Свет
Шинаватра најави враќање ако се примени сила врз демонстрантите во Бангкок

Бившиот премиер на Тајланд во егзил Таксин Шинаватра, обраќајќи се на своите приврзаници, рече дека ќе се врати во земјата ако властите применат сила
Бившиот премиер на Тајланд во егзил Таксин Шинаватра, обраќајќи се на своите приврзаници, рече дека ќе се врати во земјата ако властите применат сила врз демонстрантите во Бангкок.
Во телефонско обраќање пред илјадници поддржувачи, кои се собрале пред зградата на Владата, Таксин изјави дека внимателно ја следи вонредната состојба, што треба да ги прекине демонстрациите.
„Внимателно ја следам ситуацијата и ако се појави некакво насилство, веднаш ќе се вратам во Тајланд. Нема да им дозволам на властите да применат сила“, рече Шинаватра.
Таксин и се заблагодари на војската што не употребува сила против движењето „Црвените кошули“ и ги повика да се приклучат кон неговата кампања за соборување на Владата. /крај/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори, додека 22 биле против.
Во текот на сослушувањето во Сенатот, Саливен ветил дека ќе заземе цврст став кон Русија, силно се спротиставил на повторното соединување на Крим со Русија и ја обвинил Москва за мешање во американските претседателски избори во 2016 година.
Саливен беше именуван за заменик-државен секретар во 2017 година. Од 1 до 26 април 2018 година беше вршител на должност државен секретар, по оставката на Рекс Тилерсон.
Свет
Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште не е утврдено кои се нарачателите. Меѓу уапсените има ветерани од петгодишната војна со проруските сепаратисти во источна Украина.
Павел Шеремет, роден во Белорусија, беше убиен со подметната експлозивна направа под неговиот автомобил во центарот на Киев на 20 јули 2016 година. Тој важеше за прозападен новинар и гласен критичар на руските, белоруските и украинските власти.
Познат по својата независност, Шеремет работеше за влијателниот украински интернет портал „Украинска правда“ и имаше утринска емисија на радио „Киев“.
Украинскиот претседател, Володомир Зеленски, рече дека иако уапсените се осомничени дека го извршиле убиството, сè уште не се знае кои се нарачателите.

(Фото: ЕПА)
Министерот за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков, рече дека истрагата дала сензационални и шокантни резултати.
„Јавноста мора да ја разбере разликата меѓу патриотизмот и велепредавството“, рече Аваков.
Заменик-шефот на националната полиција, Јехвен Ковал, рече дека осомничените имале намера да ја дестабилизираат социјалната и политичката ситуација во Украина преку убиството на познатиот новинар.
Еден од осомничените, Андри Антоненко, објави на „Фејсбук“ дека е уапсен. Антоненко, рок-музичар, бил во специјалните сили во текот на борбите на истокот на Украина. Меѓу уапсените е и Јулија Кузменко, докторка која волонтирала да ѝ помогне на војската на истокот и Јана Дугар, која се борела во судирите.
Европа
Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска држава кои се од белгиска националност.
Децата, на возраст од седум месеци до седум години, треба да бидат доведени во Белгија во рок од шест недели. Тие во моментов се наоѓаат во бегалскиот камп Ал-Хол во североисточна Сирија, кој е под контрола на Курдите.
Според решението на Судот, ако владата не даде конзуларна помош и документи за децата тогаш ќе биде казнета со 5.000 евра по дете.
Белгискиот министер за правда, Коен Гинс, изјави дека Владата е подготвена да ги земе децата сè додека не мора да ги врати во Белгија и нивните мајки.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми