидент.

