Свет
Обновата на Италија по земјотресот ќе чини 12 млрд. евра
Обновата на централната италијанска област Абруцо, која што минатата недела беше погодена од катастрофален земјотрес, ќе чини 12 милијарди евра
Обновата на централната италијанска област Абруцо, која што минатата недела беше погодена од катастрофален земјотрес, ќе чини 12 милијарди евра.
Ова денеска го соопшти италијанскиот министер за внатрешни работи Роберто Марони. Првичните проценки на штетите од земјотресот, што на 6. април ја погоди областа, се движеа од 2. до 3. милијарди евра.
Најмалку 294 луѓе загинаа во земјотресот, а 40 илјади жители на областа останаа без покрив над главата. Земјотресот оштети и десеттина историски градби.
„Дванаесет милијарди евра е сумата која што мораме да ја најдеме за обнова на Абруцо“, изјави Марони за италијанската телевизија.
Катастрофата ја погоди Италија среде најтешката рецесија низ која што минува државата по Втората Светска Војна./крај/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

